Помачи си ја главата малку па ќе ти реплициaм, кога ќе напишеш нешто достојно за реплицирање а не на памет зборење колку да ме демантираш. Последните 2-3 сезони изгубиле смисол.. смисол.. СМИСОЛ.. Каде и кога СП имале смисла? Вака само ми тролаш, пример јас гледав Симпсонс 2-3 сезони и баталив дека ми немаат пази ова: смисол. Ти гледаш СП колку да хејташ. И инстант клише за крај: ако не ти чини не гледај.
Не ме прашувај мене зошто уште гледаш, тоа нема смисол.
И после јас зборам на памет колку да те демантирам (а ова)??
Едноставно порано беа смешни, сеа се глупост до глупост, што повеќе треба да се објасни - очигледна е разликата од тоа што беа и што се сеа. Порано ускладени им беа шегите и вицовите, сеа само како нафрлани и едноставно без вкус е. Ете ти асална критика, за разлика од твојата во која само кажуваш „вие сте хејтери, затоа вака зборите“, жити аргументот.
Ја глеам СП за до хејтам, абе ајде, ме фати, браво на логиката, нема што многу си паметен.
Иам дома цела колекција official merchandise СП пошто порано бев луд по нив, ги гледам од пред 5-6 години и ги иам глеано сите епизоди по неколку пати. Ама едноставно последниве години разочаруваат, и што сеа, ако така мислам значи дека ги мразам и ги гледам за да ги хејтам? Нешто попаметно немаш да заклучуиш? Ако имаш аргумент да кажеш дека уште се исто толку интересни кажи, а не се брани само со тропање глупости дека „јас ги гледам за да ги хејтам и затоа така зборам“, па уште фраерот мене ми кажува да не тропам глупости и зборам на памет колку да го демантирам аууу нашол кој да зборува, а види он со какви аргументи се брани лолж
И еве ќе ти објаснам КОНКРЕТНО зашто сметам дека изгубија смисол (па ти после објасни ми асално зошто не сум во право и не само тропај дека јас измислувам пошто сум хејтер).
Порано сите настани и шеги се вртеа и базираа околу тоа дека они се мали деца и не разбираат многу ствари и затоа често запаѓаа во смешни ситуации поради недоразбирања: како таа епизодата со сексуално образование, или па кога ќе посвојат етиопиец, или кога ќе бараат како да му донесат ерекција на татко му на Кајл итн итн и затоа беа интересни, пошто имаа „логика“ како дошло до тоа недоразбирање и зошто они прават некои тотално смешни и незамисливи работи итн.
А што е со последниве епизоди?? Овие од Ајфон ќе го земат Кајл и уште двајца и со нив ќе го прават новиот Ајфон во кој тројцата ќе бидат споени уста со газ и ќе си серат во уста... Е ај кажи ми сеа на кој начин ова би требало да изгледа интересно или смешно. Нема, ова ти е ЧИСТА ГЛУПОСТ.
Или порано едноставно многу на повисоко ниво им беа вицовите, како тоа со христијански рок кога ќе прават, имаше некаква основа како дојде до таа идеја, зошто Картмен толку се обидуваше да направи успех, песните што ги пееше беа да се газиш од смеење, зошто останативе тројца се откажаа итн итн и се си беше компактно! А сеа, сите шеги и сцени се како нафрлани колку да склопат некоја целина... И воопшто вицовите не им се ништо јаки - како лани или преклани во последната епизода со тоа базенот, ај сеа Кајл да пливал во мочката, па да гњурел во неа, па да ја пиел (а баш он ја мрази) и се тоа поради некои безвезе причини (порано многу подобро ги поддржуваа тие постапки на децата), и на крај коа завршува Кајл вика „единственото нешто што го мразам повеќе од мочка е банана“ и доаѓа човек и им вика сеа сите морате да јадете банана - тоа ти е стварно „ефтина и проста шега“ и во старите сезони едноставно беа многу подобри вицовите а не волку сиромашни, и затоа објаснувам дека порано беа подобри а сеа им е паднат квалитетот. Па ете ме интересира баш сеа ТИ ОБЈАСНИ зошто не сум во право и како се уште исти, а не само да ме негираш со објаснување „вие сте хејтери само зборите лоши ствари за СП“