Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
абе оргинал фудбалски дрес од репрезентацијата од каде да купам.шое воа кај нас.нема од каде дрес да си купиш.срамота!!!
 
Пума официјално никаде не продава оригинални дресеви од нашата репрезентација. Иако пред година-дена мислам дека во трговски центар некаде видов дрес од Пандев.
 
Ај јас не сум од Скопје и не го знам баш... ама кога бев во СК во имаше една продавница за фудбал кај железничката веднаш до НЕОТЕЛ или како се вика таа зградата. :)
 
Тоа е Фан-шопот али не знам колку се оригинални дресовите :) (т.е. тие од странски клубови сигурно не се оригинал, а за овие нашиве не знам)
 
Срамота еј, да немаш каде да купиш дрес од репрезентација...што останува за другото. СРАМОТА!
 
Тоа е Фан-шопот али не знам колку се оригинални дресовите :) (т.е. тие од странски клубови сигурно не се оригинал, а за овие нашиве не знам)
Нема оригинал дресеви од Македонија, нема никаде, кај и да побараш, PUMA има договор само за снабдување на нашите репрезентации со дресеви, не и за малопродажба.
 
Горан Попов потпиша 5 годишен договор со Динамо Киев. Уште еден наш репрезентативец можеби ќе го гледаме во ЛШ :)
 
Абе што се случи со Драган Ѓоргиев потпиша ли со Мајнц или поради проблемите на Турново со ФФМ пропадна овој трансфер?
 
Навистина Ока Николов има само Германско државјанство?? и затоа неможе да наступа за нашата репрезентација...ако е точно..ќе може ли да потврдите со докази т.е некои линкови...
 
Ока Николов одамна не го викаат, бидејќи има изјава дека ќе брани само ако е прв голман
 
Ока Николов одамна не го викаат, бидејќи има изјава дека ќе брани само ако е прв голман

Во Германија неможеш да имаш двојно државјанство, Ока Николов има германско државјанство, таму живее и како што знам поради тоа не игра за Македонија.
 
Од последните 2 натпревара (кои не се вброени во ранг листата за Мај месец) имаме:
Азербејџан: 273 поени
Романија: 516 поени
... но овие поени не одат право во ранг листата, незнам како се дотеруваат, ако некој знае нека каже.

А како ги израчуна овие поени? :)
 
Па според ова што читам мене ми изгледа дека нас ќе ни падне рејтингот од овие два натпревара... Ќе изгубиме многу поени ради мечот со Азербејџан а ќе добиеме многу малку за тој со Романија :/ глупости... Али незнам колку точно ги сфатив тие калкулации, може да сум грешка, у секој случај ФИФА рангирањето често е многу нелогично и безвезе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom