БИТОЛЧАНИ СО ПРЕСВРТ ДО ПОБЕДА НАД ГОСТИТЕ ОД НИШ
Жуниор почна, Питошка заврши
ПЕЛИСТЕР - РАДНИЧКИ НИШ 4:2 (0:2)
Одиграно на "Билјанини Извори" во Охрид. Стрелци: Жуниор 53', 60', Спировски 70', Питошка 79' (за Пелистер)
ПЕЛИСТЕР: Пашовски, Елмазовски, Ставревски, Степановски, Мицевски, Тодоровски, Симоновски, Блажевски, Жуниор, Миранда, Главевски
Уште играа: Ивановски, Ников, Пресилски, Спировски, М. Петковски, Питошка, Н. Петковски, Вељановски, Крстевски.
Фудбалерите на Пелистер продолжуваат да постигнуваат добри резултати на пријателските средби. Нова "жртва" на битолчани беше тимот од Србија, Раднички Ниш, кој беше поразен со 4:2. Иако во првото полувреме "зелените" имаа негатива од 2:0, сепак, во вториот дел успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до победата. Жуниор се запиша двапати во листата на стрелците, додека по еднаш прецизно стрелаа Спировски и Питошка, за целосен пресврт и победа