Зраво
Еве веќе неколку дена ја читам целава оваа секција за теретаните и вежбањето и се надевам дека ке ми помогнете со неколку совети.
Имам 23 години и имам меше кое не е големо ама се опуштило.
Никогаш не сум вежбал ниту сум тренирал нешто.
Имам висина 186 и тежина 75. Што значи дека сум слаб човек.

Почнав пред 3 дена да одам во теретана.
Почнав со кревање на тегови на рамна клупа коса клупа (не ги знам правилно термините) и останатите вежби кои ми ги посочија во теретаната.
Од почеток, првиот ден прво вежбав со шипката само на која се ставаат плочките пошто со поголема тежина не можев. Вториот ден почнав со 2,5 плочки + шипката нели.
Некои прокоментираа „женско повеќе може да дигне“
Знам дека може да звучи смешно ама ептен ептен сум почетник и не се разбирам многу во овие работи. Почнав да читам на интернет многу ама не наидов на нешто конкретно.
Што ми е прашањето?
Што ми препорачувате?
Колку да ставам на шипката?
Кои вежби да ги работам за почетник?
Интенцијата ми е да го намалам мешето и да се дефинирам. Се плашам да не претерам па да направам стрии или нешто лошо да си направам.
Во теретаната кажаа нешто на почетокот само и сега сум сам на себе.
Ај ке ве замолам да ми дадете совет-два.
Фала ви.