Фан Клуб: Пелистер

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
честитки за победата мило ми што пелистер финансиски се стабилизира и бележи постојан напредок. не сум фан ни на пелистер ни на вардар , мој клуб е балкан иако игра 18 лига , сега само објективно ја следам МФЛ и супер е што пелистер вака напредува затоа што квалитетен пелистер и многу потребен на фудбалот овде пред се заради традиција , и феноменалните навивачи. уште еднаш браво за пелистер и се надевам дека ке ве гледам во европа а следната сезона дуел со работнички за титулата.
а и панчев нека зема лекции од тони мицевски и митко стојковски за тоа како фудбалските легенди треба да работат за доброто на нивните матични клубови.

оф топик уште РК Пелистер да се врати на старите патеки ке биде топ
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
bravobravo super bese i jas sum navivac na pelister i go gledav natprevarot
 

lozar_kavadarci

ФЕНИ ШАМПИОНИ 2007/08
Член од
10 јануари 2008
Мислења
817
Поени од реакции
2
jas od kavadarci dojdov da navivam za pelister
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Е шо да прам јас сега ко не чини, да му забаам
Пишеше дека Вардар ќе се бунеле во УЕФА за случката со спорниот гол
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Фудбалот ја „запали“ Битола

Одамна не се случило на стадионот под Тумбе кафе да присуствуваат 9.000 гледачи
Миодраг Мицковиќ

Во Битола деновиве главна тема е фудбалот и нивниот миленик Пелистер. Сите разговори се посветени на победата против традиционалниот противник Вардар од Скопје, извојувана по десет посни години кога во далечната 1998 година битолчаните за последен пат се радувале на победата против црвено-црните.

Минатата недела стадионот под „Тумбе кафе“ беше исполнет до последното место, на трибините немаше место ниту игла да падне. Според една проценка имало околу 9.000 гледачи, или речиси секој десетти битолчанец беше дојден да го гледа Пелистер, да се израдува на неговата победа.

Овој меч и фудбалот практично ја „запали“ Битола, како во оние денови во поранешна Југославија кога Пелистер играше во Првата лига со Црвена звезда, Партизан, Динамо, Хајдук, кога исто така трибините беа полни како „око“.

Сите се едногласни, со доаѓањето на кормилото на клубот, легендите на битолскиот фудбал Митко Стојковски и Тони Мицевски, со ангажирањето на тренерот Неџат Хусеин, со силна управа, на чело со потпретседателот Гоце Силјановски, попознат по прекарот Монголот, инаку „алфа и омега“ на битолскиот тим, Пелистер почна полека, но сигурно, да го враќа рејтингот во македонскиот фудбал кој беше загубен во сезоната 2002/2003 година, кога по многу години успешни настапи во Македонската лига мораше да се пресели меѓу второлигашите. Беше тоа вистински шок за љубителите на фудбалот во Битола, за неговите навивачи, популарните „чкембари“.

Шок кој траеше цели три години, кога практично фудбалот беше заборавен во Битола, кога клубот го водеа фудбалски аналфабети, луѓе кои повеќе размислуваа за својата лична афирмација преку клубот отколку за успесите и повторното враќање меѓу прволигашите каде што му беше местото на Пелистер, сигурно еден од најдобрите клубови во Македонија.

Три години траеше голготата на Пелистер, три второлигашки години кои не само во Пелистер, туку и сите љубители на фудбалот во Битола сакаат да ги заборават.

Во меѓувреме, се спомнуваа поранешните успеси од сезоната 2000 година кога Пелистер играше во Интер тото купот, кога успеа да ги елиминира Хобшајн (Австрија) со 1:0 и 3:1, кога приреди вистинска сензација бидејќи во второто коло беше поуспешен од шведскиот прволигаш Фролунда од Гетеборг со 3:1 и 0:0 за да на крајот биде елиминирана од познатата шпанска екипа Селта Виго со 0:3 и 1:2.


Многумина се сеќаваа на тоа хорор патешествие од Скопје со авион до Виго, со најмен стар авион од Бугарија, на елисен погон, кога речиси цел ден патуваа за Виго и малку требаше да задоцнат на натпреварот бидејќи по пат мораа да слетуваат на Сицилија да полнат гориво, а механичарите да го поправаат авионот. И додека на стадионот во Виго ги очекуваа играчите на Пелистер, тие се соблекуваа во автобусот од аеродромот во Виго до стадионот и речиси од автобусот истрчаа на теренот бурно поздравени од гледачите кои дознаа за нивната одисеја по патот.

Се сеќаваа на победата во Купот на Македонија 2001 година кога во финалето ја победија Слога Југомагнат со 2:1 и потоа за првпат играа во Купот на УЕФА, но беа елиминирани на стартот од швајцарскиот претставник Сент Гален со 3:2 и 0:2.

Дали ќе се вратат тие убави фудбалски времиња за Пелистер кога играше во европските купови. Пелистер е сега на добар пат, по тие тригодишни второлигашки и сегашните две прволигашки години одново да се појави во Европа. Градот повторно живее за својот миленик, многуте фирми се интересираат и сакаат да го спонзорираат клубот, голем број блок влезници за цела сезона се откупени од битолските претпријатија. Со еден збор, во градот владее вистинска фудбалска еуфорија, празнична атмосфера.

„Со Тони Мицевски не размислуваме многу кога се вративме во Битола и во Пелистер да помогнеме иако имавме понуди од странство. Ми беше жал да го гледам Пелистер во Втората лига, клубот во кој се афирмирав и кој ми е во срцето“, ни раскажува Митко Стојковски, денес спортски директор на Пелистер, човек за кого сите во Битола велат дека заедно со Тони (технички директор) и популарниот Монгол (Гоце Сиљановски) го препородија клубот и тие се најзаслужни за последните успеси на Пелистер.

„Не беше лесно сите шрафови да се доведат во ред, почнаа поранешните играчи да се враќаат во клубот, дојдоа Ставревски, Здравевски, Димитровски, Пашоски, Стерјовски, Коруновски, Елмазовски, Пресилски. За годишнава сезона ангажиравме за првпат и двајца странци, Бразилците Миранда и Жуниор кои станаа миленици на гледачите. Да бидам искрен, кога во неделата на мечот со Вардар ги видов полните трибини, срцето како да сакаше да ми излета од градите од возбуда, ме потсети на оние времиња кога во дресот на Пелистер играв против Црвена звезда, Динамо, Партизан, Хајдук...

„Морам да кажам дека Пелистер има голема помош од градоначалникот Талевски, од сегашниот директор на РЕК „Битола“ и претседател на Советот на Општината Битола, Коњановски. Сега имаме помош од целиот град. Сигурно дека многу ни помага и претседателот на клубот, Јошко Крстевски, директор на Комуналното претпријатие кој е постојано со играчите. Сите сакаат да помогнат, во градот владее вистинска фудбалска атмосфера и тоа ме радува, тоа е добар знак дека сите во клубот добро работиме.

„Јас не паметам ваква фудбалска атмосфера во Битола како деновиве“, ни раскажуваше потпретседателот Гоце Сиљановски, човек задолжен за финансиите во клубот, кој е најзаслужен што многуте битолски и странски фирми сакаат да го спонзорираат клубот.

„За овие две години многу ни помогна фирмата „Литекс“ од Бугарија, која е сопственик на битолската шеќерана. Сакам јавно да се заблагодарам на луѓето од шеќераната, која кога ни беше најтешко финансиски не помагаше, не помага и денес. Сега склучивме договор за спонзорирање со битолската млекара „БИ Милк“ што навистина многу ме радува и што самите луѓе од млекарата, кои имаат нови газди се понудија да ни помогнат. Сега веќе почнавме да размислуваме за излез во Европа, не се срамиме тоа да го кажеме, иако пред почетокот на сезоната никој не не сметаше во група на клубови кои ќе се борат за висок пласман“, беа зборовите на Сиљаноски.

„Бев играч во Пелистер, бев и порано тренер, но сега е задоволство да се работи во клубот со ваква управа, со Тони Мицевски и Митко Стојковски“, ни раскажуваше Неџат Хусеин, еден од легендите на битолскиот фудбал кој е сега шеф на Стручниот штаб на Пелистер. Жал ми е што Вардар крена толку врева околу спорниот гол на Елмазовски, во Битола беше надигран и можеше да загуби со поголема разлика. Но, да го оставиме тој меч на страна, има уште да се игра, Пелистер ќе докаже дека е подобар тим од Вардар на крајот на првенството кога ќе се собираат сите освоени бодови. Јас само можам да кажам: им благодарам на играчите, им благодарам на Тони и Митко за сесрдната помош што ја даваат на клубот и на играчите, секојдневно се со нив. Пелистер не е веќе фудбалска провинција во Македонија како пред две-три години кога живуркаше во Втората лига. Пелистер е денес друг тим, гордоста на битолчани, ќе биде и гордоста на Македонија за година-две. Уверен сум во тоа. Со овие луѓе што сега го водат клубот, ништо не е недостижно“.

Пелистер ги имаше еден Наум Бутевски, Неџат Хусеин, Драган Канатларовски, Благоја Китановски, Петар Милошевски, Митко Стојковски, Тони Мицевски, за Пелистер играа и Саша Ќириќ и Саше Милошевски, тоа не треба да се заборави, тие беа и останаа легенди на битолскиот фудбал.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Пролетва сме најпосетени КАКО МИНАА ПРВИТЕ ПЕТ КОЛА ОД ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ВО МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО Битола му се врати на фудбалот * Работнички К. и Пелистер се единствените две екипи кои оваа пролет немаат пораз во шампионатот и водат на пролетната табела Битолчани му се вратија на фудбалот. Во првите пет кола токму Пелистер е најдобро посетената екипа низ терените ширум Македонија. Пролетва вкупно 14.400 гледачи го гледале Пелистер, а од нив дури 14.000 на домашен терен, пред с$ благодарение на мечот со Вардар кога присуствуваа дури 8.000 гледачи. И резултатите се на страната на Пелистер. Оваа екипа с$ уште нема пораз, и заедно со Работнички К. води на прволигашката пролетна табела. За Пелистер да води на табелата според посетеност голем удел има и неодиграниот меч на домашен терен на Шкендија против Победа, екипа која секогаш има верна публика. Тука треба да се додаде и мечот со Ренова, кој се одигра без гледачи. Тетовци сигурно ќе беа "рамо до рамо" со Пелистер кога станува збор за навивачите, но не и со игрите и бодовите. Екипата на Шкендија е тотално разочарување во пролетниот дел. Многуте звучни засилувања кои беа донесени во зимскиот преоден рок не помогнаа многу, па така овој тим од 4 одиграни меча има исто толку порази. Освоени се само три бода на зелена маса по оној неодигран меч против Победа кога прилепчани не можеа да допатуваат во Тетово поради финансиски проблеми. Работнички, новиот шампион на Македонија, и покрај онаа вкупна табела води и на пролетната. "Романтичарите" не знаат за пораз, имаат само едно "реми" против Македонија ЃП во првите пет пролетни кола. Титулата веќе им е освоена откако екипата на Милано со катастрофалната игра на гостински терен го загуби трофејот. Кога сме веќе кај кумановци тоа се најефикасен тим оваа пролет со вкупно 20 голови, 13 дадени и само 7 примени голови. "Лавовите" од Ѓорче исто така важат за едно од разочарувањата во оваа пролет. На пролетната табела овој тим е само со 4 освоени бодови и во долниот дел на табелата. Екипата оваа пролет е составена од млади фудбалери кои го понесоа товарот на Македонија ЃП во прволигашката конкуренција. Токму тоа е екипата која можеше да го "тресне" најдобриот тим Работнички К., но и среќата не беше на нивна страна. Башкими и покрај тоа што нема победа, со игрите пролетва покажа дека има квалитетен тим. Пелистер и Вардар се спасуваа во Куманово, со оглед дека тимот на Шабани беше многу блиску до освојување на трите бода од двата меча. Без победа е и екипата на Цементарница, која има освоено само два бода на самото дно на оваа табела сочинета од натпреварите одиграни во пролетниот дел од шампионатот. Силекс и Напредок стандард - на средината на табелата со форма - топло, ладно. И двата тима имаат по две победи, едно реми и два порази од петте меча пролетва. ПОСЕТЕНОСТ Дома Гости Вкупно 1. ШКЕНДИЈА ХБ 56.500 12.900 69.400 2. ПЕЛИСТЕР 31.300 15.200 46.500 3. МИЛАНО 16.300 25.100 41.400 4. РЕНОВА 17.800 18.500 36.300 5. РАБОТНИЧКИ К 9.300 26.800 36.100 6. ВАРДАР 8.500 27.200 35.700 7. НАПРЕДОК 19.500 12.200 31.700 8. БАШКИМИ 14.000 15.200 29.200 9. ПОБЕДА 13.400 14.200 27.600 10. СИЛЕКС 6.800 11.400 18.200 11. ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 4.600 11.100 15.700 12. МАКЕДОНИЈА ЃП 4.100 10.300 14.400
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
тепавме со цементара а вардар изгуби.Сега сме 3то место
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Bev na utakmicata i mozam da kazam deka domakinite ja imaa inicijativata,i imaa nekolku sansi,no i Pelister bese opasen preku kontri osobeno Blazevski i Miranda
miranda e ekstra igrac,imase i edna precka,otkako isvrli od igra dvajca domasni fudbaleri i plasirase no nemase sreka ja pogodi preckata
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Pobedivte no mnogu sreka imavte ako realno ja anlizirame utakmicata.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ја тепавме победа 4-0 :)
интересно беше и на трибините дојдоа 80 мајмуни и имаше солидни навиање
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Слушам Миранда бил некој талент...ке го биде ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom