Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Горан Попов потпиша за Динамо Киев......... 70ка месечно
 
Многу ми е мило за Попов, кај и да отиде, Динамо или Шахтјор нема да погреши... Очекувам многу и од Стефан Ристовски и со тоа ќе имаме 2 квалитетни бека(ако ништо друго хахах)
 
Денес прочитав дека некој (по потекло) наш играш - Јован Кировски што игра за Лос Анџелес Галакси бил избран за играч на неделата во Американсата фудбалска лига.... Прв пат слушам за човеков, знае некој дали стварно го бива и дали има шанси (и дали би бил потребен пред се) за репрезентација да игра?
 
На почетокот на темата Млади Таленти Македонци..... мислам дека на почетокот беше, пишува се за него!
 
Денес прочитав дека некој (по потекло) наш играш - Јован Кировски што игра за Лос Анџелес Галакси бил избран за играч на неделата во Американсата фудбалска лига.... Прв пат слушам за човеков, знае некој дали стварно го бива и дали има шанси (и дали би бил потребен пред се) за репрезентација да игра?

Јован има настапувано и во Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, Кристал Палас... Кировски има 62 настапи за американската репрезентација што значи не може да игра за Македонија, па дури и да нема настап за нив, човекот има 34-5 години :)
 
Фала на инфото :)
 
Goran Popov - Dynamo!

_MG_3125.JPG

01(11).jpg
 
Браво за Попов, ќе си игра стандардно ЛШ.:)
Инаку колку години има?
 
25, на крајот на годината треба да наполни 26.
 
Мислев дека има повеќе бидејќи има настапувано во повеќе клубови, како и да е со среќа нека му е во Киев.:)
 
абе да не знае некој дали се продаваат некаде оригинал дресови од репрезентацијата???
 
Каде е Македонската Фудбалска Репрезентација пред Светското Првенство?

-Според ФИФА ранг листата Македонија е 61ва исти поени со Иран и сме паднале едно место во однос на минатиот месец. :toe: (тековната табела е од МАЈ)

-Во Европа сме 34ти над нас е Белгија, под нас Црна Гора.

-На Балканот репрезентациите одат вака:
01. Хрватска 1041
02. Грција 964
03. Србија 947
04. Словенија 860
05. Романија 853
06. Турција 830
-----------------
07. Бугарија 711
08. Босна и Херцеговина 604
09. Македонија 521
10. Црна Гора 500
11. Албанија 406
12. Молдова 378

Уште колку ли време ќе сме во долната половина на Балканот? :jaj:
Од поранешна Југославија уште малце и Црна Гора ќе не претекне. Незнам можеби на новата табела за Јули ќе се вбројат и новите 2 победи па ќе одиме понагоре, но не верувам дека ќе одиме над Босна и Херцеговина.

Од последните 2 натпревара (кои не се вброени во ранг листата за Мај месец) имаме:
Азербејџан: 273 поени
Романија: 516 поени
... но овие поени не одат право во ранг листата, незнам како се дотеруваат, ако некој знае нека каже.

п.с. Дали има играчи во МК да имаме добар тим некогаш?
 
Од кога Молдавија е дел од Балканот :)
Инаку за играчи имаме играчи, само што никогаш немаме среќа. Доколку таа не послужи не е битно на кое место ќе сме на FIFA ранг листата.
 
И шо фајде имаат ногометашиве од 1 место, коа не се на СП !?

Иначе сакав Попов да иде во некоја од јакиве лиги. Во Англија на пример ќе имаше 38 јаки утакмици во сезоната, овде ќе му бидат само 6 во ЛШ, и 2-3 дербија на Украина, другото послабо и од Херевен. Сепак нека му е со среќа!
 
Од кога Молдавија е дел од Балканот :)
Инаку за играчи имаме играчи, само што никогаш немаме среќа. Доколку таа не послужи не е битно на кое место ќе сме на FIFA ранг листата.

Од Романија кога е... тогаш и Молдова. :)
Ако сакаш извади ја Молдова, но и Романија... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom