- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 6.880
- Поени од реакции
- 23.468
Добро ете, може да е таму 14ти-15ти али никако во топ 10. Хајпот за него ме нервира мислиш е тренер кој газел противници.Па ја презема Валенсија доцни 1990ти и го формира костурот на тимот што подоцна освои 2 Ла Лиги, играше 2 финалиња ЛШ и освои Уефа Куп. Отиде во Атлетико, му се случи банкрот.
Ги презема Челзи, ги стабилизираше, ги врати ЛШ и од кога презема Абрамович цела година на кур му се качија, стигна 1/2, изгуби од Монако, ги руши сите рекорди на Челзи за поени, постигнати-примени голеви, и како награда...доби отказ, откако цела година се шпекулираше за тоа. Јуве го зеде сезоната после Калчополи, веднаш заврши 2 или 3 место и ги внесе у ЛШ.
Не ме зезај, со Рома 2009/10 сезона до 37мо коло беше борба за скудето со Интер, да таа сезона кога Интер освои триплета, со играчи како Баптиста, Менез, Бриги, Касети и Марко Мота.
Имал и киксови, не дека не, ама Грција еве од тогаш не може да се опраи, од 2014 не биле на големо натпреварување. Можеби не е во самиот врв како Моу, Конте, Клоп, Гвардиола, не знам кој, ама да не е ни топ 15 у Италија? Не зезај..
Нема шанси да е ниту близу Анчелоти, Липи, Капело, Трапатони, Саки, Манчини, Конте, Алегри, Инзаги...па и Спалети и Сари ќе ги стаам пред него без да ми трепне око. Тоа ти се 10 тренери онака напишани што ми паднаа први на памет, можно е да иам изоставено некој.
А допрва доаѓаат некои нови фаци како Џилардињо, Де Зерби, Мота па така има за помалку од 10 години и Топ 15 да е недостижно за него.
Збориш со какви играчи играл ваму и таму ама факт е дека овие горе што ги набројав и со послаби успеале титули да зимаат во тимовите кои ги воделе па затоа се подобри според мене. Со Јуве наследи играчи кои се апсолутни легенди на клубот, го имаше прајм Буфон, Дел Пиеро, Недвед, Трезеге и сите тие играчи кои играа СП 2006 и тоа му беше максимумот - топ 4 во Серија А. Конте дојде после тој хаосот со Делнери и Ферара и со Вучиниќ и Падоин изгази уште во првата сезона.
За Валенсија и Рома не се сложувам, таму водел играчишта. Лесно е така да пишеш. Играчи како Баптиста и Менез во тоа време биле солидни играчи. Плус тука биле Тоти, Де Роси, Тадеи, Лука Тони, Вучиниќ...ама ај да не го тупиме, доволно е за Раниери. Да си завршеше кариера со Лестер и да не се бламираше со полу екипи како Нант и Сампдорија може и кај мене ќе оставеше подобар впечаток.