Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ока има Германско државјанство и пасош и затоа неможе да игра за Македонија, треба да се откаже за да добие Македонско.Во Германија неможе да се има 2 државјанства( или си Германец или нешто друго) па затоа тој тогаш само на пријателски беше земен, така да заборавете на него а и онака е во години човекот.
Е што измислуваш прикаски, нема врска информацијава, смееш без проблем да имаш и Германско и Македонско државјанство, нема таква забрана дека ако имаш германско мора да се откажеш од другото.

--- надополнето ---

Се си мислам дека Николовски нема да добива голема шанса да брани во иднина.
И јас имам таков впечаток, откако дојде Јонуз на функција, Николовски само на првите два натпревара бранеше и од тогаш го тргнаа... Сеа као па го повикаа за овие пријателските натпревари што беа ама пак Пачовски и Нурединовски мислам дека како подобри ги гледа и третира..
 
Е што измислуваш прикаски, нема врска информацијава, смееш без проблем да имаш и Германско и Македонско државјанство, нема таква забрана дека ако имаш германско мора да се откажеш од другото.
E ајде кажи како е ако јас измислувам?
Инаку ова го кажувам од сигурни извори е сега ако ме излагале тоа е друго.

Струмикс напиша:
Германија НЕ ДОЗВОЛУВА двојно државјанство!
Тука лежи зајакот.
Ако имаш македонско, а сакаш да добиеш германско, од македонското мораш да се откажеш.

епа тоа и јас велам затоа што Ока е роден во: Oka Nikolov (Macedonian: Ока Николов); born 25 May 1974 in Erbach im Odenwald) има Германско а не Македонско државјанство, кратко и јасно.
 
Германија НЕ ДОЗВОЛУВА двојно државјанство!
Тука лежи зајакот.
Ако имаш македонско, а сакаш да добиеш германско, од македонското мораш да се откажеш.
 
ока во тимот се води како германец. ако бранеше за македонија ќе се водеше како македонец, а занете дека порано, па можи и сега незнам имаше ограничување на бројот на играчи надвор од еу! а ока има двојно државјанство...
 
Ока Николов
Тодоровски - Митрески - Новески - Попов
Георгиевски
Деспотовски - Ѓуровски
Пандев
Наумовски - Тричковски

Искрено јас би го вратил Ока Николов, Пача и Един ептен неискусни и лесно прават грешки. Ока веќе со години брани на највисоко ниво во Бундес лигата, иако веќе е на залезот.
А во репрезентацијата уште треба да се повикаат Владе Лазаревски, Роберт Попов, Грнчаров, Шиков (одбрана) Шумоликовски, Гроздановски, Савиќ, Агим Ибраими, Дарко Тасевски (среден ред) Ристиќ и Бесард Ибраими(напад - моментално).

Филип Ивановски веќе дооолго време нема одиграно натпревар. Често го гледам на кеј од ѓорче до жабар, вчера последен пат како трча - значи моментално нема екипа, изгледа не стои добро со клубот. Дотолку најде квалитетна екипа, сигурно го враќаме место Ристиќ.
Дарко Тасевски сакаше трансфер надвор од Бугарија и сеа само го уништуваат таму, а згора на тоа и се повреди. Ако не напраи трансфер летово, ќе пропадне.
Горан Мазнов е дрво, не ни треба.
Ацо Стојков, уште поголемо... веројатно играше поради Пандев.

Фиќо од пред некој ден не е повеќе член на Полонија, го раскина договорот. Не беше во најдобри односи со тренерот, затоа и ја напушти Полонија. Да се надеваме дека ќе најде добар клуб (иако со менаџерите на нашите играчи...тешко), зошто стварно е топ напаѓач во споредба со некои кои уште ги викаат за репрезентација. Нема потреба да им спомињам имиња, знаеме ваљда сите кои се тие.

Иначе Тасевски е подолго време повреден и затоа го нема во репрезентација. Имаше незгодна повреда на коленото ми се чини, паузираше долго време, па се врати пред крај на сезона и пак се повреди :/ Да се надеваме дека брзо ќе се врати на терен.
 
E ајде кажи како е ако јас измислувам?
Инаку ова го кажувам од сигурни извори е сега ако ме излагале тоа е друго.
Па у самиот пост што го цитираше ти пишав како е. Барем јас тука (во Германија) имам другарка од Босна што се омажи тука и сега ги има и двете државјанства, и Босанско и Германско. А искрено не верувам за Македонија да има некои посебни услови и да биде третирана од Босна и Херцеговина... Така да очигледно има начин да го задржиш и другото државјанство покрај Германското.
 
ока во тимот се води како германец. ако бранеше за македонија ќе се водеше како македонец, а занете дека порано, па можи и сега незнам имаше ограничување на бројот на играчи надвор од еу! а ока има двојно државјанство...
Е што измислуваш прикаски, нема врска информацијава, смееш без проблем да имаш и Германско и Македонско државјанство, нема таква забрана дека ако имаш германско мора да се откажеш од другото.
Во Германија не може да се има двојно државјанство, како и уште во неколку земји од ЕУ. Ока Николов не сакал да се откаже од германското државјанство па затоа не може да има македонско. Исто така и на Николче Новески му нуделе германско државјанство но тој не сакал да се откаже од македонското. Илчо Наумовски се има откажано од австриското државјанство за да игра за Македонија...
 
Ока не игра поради што бараЛ да биде прв голман во репрезентацијата со гаранција. Се преценил малку. Сега не ни треба.

Иначе како сте задоволни од Јонуз?
 
Ока не игра поради што бараЛ да биде прв голман во репрезентацијата со гаранција. Се преценил малку. Сега не ни треба.

Иначе како сте задоволни од Јонуз?


Добро почна но ќе видиме иако не имаше големи критики кога го нагласија него за тренер.
 
Јонуз се спореди со Мурињо бе :pos:
Добар е засега Јонуз пу пу да не го урочам со ваква репрезентација добро е и ова...

Иначе никој не пишал дека Младата репрезентација изиграла 1-1 со БиХ.... Ние сме играле без ниеден играч од странство....
 
Ока не игра поради што бараЛ да биде прв голман во репрезентацијата со гаранција. Се преценил малку. Сега не ни треба.

Иначе како сте задоволни од Јонуз?

засега е ок. инаку јас бев еден од оние кои беше ЗА да се донеси јонуз, но подетално ќе анализирам кога ќе поминат првите 4 кола од квалификационата група.
инаку имам една замерка, поправете ме ако грешам, но сега се термини за играње на пријателски утакмици, многу лесно се наоѓаат и екстра квалитетни репрезентации, а ние игравме со азербејџан (немораше за нив до австрија да ојме, можевме одве со ренова да изиграме) и со романија б. не дека оспорувам победа или така нешто, но дали јонуз виде што стварно му требаше да види и дали соодветно ги оцени квалитетите на новите репрезентативци на овие пријателски и дали само 2 пријателски се доволни во овој момент, а можевме да изиграме комотно 4 и то со појаки репрезентации и да се проверат поголем број на играчи...
 
Горан Попов продаден на Шахтјор!?
*Левиот бек во текот на неделава ќе го комплетира трансферот а Хееренвен добива 4.000.000 евра
Уште еден фудбалер од Македонија заминува во голем тим. Тоа е Горан Попов кој неделава ќе го комплетира трансферот во Украина и според нашите извори тоа ќе биде екипата на Шахтјор Доњецк. Првакот на оваа земја кој важи за еден од најдобрите источноевропски клубови веќе ја дал согласност за ангажманот на фудбалерот кој во изминатите две сезони го носеше дресот на Хеереенвен. Летово и беше за очекување дела левиотр бек ќе бара нова клубски предизвик со оглед на тоа дека ја надмина средината во која имаше успеси и достигна зрелост за голем трансфер. Вкупна сума од 4.000.000 евра ќе платат украинците на Хееренвен за слободата на репрезентативецот на Македонија. Попов треба да биде засилување за екипата на тренерот Миорчеа Луческу за настапите во Лигата на шампионите. Струмичанецот денеска во попладневните часови ќе лета на лекарски преговори во Украина а во текот на наредните 48 часови тој треба да биде нов член на споменатиот клуб.
Фудбалерот и неговите менаџери не беа подготвени за коментари и напоменаа дека се ќе се знае многу брзо со оглед на тоа дека постојат "струи" кои се обидуваат да направат проблеми во текот на преговорите.
Според она штпо го дознаваме ин терес за Попов има од повеќе добри клубови. Посебно од Англија од каде во игра за неговиот потпис беа екипите на Њукасл и Бирмингем но и германските Борусија Д. и Волфсбург. Украинците се во предност поради тоа што за нив не претставуват проблем споменатрите 4.000.000 евра кои треба да се платат веднаш на сметката на Хееренвен.
Во минатото Попов го носеше дресовите на АЕК, Егалео (Грција) и Ц. Звезда (Србија) а потекнува од Беласица.
 
Хммм па не е лошо ама лично се надевав на некој тим од Премиер или Бундес лигата...
 
Хммм па не е лошо ама лично се надевав на некој тим од Премиер или Бундес лигата...

Имаше шпекулации дека за него се заинтересирани: Фулам, Њукасл, ама еве ништо од тоа.
 
Имаше шпекулации дека за него се заинтересирани: Фулам, Њукасл, ама еве ништо од тоа.
Изгледа најзаинтересирани за него се Динамо Киев и Шахтјор... и двата тима се далеку подобри од Фулам и Њукасл, а веројатно ќе му понудат и далеку подобра плата. Иако нема да игра во Премиер лигата, ќе игра во Лигата на Шампиони.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom