Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.711
- Поени од реакции
- 49.171
Смири се друже, многу брзо се забораваат изгледа прајм Новак, Рафа и Федерер, кои егзистираа во многу подобри тениски времиња со многу подобри имиња покрај нив. Доволно е да се каже дека Новак на сам залез на кариера е единствениот во моментов за кој секој тениски експерт верува дека ако ништо друго, може да ги предизвика овие двајца, а тоа доволно говори на што сме моментално и колкав гап има меѓу Алкараз, Синер и сите останати, што воопшто не е ветувачки за иднината на овој спорт.Синер е машина, еден од најдобрите тенисери што некогаш играле, дури и подобар од Ноле. Типувам на него да го освои УС Опен.
Порано имаше пар тенисери кои сериозно можеа да ја предизвикаат најдобрата тројка, прајм Вавринка кога ќе влезеше у оној негов претпознатлив моуд им зимаше финалиња и на Рафа и Новак. Мареј исто, овие двајца денес да ги ставиш на тур, а да ги тргнеш Алкараз и Синер, ќе водеа у број на слемови моментално, убедливо.
Бублик иначе за Синер уште пред меч кажа дека делува ко да е генериран од вештачка интелигенција, за да додека траеше мечот си го потврди тврдењето. Ако е здрав Синер, типувам на него дека освојува тука, стварно делува така, како што вели и Бублик, нема апсолутно никаква слабост, перфектен тенисер е кој сезонава имаше многу јака шанса да ги освои сите 4 слема, и тоа прилично убедливо.