Кое е твоето контроверзно мислење? (Читај воведно мислење)

Статус
Затворена за нови мислења.
Ахааа, е да.

Ние го фрламе цивилизирано тоалетот во ќеса а потоа ни стоеше на улици со месеци додека кучињата бездомници го тегнеа натаму наваму. И смрдеше градот на Виолета оти купуваме трислоен.

Ама Данела, ама Мицко, ама Пасиев…
Македонија да ја имаше и големината и популацијата на Индија, повторно ќе беше светлосни години над тоа примитивно општество. Индија треба да биде среќна што некое време била под англиско владеење, денеска не знам што ќе беше без тој отпечаток во нивното општество.
 
Воздухот не е проблем, спортот е проблем, луѓето се проблем…се е јасно кога имаш толку едноставна дијагноза за светот. :)
 
Македонија да ја имаше и големината и популацијата на Индија, повторно ќе беше светлосни години над тоа примитивно општество. Индија треба да биде среќна што некое време била под англиско владеење, денеска не знам што ќе беше без тој отпечаток во нивното општество.
Пријателе, нема зошто да споредуваме, вие рековте таква им била реалноста. Па ете, таква е и нашата реалност, макар биле светлосни години ние напред, тоа не ја променува автоматски паушално нашата реалност. И ние имаме ѓубре по улици и кај нас е загадено. И сега? Поентата е дека секој жив човек заслужува чист воздух, чиста вода за пиење, електрична енергија, храна, здравство и образование. Не е битно дека смрдат, еве отвори ЈСП темата во лето, тој неизбањат човек сега не заслужува земјата да се труди да му овозможи чист воздух? Ајде земи ја Кина тогаш бидејќи има три најзагадени градови од топ десет. Која е нивната реалност? И над нив сме светлосни години?
 
Интересна тема.
Може пример некој да дае мислење, и одма да тагне друг, за да не се развлекува.
 
Интересна тема.
Може пример некој да дае мислење, и одма да тагне друг, за да не се развлекува.
Не може, не е тоа целта. Да подискутираме малку. Правилата се јасни, њотко ќе тагне друг член кога ќе ја исцрпиме темава за неговите глупави мислења :D
 
Гледање спорт е непродуктивна геј активност и сите што се диват на физички спремни мажи по два часа секој ден се латентни.

Зошто имаш на аватар фудбалер, зошто влегувате во тепачка оти некој кажал нешто за не знам - Бекам, зошто си во град облечен во маица со име на друг маж на твојот грб? Само потврдуваш дека би бил или фантазираш да си нечиј ботом во други околности. Зошто си буден во 3 сабајле и гледаш UFC каде два препотени мажи флексаат мускули, се залепени еден за друг цело време и збифтаат? Не може никој да ми го продаде тоа како допамин фикс бидејќи можеш да отидеш ти да шутираш, ти да маваш во вреќа без да се влажниш на мажи во сред ноќ или пред спиење. Не учиш од тоа, не го студираш непријателот и неговите потези туку само сонуваш со очи широко отворени. Немате работа секој ден да одвојувате два часи да зјапате мажи, не ми го продавајте ни како пуштање мозок на пасење, бидејќи ќе думскролам девојки два часа наместо тоа и ќе ми крене тоа адреналинот оправдано плус ќе исклучам мозок. Барем да ги бореа со лавови и мечки како порано.

Fucking plebs. :kuracc:
Малку ти е промашена поентата за дивењето на спортистите. Никој не им се диви на физикусот или на тоа како они изгледат, туку им се дивиме на вештините кои ги имаат и успесите кои ги постигнуваат во некој "x" спорт.

Бекам може да има и 120 кила, кога ќе ја стегне слободен, ние пак ќе се дивиме на него. Едноставно, перфектната траекторија на топката од моментот кога ќе летне од тревата, до моментот кога ќе заврши во горниот агол, кој е патем единсвеното место од голот каде што голманот неможе да ја стави раката, во нашите очи е еден вид на уметност. Некој неможе да го нацрта тоа ни на лист хартија, а камоли да го изведе со шут од 30 метра.

Носењето играчи на аватар/грб е еден вид на респект кон спористот за тоа што го направил за твојот омилен клуб. Бидејќи на крај на денот на нас ни е најбитно да ти победи омилениот тим, а не некој радом играч да го соблече дресот и да го издркаме на него. Еве јас аватаров го имам 10тина година и е од екс голман на Манчестер Јунајтед. Во тој период беше најдобар играч на тимот и благодарение на неговите перформанси, Јунјатед освојуваше бар 10 до 15 поени повеќе во текот на сезоната. Па ете сум сакал на некој начин да му вратам за ќејфот што ми го правел на утакмиците кога спасувал чисти голови за мојот омилен тим да дојде до победа.

Околу останувањето доцна во ноќта, мора да сфатиш дека тоа е скроз индивидуално. Секој човек има различна старст и различни интереси. За некои тоа е спортот. Ти, бидејќи спортот не го гледаш така, тоа неможеш да го разбереш. И сега џабе би навлегувале во ова, бидејќи во сам старт викаш да не ти го продаваме како допамин или пуштање мозок на пасење.

Ама еве ќе ти дадам пример - некој сака да оди на рејв и да глави до 9 сабајле, за некој друг тоа е мачење. И сега ти оди убеди го тој што неможе да издржи ни 5 минути во таква атмосфера, дека овој другиот ужива во истото и не си го губи времето или не си го троши телото, во случај да отиде на некој 4-5 дневен фестивал. Епа исто така и ти никогаш нема да го разбереш чувството кога омилениот тим ќе даде гол за победа/титула во последниот напад на мечот/сезоната, бидејќи тоа за тебе секако нема никакво значење.


За првиот дел од постот се слогласувам во голем дел, меѓутоа според мене е малку покомплицирано од тоа. Сепак, се сложувам дека за да се смени нешто на ниво на цело општество, секој мора да почне прво од самиот себе. Бидејќи сите знаат што треба и како треба, а никој не ги почитува основните закони и правила. Ама во ваква банана држава, дури и да си најчист, пак ќе го јадеш, бидејќи работите функционират така како што функционираат. А баш органите на државата се тие кои треба да ги спроведуваат мерките, а не да не ебат во мозок како ќе им текне.
 
Не може, не е тоа целта. Да подискутираме малку. Правилата се јасни, њотко ќе тагне друг член кога ќе ја исцрпиме темава за неговите глупави мислења :D
Цар! :pos: :pos: :pos: Sorry @wot -че.

Патем, и јас не се согласувам со ни едно од двете мислења. Ајде првото: ти не живееш во Скопје, не знаеш која катастрофа е воздухот овде. Не само што има боја, туку има и мирис и вкус. За жал. Значи буквално имаш метален вкус во уста и смрди на запалена пластика. Обично последниве години секогаш сум со маска надвор, ама годинава се правев силен, па еве од октомври не можам да престанам да кашлам. Затоа од денеска маската ми е задолжителна опрема. Што мислиш, нема ефект воздухот на енормно зголемената појава на онколошки заболувања? Или да не зборувам за ужасното зголемување на неплодноста - барем јас тие што ги познавам млади парови во последниве години, можеби над 70% од нив се борат да имаат деца. Мене дури страв ме фаќа дека нема уште 10 години да доживеам, како тргнало. Значи буквално дишеме отров. А да излезам надвор и да ти сликнам како изгледа, нема да ми веруваш дека е реална сликата. Еве пред малку ги вклучив сијаличките во двор за да можат жена ми и ќерка ми (излезени се на роденден) полесно да ја најдат куќата. :pos:

Второто - за спортот е чиста глупост. Ете остај на страна фудбал или ко Византиецот што гледа ватерполо со голи мажи - ние што следиме F1, на кој начин се палиме на возачите кога едвај само кацигата му се гледа дур вози. Немој да ми кажеш дека имаме фетиш на кациги. :D Ако сите што следат спорт се латентни хомосексуалци, ко што викаш, човештвото одамна ќе изумреше, зашто ќе немаше кој деца да прави.
 
@wot

И јас не се согласувам и со двете мислења. Загадувањето е проблем. И јас живеам во огромен и загаден град. Можам секој викенд да заминам на почист воздух, ама не може секој, огромен дел од луѓето се заглавени каде што се и немаат никаква можност да отидат некаде, во главно од финансиски но и од ред други причини. Тоа што ние во главно тупиме за проблемите а не преземаме ништо, тоа е друга работа.

За второто,
Второто - за спортот е чиста глупост.

Следниот член кога ќе дојде ред, само едно мислење. Ќе дојдете пак на ред.
 
Не може, не е тоа целта. Да подискутираме малку. Правилата се јасни, њотко ќе тагне друг член кога ќе ја исцрпиме темава за неговите глупави мислења :D
Чувствувам обврска да го држам огнот бидејќи се премногу глупави мислењата поради што луѓето само би ме исплукале и не би имало никаква дискусија ниту дијалог без мене во одбрана. Ако не е проблем би продолжил, го можам ова и со една рака.

Патем, и јас не се согласувам со ни едно од двете мислења. Ајде првото: ти не живееш во Скопје, не знаеш која катастрофа е воздухот овде. Не само што има боја, туку има и мирис и вкус. За жал. Значи буквално имаш метален вкус во уста и смрди на запалена пластика. Обично последниве години секогаш сум со маска надвор, ама годинава се правев силен, па еве од октомври не можам да престанам да кашлам. Затоа од денеска маската ми е задолжителна опрема. Што мислиш, нема ефект воздухот на енормно зголемената појава на онколошки заболувања? Или да не зборувам за ужасното зголемување на неплодноста - барем јас тие што ги познавам млади парови во последниве години, можеби над 70% од нив се борат да имаат деца. Мене дури страв ме фаќа дека нема уште 10 години да доживеам, како тргнало. Значи буквално дишеме отров. А да излезам надвор и да ти сликнам како изгледа, нема да ми веруваш дека е реална сликата. Еве пред малку ги вклучив сијаличките во двор за да можат жена ми и ќерка ми (излезени се на роденден) полесно да ја најдат куќата. :pos:
И јас не се согласувам и со двете мислења. Загадувањето е проблем.
Не живеам, но живеев и секоја зима сум во град во Македонија кој често беше и над Скопје на мониторинг страните. Сакам да ви потенцирам и вас дека не мислам дека не е загадено и дека не е катастрофа, ниту дека нема последици. Напишав да се променат навики, да се седи повеќе дома. Шпиц е шпиц. Зима носиш маски да не фатиш рак, лето се криеш под сенка за да не добиеш мозочен удар. Сезонска непогода. Така некако. Кај гледаш проблем во тој хот тејк?

Второто - за спортот е чиста глупост. Ете остај на страна фудбал или ко Византиецот што гледа ватерполо со голи мажи - ние што следиме F1, на кој начин се палиме на возачите кога едвај само кацигата му се гледа дур вози. Немој да ми кажеш дека имаме фетиш на кациги. :D Ако сите што следат спорт се латентни хомосексуалци, ко што викаш, човештвото одамна ќе изумреше, зашто ќе немаше кој деца да прави.
Фер. Мојот long shot беше рутиран во pavlovs conditioning. Ако цело време добивате допамин фикс од гледање мажи, евентуално ништо друго нема да работи без нив... :D Замисли утре си на работа во 7, а чекаш 3 да го видиш ова да заспиеш послатко:

1766253229998.png

Страст како што вика ManUtdChampions. :love:

@ManUtdChampions имаш убави поенти, како оваа на пример:
Бекам може да има и 120 кила, кога ќе ја стегне слободен, ние пак ќе се дивиме на него. Едноставно, перфектната траекторија на топката од моментот кога ќе летне од тревата, до моментот кога ќе заврши во горниот агол, кој е патем единсвеното место од голот каде што голманот неможе да ја стави раката, во нашите очи е еден вид на уметност. Некој неможе да го нацрта тоа ни на лист хартија, а камоли да го изведе со шут од 30 метра.
Но, ти имаш изгледано илјадници саати фудбал и фудбал и фудбал и фудбал и фудбал и фудбал за шанса да го посведочиш тоа еднаш во живо? Ако тоа не е гонење змеј не знам што е. Знаеш дека има топ 15 слободни удари на јутуб така? :D Што е разликата ако го пуштеш тоа еднаш неделно и се подивиш, наместо секој ден боранијата од лига 2?

Ама еве ќе ти дадам пример - некој сака да оди на рејв и да глави до 9 сабајле, за некој друг тоа е мачење. И сега ти оди убеди го тој што неможе да издржи ни 5 минути во таква атмосфера, дека овој другиот ужива во истото и не си го губи времето или не си го троши телото, во случај да отиде на некој 4-5 дневен фестивал. Епа исто така и ти никогаш нема да го разбереш чувството кога омилениот тим ќе даде гол за победа/титула во последниот напад на мечот/сезоната, бидејќи тоа за тебе секако нема никакво значење.
Ова би важело ако и ти отидеш на стадион, навиваш, учествуваш. Против тоа немам ништо против. Како главење на рејв го спореди со гледање фудбал на телефоните, или најчесто на резултати.мк? Во едното учествуваш во другото си спектатор. Јас се смеам и на тие што гледаат рејвови на тв дома. Напишав оди шутирај и ти во агол, мавај, спаринг, немам ништо против тоа исто така, напротив.

Па ете сум сакал на некој начин да му вратам за ќејфот што ми го правел на утакмиците кога спасувал чисти голови за мојот омилен тим да дојде до победа.
Јас мислам дека не сте фифти фифти со ова и е сеуште голема бесмисленост.

Баш тоа се мислев: како сега би направил анкета за двете мислења на @wot ?
Ио рече да киниса работата па ќе има анкети.
Не мора да има анкета за да знаеме дека повеќето не се согласуваат овојпат. Или изберете едно.
 
Напишав да се променат навики, да се седи повеќе дома. Шпиц е шпиц. Зима носиш маски да не фатиш рак, лето се криеш под сенка за да не добиеш мозочен удар. Сезонска непогода. Така некако.
Па не можеш да не одиш на работа. Не сите работат од дома. Јас и онака во зима не излегувам многу од дома за шетање. Само до работа и назад.
 
Замисли утре си на работа во 7, а чекаш 3 да го видиш ова да заспиеш послатко:
Мое мислење е дека многу се ретки луѓето кои активно следат вакви спортови како борење или некои боречки вештини, или други спортови во кои има физички контакт од ваков тип меѓу спортистите, а исто толку ретки (барем кај нас) - ватерполо. Ете, јас на пример не следам ништо од тоа, а не познавам ни некој кој следи. Од спортови активно гледам само F1 и тенис, а фудбал, кошарка, ракомет, пливање и атлетика - само кога има некои големи и значајни настани или кога учесници се наши репрезентации, спортисти или колективи. Значи ништо од тоа зашто се палам на мажи. Да се палев на мажи, ваљда ќе најдев некое геј порно на нет, сигурно се наоѓа лесно, и ќе дркав на нив, немаше да го гледам Алкараз или суратот на Ѓоковиќ за таа намена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom