ATP тенис - општа дискусија

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Само Ноле е лек за Давиденко:D

Напред МАЈСТОРЕ!!!
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Тенис кога бев пала играах со една комшика во сокако но аматерски(ич не ме бива за тај спорт)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Се играат неколку турнири неделава, ама сепак најинтересен изгледа е егзибициониот турнир AAMI Kooyong Classic во Мелбурн каде што играат неколкумина од топ 10.

Резултати:

Љубичич - Дел Потро 3-6 3-6
Ѓоковиќ - Хас 6-2 6-3
Гонзалез - Вердаско 5-7 1-6
Содерлинг - Цонга 6-7 1-6


Утре играат Хас - Гонзалез, Ѓоковиќ - Вердаско, Содерлинг - Љубичич, Дел Потро - Цонга, а пишува на главната страна дека ќе има и бонус меч, Мареј - Квери.

Вердаско го среди Ѓоковиќ експресно со 6-1 6-2, за само 52 минути.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Интересен турнир викендов беше АТП Загреб. Само што заврши финалето, се победа на Чилич 2-1 против Ферер. :wink:
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Подобра од Азаренка во финалето на турнирот во Дубаи со 6-3, 7-5.

 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Магдинчев ќе се повлече по мечот со БиХ

Натпреварот во Велес ќе биде последен во Дејвис купот за некогаш првиот македонски рекет



Лазар Магдинчев (28) полека ја привршува својата репрезентативна тениска кариера, а со неа, речиси сигурно, и играчката. Натпреварот со Босна и Херцеговина од 5 до 7 март во Велес на стартот од Втората група на Евроафриканската зона на Дејвис купот ќе му биде последен во националниот дрес на некогаш првиот македонски рекет. Селекторот Дејан Маринковиќ смета на него за дуелот во двојки како партнер на Предраг Русевски, со кого во Дејвис купот имаат скор од 11:5 во победи.

„Се' уште немаме соодветна замена за него во двојки. Со Пецко извонредно соработуваат и се надополнуваат, а од голема помош ќе ни биде и неговото искуство“, вели капитенот Дејан Маринковиќ.

Од дебито против Египет во 1996 година во Каиро, Магдинчев ги бранеше боите на Македонија во 31 натпревар во Дејвис купот. Има одиграно 57 меча, во кои забележа 32 победи и 25 порази, при што во сингл скорот му е 15:14, а во дубл 17:11. Ќе останат запаметени победите над Жил Милер во Луксембург и посебно над Ернест Гулбис од Летонија, и двете во рамките на Првата група.

Магдинчев, кој во август 2007 беше 267. играч во светот во поединечна конкуренција, а моментно е 1139. на АТП-листата во двојки, последниот настап на турнири го имаше во почетокот од август минатата година, кога заедно со Шендрит Деари играа во дубл на фјучерс во Србија. На крајот од јуни 2009, пак, го одигра последниот турнирски сингл-меч во квалификациите за челинџерот во Риека. Оттогаш наваму го тренира Деари, кој ќе му биде колега во репрезентацијата против БиХ.

Двајцата, заедно со Русевски и со Димитар Грабулоски, тренираат по двапати дневно под наздор на Маринковиќ на терените на тениските клубови Југ и Ас во Скопје. Ако не го изневери коленото, Русевски (614. во сингл и 697. во дубл) ќе го понесе главниот товар против Босанците, играјќи два поединечни меча покрај тој во двојки, а Грабулоски ќе биде втор рекет.

„Веќе месец и половина интензивно тренирам, но ме плаши коленото. Ќе стегнам заби, се надевам и на полна сала во Велес, а предност треба да ни биде и подлогата“, вели Русевски.

Босна и Херцеговина до последен момент тактизираше со објавувањето на составот, за кој рокот истекуваше вчера. Сепак, извесно е дека и новиот босански селектор по смената на Бојан Вуиќ ќе се потпре на Алдин Шеткиќ (391. во сингл и 471. во дубл) и на Исмар Горчиќ (579. и 470.). Маринковиќ очекува другите две места да ги пополнат Мирза Башиќ (971. и 1010.) и Дамир Џумхур (1650. во сингл). Шеткиќ во неделата загуби во финалето на фјучерсот во Сараево (тепих, 15.000 долари), каде што Башиќ стигна до полуфиналето, а Џумхур до второто коло.



ЈОТОВСКИ НА ТУРНИР ВО АНТАЛИЈА



Повремениот репрезентативец Томислав Јотовски утре заминува за Турција, каде што претстојниот викенд ќе се обиде низ квалификациите да избори настап на главниот турнир од фјучерсот во Анталија, кој ќе се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Јотовски, кој неделава е 1401. на АТП-листата во сингл и 1256. во дубл, по враќањето од петмесечниот престој во Чиле деновиве тренираше во Скопје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom