СЕ ВЖЕШТУВА АТМОСФЕРАТА ВО ГРАДОТ НА КОНЗУЛИТЕ ПРЕД ГОЛЕМОТО ДЕРБИ МЕЃУ ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР
Десет години потоа...
*Пелистер нема победа над Вардар од 15.03.1998 кога во Битола славеше со 3:2. Во последните десет години "црвено-црните" имаат скор од 13 победи, две "ремија" и само еден пораз
Во недела големото дерби Пелистер-Вардар ќе добие уште една страница од историјата на македонскиот фудбал. С$ е подготвено за вечното дерби меѓу лутите ривали. Стадионот "Тумбе кафе", преполн и обоен во зелено, уште еднаш ќе биде сведок на голема возбудлива борба пмеѓу два големи наши клуба, кои ќе се борат не само за бодови туку и за престиж.
Иако во последните неколку години квалитетот на фудбалот во Македонија можеби опаѓа, а со тоа и трибините се попразни, сепак, дуелите меѓу Вардар и Пелистер секогаш буделе голем интерес кај битолските љубители на овој спорт, па затоа и со право се нарекува "вечно дерби на Македонија". Вардар е најголемиот, најтрофејниот фудбалски клуб во нашата земја против кој сите екипи го даваат максимумот и имаат посебна мотивација за надигрување и победа. Сепак, многу екипи, речиси повеќето не можат да се пофалат дека успеале целосно да ги надиграат и совладаат "црвено-црните". Таков е случајот со Пелистер, кој веќе десет години нема победа на првенствен меч во дуелите со нашиот најтрофеен клуб. Последен пат кога "зелените" славеле е на 15.03.1998 година во Битола со резултат 3:2. Судбината така сакаше, по точно десет години повторно на истиот стадион да играат Пелистер и Вардар. В недела, на 16 март 2008 година, се игра вечното дерби, а фудбалерите на битолскиот прволигаш имаат многу за наплата. Пелистер ќе мора да игра против традицијата, против проклетството кое трае една деценија. Почнувајќи од раководството, стручниот штаб, фудбалерите па с$ до навивачите на овој тим, сите посакуваат конечно да биде ставен крај на непобедливоста на Вардар. Сега е можноста, сега е моментот кога Пелистер треба да победи.
"Навистина не знам што да кажам. Мечевите со Вардар секогаш биле нешто посебно за нас, фудбалерите, за навивачите и секако за целата македонска фудбалска јавност. Навистина е интересно тоа што точно по десет години ќе играме против Вардар, и тоа во Битола. Се надевам дека ќе успееме да триумфираме и да ставиме крај на непобедливоста на нашиот најтрофеен клуб", вели директорот Митко Стојковски, кој додава дека фудбалерите на Пелистер мора да ја "скршат" психолошката бариера кога се во прашање дуелите со Вардар.
"Тешко е да се игра против овој тим, не само за нас туку и за останатите екипи. Мора да се подготвиме не само на физички и тактични план туку и на психолишки. Само една грешка ги решава ваквите мечеви. Фудбалерите на Пелистер имаат респект кон Вардар, но во никој случај не смее премногу да се почитува. Мора да се 'сруши' таа психолошка бариера. Јас им порачувам, нека истрчаат, нека одиграат како што знаат, нека има фудбал во кој навивачите ќе уживаат и сигурен сум дека резултатот кој го посакуваме ќе се оствари", додава Митко Стојковски.
За "вардарците", пак, е јасно дека во моментов Пелистер не е екипата од пред неколку години. Свесни дека и покрај извонредно поволната статистика ќе мора да го дадат единствено максимумот доколку се сака продолжување на победничката серија, "црвено-црните" патуваат под Тумбе кафе со желба својот квалитет уште еднаш да го потврдат исклучиво на зелениот дуел против својот најголем домашен ривал.
Е.Р. - В.Б.
Бајевски подготвен за големиот дуел
Напаѓачот Александар Бајевски дефинитивно ќе биде комплетно подготвен за неделниот дерби дуел под "Тумбе кафе". Засилувањето од зимскиот преоден рок вчера, на задоволство на стручниот штаб, се врати на тренинзите на својот тим.
"Сосема се надминати проблемите со повредата. Подготвен сум за дерби дуелот со Пелистер, кој се разбира секогаш е вистинското уживање за домашниот фудбал", вели Бајевски.
Дербито го немаше од 2003 до 2006
Три години Пелистер & недостасуваше на Првата македонска лига. Во сезоната 2002/2003, поточно една година отако се закити со титулата во националниот Куп, битолскиот тим не успеа да обезбеди опстанок во нашата најдобра лига. По три години, поточно во сезоната 2005/06 Пелистер повторно се враќа онаму каде што му е местото, во фудбалската "елита". Три години го немаше вечното дерби, кое секако му недостасуваше на македонскиот фудбал.
Меѓусебните дуели и резултати во првенството во последните десет години:
11.10.2007 Вардар - Пелистер 1:0
29.04.2007 Пелистер - Вардар 1:2
17.12.2006 Вардар - Пелистер 2:1
01.10.2006 Пелистер - Вардар 1:2
13.04.2003 Пелистер - Вардар 0:2
03.11.2002 Вардар - Пелистер 3:1
17.08.2002 Пелистер - Вардар 1:2
25.11.2001 Вардар - Пелистер 2:2
23.09.2001 Пелистер - Вардар 1:2
01.04.2001 Пелистер - Вардар 0:1
24.09.2000 Вардар - Пелистер 3:1
28.05.2000 Пелистер - Вардар 1:1
21.11.1999 Вардар Пелистер 3:2
30.04.1999 Вардар - Пелистер 2:1
03.10.1998 Пелистер - Вардар 1:2
15.03.1998 Пелистер - Вардар 3:2
Секогаш имало голови
Љубителите на фудбалот во Битола, но и оние кои биле на "Градски" кога Вардар бил домаќин, помеѓу овие два тима секогаш гледале отворена игра во која се треселе мрежите. На сите натпревари меѓу Пелистер и Вардар, без разлика дали играле во Битола или Скопје, секогаш имало барем по еден гол. Ниту една средба не завршила со резултат 0:0. Пелистер на три средби, од вкупно 16, не успеал да ја погоди мрежата на нивниот лут ривал. Напаѓачите на битолскиот прволигаш "затаиле" на 11.10.2007 (пораз од 1:0), потоа на 13.04. 2002003 (пораз од 0:2) и на 01.04.2001 (пораз од 0:1). Вардар секогаш постигнувал барем по еден гол.