Кошаркарски актуелности

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Симиќ во Вардар Осигурување 100%,значи Вардар ќе бидат доста јаки,Перо Блажевски,Дамјан Стојановски плус тие што си ги имаа од втора лига...
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Батлер се пресели во Клиперси

ЛА Клиперс се засилија со крилниот кошаркар Рашуал Батлер, кој го доведоа од Њу Орлеанс Хорнетс во замена за вториот пик на драфтот во 2016 година. Батлер минатата сезона имаше најпродуктивен учинок во својата седмогодишна НБА кариера со просек од 11.2 поени и 3.2 скока во 82 одиграни натпревари.

"Верувам дека тој е еден од оние двигатели кои ќе ни помогнат да станеме компетитивна екипа која ќе игра во плејофот", изјави генералниот менаџер и тренер на Клиперс, Мајк Данливи.

Со овој потег Хорнетс заштедија околу 3.9 милиони долари во желбата да го намалат плаќањето на данокот на луксуз. Батлер кариерата ја почна во Мајами Хит каде играше три сезони, за потоа четири години да настапува за Хорнетс.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Батлер се пресели во Клиперси

ЛА Клиперс се засилија со крилниот кошаркар Рашуал Батлер, кој го доведоа од Њу Орлеанс Хорнетс во замена за вториот пик на драфтот 2016 година. Батлер минатата сезона имаше најпродуктивен учинок во својата седмогодишна НБА кариера со просек од 11.2 поени и 3.2 скока во 82 одиграни натпревари.

"Верувам дека тој е еден од оние двигатели кои ќе ни помогнат да станеме компетитивна екипа која ќе игра во плејофот", изјави генералниот менаџер и тренер на Клиперс, Мајк Данливи.

Со овој потег Хорнетс заштедија околу 3.9 милиони долари во желбата да го намалат плаќањето на данокот на луксуз. Батлер кариерата ја почна во Мајами Хит каде играше три сезони, за потоа четири години да настапува за Хорнетс.
ОооУууу Мај Гад.:pos2:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Еве уште нешто..

Вафер втор НБА играч во Олимпијакос

Слободниот играч Вон Вафер потпиша двегодишен договор вреден 10 милиони долари со Олимпијакос.

Грчкиот тим оваа недела во својте редови го донесе и играчот на Денвер Линас Клеиза.

Договорот со Олимијакос му дозволува на Вафер да занине по една сезона помината во тимот но само доколку се врати во НБА лигата.

Вафер минатата сезона во редовите на Хјустон забележа просек од 9.7 поени по натпревар и 39% прецизност од линијата за три поени.
 
Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238

Од дека толко пари имат тии бе?:tapp:
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
440
Поени од реакции
93
Џабе им се толку пари.. Па ништо нема да направат.. Голем такво ако земале играч од НБА.Не се прави така тим.. Продади 12игрчи земи нови 12.. :tapp: Ме нервираат више мене..Панатинаикос пак се ќе им земат.. + добар тренер имаат

Давид Андерсен веќе потпишал ѕа Хјустон на 3години , 7,5$
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Симиќ во Вардар Осигурување 100%,значи Вардар ќе бидат доста јаки,Перо Блажевски,Дамјан Стојановски плус тие што си ги имаа од втора лига...
Перо е пола играч, 37 години плус повреди, нека се надеваат многу од него .
Симиќ има комплекс од Аеродром, а овие треба у Јане Сандански да тренираат, па ти види сеа . :wink:
Дамјан, без брат му е 1/5 играч .

Толку, и не знам дали ќе има лига воопшто оваа година .
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Перо е пола играч, 37 години плус повреди, нека се надеваат многу од него .
Симиќ има комплекс од Аеродром, а овие треба у Јане Сандански да тренираат, па ти види сеа . :wink:
Дамјан, без брат му е 1/5 играч .

Толку, и не знам дали ќе има лига воопшто оваа година .
Вардар ќе тренира во Борис Трајковски,така до сега стои ама не се зне ништо сеуште,можно е и утакмиците да ги играат у Кале малата...
Иначе за Перо нормално стар е,ќе се повредува ама сепак добро доаѓа неговото искуство,за Симиќ тоа паѓа у вода,а за Дамјан сосема си у право,по мене не е нешто играч и со и без брат му ама ќе видиме на Вардар колку ќе им се посреќи:)
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Вардар ќе тренира во Борис Трајковски,така до сега стои ама не се зне ништо сеуште,можно е и утакмиците да ги играат у Кале малата...
Иначе за Перо нормално стар е,ќе се повредува ама сепак добро доаѓа неговото искуство,за Симиќ тоа паѓа у вода,а за Дамјан сосема си у право,по мене не е нешто играч и со и без брат му ама ќе видиме на Вардар колку ќе им се посреќи:)
Прерачунај дали појше се исплати у БТ да тренираат, или кај нас .
Симиќ нема да дава 10 коша на утакмица, тоа со Аеродром е пола шала .

Руската екипа Урал Грејт најверојатно нема да постои наредната сезона затоа што нема пари да плати котизација (40000 евра), а камоли да ги закрпи долговите од 350 000 евра .
Во 2001 и 2002 беа шампиони на Русија, а подоцна беа при самиот врв на руската кошарка .
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Реал Мадрид тргнува по аргентинецот Карлос Делфино , а вечниот ривал Барселона по Еразем Лорбек од ЦСКА Москва .

Заедно со ПАО , Реал ми е најсериозен за освојување на ЕЛ, Олимпијакос прво треба да ги глеам за да оценам .
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Перо е пола играч, 37 години плус повреди, нека се надеваат многу од него .
Симиќ има комплекс од Аеродром, а овие треба у Јане Сандански да тренираат, па ти види сеа . :wink:
Дамјан, без брат му е 1/5 играч .

Толку, и не знам дали ќе има лига воопшто оваа година .

И јас мислам така... Работнички според тоа што гледам како си отидоа сите играчи, мислам дека нема да настапува веќе, МЗТ знам дека има големи финансиски проблеми (ама незнам дали ќе настапуваат), нашите Овче Поле и покрај најавите дека ќе се прави тим, по се изгледа ништо од тоа... така да којзнае што ќе биде од нашата Прва Лига :jaj:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Брезец во Филаделфија

Словенецот Примож Брезец од следната сезона ќе го носи дресот на Филаделфија, што ќе биде негов петти клуб во НБА кариерата. Триесетгодишниот Брезец во најсилната светска кошаркарска лига дебитираше во сезоната 2001/2002 играјќи за екипите на Индијана, Шарлот, Детроит и Торонто.

Минатата сезона Словенецот ја мина во Европа, настапувајќи за екипата на Лотомарика од Рим, а ова лето повторно замина на другата страна на Атлантикот. Филаделфија не ги објави деталите околу договорот.

Во својата НБА кариера во 321 одиграни натпревари, Брезец има просек од 7.6 поени и 4.1 скока по натпревар.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
И јас мислам така... Работнички според тоа што гледам како си отидоа сите играчи, мислам дека нема да настапува веќе, МЗТ знам дека има големи финансиски проблеми (ама незнам дали ќе настапуваат), нашите Овче Поле и покрај најавите дека ќе се прави тим, по се изгледа ништо од тоа... така да којзнае што ќе биде од нашата Прва Лига :jaj:
Значи тргни од клубот со најмногу трофеи у државата и ситуацијата со него па ќе видиш каква е состојбата со целиот баскет .Ако најсилниот клуб и шампион на држава има 5 играчи на 20 дена до крај на преоден рок тогаш нешто опасно чкрипи. КФМ има милијарда долгови и гледа како да се пререгистрира под друго име за да ги избегне тие долгови, па најверојатно нема да е веќе КФМ него МФК .

Вардар како да праи пак голем проект, ама се знае дека е за година-две максимум пошо нема да им е првпат.
Фени си има екипа, навидум се стабилни па они ми се за сеа први фаворити .
Плејмејкер треба да влезе у прва лига со добра основа и средства .

МЗТ, не зборам додека не биде готово .

У ситуација кога државата не може да помогне тогаш боље и да нема првенство .
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
И јас мислам така... Работнички според тоа што гледам како си отидоа сите играчи, мислам дека нема да настапува веќе, МЗТ знам дека има големи финансиски проблеми (ама незнам дали ќе настапуваат), нашите Овче Поле и покрај најавите дека ќе се прави тим, по се изгледа ништо од тоа... така да којзнае што ќе биде од нашата Прва Лига :jaj:
Ќе игра Работнички и во лига и во Библ:)
Не се секирајте,почекајте и ќе видите...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom