Нема да се пласираме марин докузовски врска нема од селктор и тренер.
КОШАРКАРСКИОТ СЕЛЕКТОР МАРИН ДОКУЗОВСКИ НАЈАВИ
Чековски се враќа во репрезентацијата
Во стручниот штаб, на Докузовски ќе му помагаат Марјан Лазовски и Марјан Србиновски, а во кошаркарскиот тим ќе биде вклучен и некој од младинската репрезентација
Ѓорѓи Чековски ќе биде вратен во македонскиот национален тим, најавува новиот селектор Марин Докузовски кој му е тренер на крилниот центар во Работнички. Според него, Чековски и' е потребен на репрезентацијата и смета на него во битката за пласман на ЕП 2011 во Литванија. Чековски не играше за Македонија во времето додека селекторуваше Јовица Арсиќ. Крилниот центар сезонава игра во добра форма, засега е најкорисен играч во македонското првенство и тоа е доволно за да биде повикан назад во репрезентацијата.
- Ќе го вратам Чековски, тоа е сигурно. Мислам дека ќе ни биде потребен од секоја гледна точка, не само поради квалитетот. Во работата со репрезентацијата ќе биде вклучен и некој од младинските репрезентативци кои играа на ЕП од Б дивизија во Скопје. Има време за анализи, можеби во меѓувреме ќе излезе уште некој потенцијален репрезентативец - смета Докузовски.
На Докузовски ќе му помагаат Марјан Лазовски и Марјан Србиноски, но и со тоа стручниот штаб не е комплетиран. - Помошници сигурно ќе ми бидат Србиноски и Лазовски, без да потенцирам кој е прв, а кој втор, за мене тоа не постои, двајцата се исти, и ќе си имаат свои задолженија. Ќе имаме и кондициски тренер, со ова стручниот штаб не е комплетиран - вели Докузовски.
Докузовски во клупата на македонскиот национален тим го наследува Србинот Јовица Арсиќ со кого „црвено-жолтите“ се пласираа на ЕП и таму го освоија 9. место што е наш најголем успех.
- Со Арсиќ имам сосема коректен однос, си разменуваме мислења. И тој додека беше селектор често разговаравме, и во иднина ќе соработуваме. Сепак тој бил со играчите, знае некои работи кои можат да ми користат. Сето тоа е во интерес на македонската кошарка. Совети ќе прифатам од секого ако тоа во полза на тимот, отворен сум за соработка - најавува Докузовски.
Нападот беше посилното оружје на македонската репрезентација, а Докузовски е познат како тренер кој инсистира на цврста одбрана како предуслов за добар резултат.
- Мислам дека ќе успеам да ја наметнам својата филозофија, бидејќи индивидуално ги знам играчите, од тоа не се плашам. Тие ги знаат моите методи на работа. Проблем може да биде психолошкиот момент, многу рано ќе почнеме со подготовки, само две недели по завршувањето на сезоната во лигите. Сепак, сите знаат што ги чека, нема ништо ново, не гледам причини да има проблем, смета новиот селектор.
Најголемиот товар го понесоа кошаркарите кои настапуваат во странски клубови, така би требало да биде и во иднина.
- Ја следам формата на сите интернационалци, во контакт сум со нив. Во моментов најголем проблем е Владо Илиевски кој ја обнови повредата. Очекувам дека ќе заздрави и во јули ќе во имам на располагање. Тој е многу важен бидејќи веќе го немаме Врбица Стефанов. Од странците никого се исклучувам, сите се во опција. Како ќе одминува времето списокот ќе се намалува. Со Мејси проблемот е што не игра, но и покрај тој хендикеп ќе сметам и на него. Вашингтон е во форма, но неговиот Галатасарај нема добри резултати. Плус ќе биде ако Колариќ и Мицов добијат македонски пасоши бидејќи тие нема да играат како натурализирани, туку како останатите домашни кои се родени во Македонија - завршува Докузовски.
Македонија во првиот барабан за ЕП 2011
Македонија ќе биде прв носител при ждрепката за квалификациите за кошаркарското ЕП 2011 година, ако при одредувањето на носителите се гледаат резултатите од Европското првенство. Од ФИБА Европа се' уште не ја објавија листата на носители за извлекувањето кое ќе се случи во средината на јануари, но познато е дека ќе има три групи по пет тима. На завршницата директно одат двете првопласирани од сите три групи.
Македонија на последното ЕП беше на 9 место, и според пласманот од тоа првенство во првиот барабан би требало да бидат уште и Полска и В. Британија. Во квалификациите за ЕП 2011 во Литванија треба да играат Македонија, Полска, В. Британија, Израел, Бугарија, Летонија, Белгија, БиХ, Финска, Италија, Португалија, Унгарија, Украина, Црна Гора и Грузија.
ГРЕФ ОД ТРЕНЕР
кој чековски бре ало врска нема тој ако чинеше не го враќаа тука да игра па и помошниците кој од кој му се а и добра одбрана ќе игарал и ќе наметнел филозофија на кој бре на илиевски или на антич ќе му кажиш да излези или да не игра или нешто слично абе греф ништо нема да ме изнедади ако антич го натепа овај селектор ако нешто му преречи
е сега доброто е тоа што ако дојдат овие двајцата малку ќе се зголеми конкуренцијата и тоа што ако бидеме како носители на групата