ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше уште еден егзибиционен меч за Хаити во Индијан Велс.
Федерер/Сампрас против Надал/Агаси. Има интересни моменти. :tv:

 
2:50-3:05 = БОГ!!!!!!!!!! :vozbud:
 
Хаха стварно јако, јаки момци.
Респект.
 
Мислам дека ова му е прв пораз на Федерер од Багдатис, имал 3 меч топки Федерер али не ги искористил:toe:
 
Точно прв пораз на Федерер од Багдатис , како ги пропустил 3 меч топки не ми се верува? :tapp:

T. Berdych
R. Nadal


A. Murray
R. Soderling


T. Robredo
A. Roddick


Добри двојки..ке има добар тенис :wink:
 
Колку ми е мерак за Љубо, тоа е чудо невидено, али повеќе ми е што Надал го прими од позади, па не е битно од кој е :vozbud:
 
Љубооооооооо!!!!!! :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Ѕвер е човекот втор омилен ми е после Роже. Алал да му е пријатно ме изненади,утре и да изгуби не е важно,важно ги нанижа и Џоковиќ и Надал :back:
 
Гледајте сега Содерлинг што ќе му направи на американецот.
 
Каков мајстор,браво за Љубо заслужена титула!!! :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Каков мајстор,браво за Љубо заслужена титула!!! :vozbud::vozbud::vozbud:

Па на 31 година, заклучно со финалето да ги победиш Џокович, Надал и Родик...
Мислам дека не ни треба да победиш уште некој, за да заслужиш титула. :)
 
Браво Љубо. Честитки за освоената титула. Апсолутно заслужено.
Отсекогаш ми бил еден од омилените тенисери пред се поради скромноста и фер-плејот. Многумина мислеа дека веќе никогаш нема да игра на она ниво од пред некоја година кога беше трет но Љубо најпрво се врати кон крајот на минатата за оваа да покаже дека сеуште не е за фрлање.
Како што нагласи сега игра далеку порастоварено бидејќи веќе никому не треба да му се докажува. Тоа се виде и денес. При брејк топка за Родик беше непогрешлив со сервисите и со тоа го уништи моралот кај Родик. Во тај-брејкот одигра онака како што играше во текот на целиот турнир и не му даде шанса на Родик да се понадева.
Одлична недела за хрватот во која покажа дека може да се носи со мометно најдобрите тенисери. Сигурно ќе сака да ја повтори истата во Мајами:).
 
Секоја чест за Љубичич, го оствари тоа што никој не очекуваше, ќе биде интересно ако биде кандидат за титула и на идните турнири.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom