@wot никаде не реков дека некому треба да му се забрани да пуши дома или надвор. Реков дека нема никаква смисла луѓе кои сами решиле да се трујат со чад, да се жалат дека други ги трујат со чад. Ова е доста едноставен концепт.
Јас сметам дека не е едноставен концепт и има смисла луѓе што се трујат со цигари да се жалат за загадениот воздух.
пушачите немаат право да се жалат од загаден воздух.
Значи пушачи, тишина.
Еве ти го оригиналниото мислење, за кое ти дадов пример поназад зошто имаат право да се жалат ако пушат или палат кола до маркет од 600м:
Ако надвор пластика ти се лепи на плуќа како што опиша Злате, ако државата прифатила туѓ отпад да гори до твојот град, ако фабриките горат гуми до твојот дом како што е случајот во мојот матичен град епа извини и оправдано е да запалиш за 600 метри до маркет кола. Градовите ни се ридови, нема јас да ја оптегам плуќата за што повеќе смог вдишам само оти сум искочил до центар за пазарување намирници за да преживеам.
Исто навлегуваш во друго право, во твојот дом, во твојата соба е малце проблематично да забраниш пушење цигари, или да осудуваш некого и да му го забрануваш правото кога е надвор воздухот да му е чист или да се буни кога тоа не е случајот. Го зборевме ова поназад со примерот дека Индијците загадувале реките па не заслужувале чист воздух како ние по дефулт. Државата треба да ти обезбеди чист воздух и да те стимулира да си поздрав, да не пушиш и сѐ тоа, а не да те издвојува поради тоа.
Ио, вака, ако јас сум пушач, зошто да не смеам да сум гласен за загадениот воздух кога истиот ти штети и тебе, и друг и сите мои познаници на пример? Или дека ми ја уништува јакната? Колку валидни причини бараш? Кога пушиш имаш контрола до каде си штетиш, и ти донекаде имаш право тоа да си го правиш себеси, додека другото е кога воздухот колективно штети врз сите, и државата има обврска да
сите ги заштити, безразлика што ти дуваш ватра дома или кај и да е дозволено деновиве. Ти ако дуваш хемикалии не е оправдано да дишеш и пм честички во пакет бидејќи не е исто, и звучи како едноставен концепт, но ти си тој што не ја гледа едноставноста дека не е исто и дека е кршење права. Упростено, еве бидејќи не сум пушач ниту возам but I like to play both sides so I am always on top, ако ти пушиш јас сметам дека оправдано може да си гласен за лошиот воздух.
Мислењето за спортот не ти го коментирам, треба кривично да одговараш за истото.
Мислам дека ќе ме стигне кармата за ова, без секиранции.
Еве ќе ги набројам причините заради кои сметам дека луѓето пратат спорт:
- Омилениот тим/спортист - прво и основно, секој си го прати омилениот тим и спортист (ова во случај на индивидуални спортови). Мора да кажам дека сум размислувал многу за овој феномен и страста која се буди во мене кога го гледам Манчестер Јунајтед ама единствено објаснување ми е дека го гледам клубот како дел од мене. Колку и да звучи смешно, оддалечен илјадници километри од Манчестер, Англија.
Искрено не се ни сеќавам како сум станал фан на клубот, едноставно како 4-5 годишно дете сум го засакал и баш заради тоа и викам дека го гледам како дел од себе, бидејќи во првите мои сеќавања, јас ја имам мојата поширока фамилија околу мене, другарчињата од маалото со кој сум си играл уште од 2-3 годишна возраст (со кои и ден денеска си живееме многу убаво) и сум фан на Манчестер Јунајтед.
Еве веќе сум магаре од 31 година, прилично сум задоволен од начинот на кој што го градам животот приватно и професионално, свесен сум дека има многу побитни работи од фудбалот, ама пак кога ќе изгуби Јунајтед, јас наредни 2 саати сум во аут. Едноставно тоа е внатре во мене и неможам да го контролирам. Искрено и не сакам, уживам во емотивниот ролеркостер што ми го носи една утакмица.
Можеш ли ова да го прочиташ и да ми повлечеш разлики меѓу тоа и 20 години гласање за иста партија?
Звучи слатко и топло твоето, но мислам дека секој треба да пробува ова да го надмине.
И друго околу параграфот, ако 2 часа секој ден гледаш фудбал и 2 часа после си "аут" од навивање, зарем не е проблем на 30+ тогаш што немате партнерки? Не зборам за тебе конкретно, има многу други тука примери, па да се задржиме на големата слика. Како тоа не е "играње за другиот тим" so to speak, бидејќи многу се тригернаа кога наречени геј. 20 мажи им се потребни за допамин фикс и како што напишав, сѐ друго престанува да функционира, немаат драјв да гонат партнерки, "аут" се пошо Хенриксон добил црвен. Оукеј.
2. Забава - бидејќи нели не го гледаме само омилениот тим, туку и еден куп други утакмици кои што ги сметаме за интересни.
Плус јас еве кога сум во Валандово најчесто гледам утакмици со друштво во кафе бар или кафана, па ќе пиеме по една пијачка, ќе мезнеме нешто, ќе се посмееме.. Причина за дружба, на некој начин.
Забава не е зборот бидејќи освен Ман Утд за кои треба да пратиш лига 1, сега мораш да пратиш и лига европа, па лига на шампиони, па мораш и Сити да ги гледаш за да знаеш како играат и дали ќе им ја земаат титулата, баш како што напиша, еден куп други утакмици до степен опсесивност бидејќи само тоа ве прави среќни на крајот на денот. Група мажи. A тоа е геј. Опсесивност со нешто тривијално што резултира во секој ден гледање по две утакмици, некогаш и три на различни монитори. Не мора да збориме за кафана и пијачките уз фудбал, верувај без да се објаснуваме дека го имам правено многу повеќе од тебе и има социјален аспект и момент на партиципирање во нешто одошто блеење во бела точка што оди лево десно:
И последната точка не би сакал да ја цитирам каде се збори за бенефитот од спортот. Не ги негирам сите тие работи и не сакам да бидам повторлив. Сакам да ги зборам негативностите пред кои се правите слепи и не можам на друг начин да ви ги препишам како нормални освен со тоа што имате развиено потреба од гледање мажи за да сте среќни или барем оперативни а не "аут".