- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 6.872
- Поени од реакции
- 23.387
После напорни и долготрајни преговори со раководството на Кајгана форум (читај Ио Соно Интериста) на наше и ваше задоволство со нова тема во новата сезона. Како што е редот.
Можеби дискусиите, па и лигата не е на она посакувано ниво, но има доста калчо фанатици тука па грев ќе е да пишуваме во децениска тема.
Минатата сезона беше многу турбулентна. Италија имаше претставник во секое финале од европските натпреварувања но во сите три излегоа како губитници. Секако, и ова е голем успех за лигата која стана продавница за одредени екипи од останатите лиги. Од друга страна Јувентус беше првично казнет со 15 па потоа таа одлука беше поништена за подоцна да биде преиначена во 10 бодови. Ова сигурно влијаеше на бодовното салдо кај конкурентите а со тоа и големиот број на киксови и релаксиран финиш на Наполи кој поштено си изгази. Од лигата испаднаа Сампдорија, Кремонезе и Специја. Она што вреди да се спомене е дека минатата сезона се одигра дополнителен натпревар помеѓу Специја и Верона за тоа кој ќе биде третиот клуб кој ќе игра во Серија Б 2023-24 и Верона со 3-1 успеа да ја совлада Специја.
Од Серија Б се враќаат старите добри Џенова и Каљари пропратени со Фросиноне кој беше шампион.
Па да започнеме со шампионот.
Наполи новата сезона ќе ја започне без својот столб во одбрана, кореецот Ким кој потпиша за Баерн во дил вреден 50 мил.€, и без Спалети кој реши да иде да одмори глава во природа. Као божем тоа му беше 10 скудето а не прво во кариерата. Но, познат е Спалети по вакви некои потези и нема што да му се замери. Ќе биде засекогаш запишан со големи букви во историјата на клубот за коj ова беше само 3то скудето во својата 96-7 годишна историја (убрзо им е роденден, затоа 96-7)
На негово место тимот ќе го води Руди Гарсија кој претходно е познат на калчо фанатиците како тренер на Рома. Иако немаат купено апсолутно ништо, изгледа и како да ќе ги задржат своите најдобри - Осимнех и Кварашкелија. Ова по се изгледа е најтешката мисија за секоја управа во Серија А - задржување на најдобрите. Имаат одличен везен ред, солидни крила и разигран напад. Тоа најдобро го забележаа останатите екипи во ЛШ каде Наполи во група со Ливерпул, Ајакс и Ренџерс беа екипата со најмногу постигнати голови во групната фаза и 15 од вкупно 18 поени.
Миланските екипи изгледаат засега најактивни на пазарот, но и тие не беа имуни на продавање.
Интер ги донесе Фратези, Бисек, Квадрадо и Турам на сметка на Брозо и Шкриниар, а сеуште треба да најде замени за Онана, Хандановиќ, Џеко и Лукаку кој нема да бидат дел од тимот наредна сезона. Од тимот како слободни агенти си заминаа и незаменливите Гаљардини и Дамброзио. Изгледа како целосен ремонт кај Интер, но она што е битно е дека сега-засега Барела, Бастони и Лаутаро се сеуште дел од тимот.
Милан изненадувачки, дури и од самиот играч кој делуваше многу лојален, го продаде Тонали за 70 мил. на Њукасл. Многу непопуларен потег од негова страна со оглед на тоа дека направи се за да игра за овој клуб, но изгледа дека иако му дадоа отказ на Малдини, управата има план Б. Милан паметно ги инвестираше парите заработени од твој трансфер и донесе играчи од типот на Пулишиќ, Лофтус-Чик, Чуквуезе, Реијндерс, Окафор и Лука Ромеро.
Покрај Тонали во новата сезона нема ниту Ибрахимовиќ, Ребиќ, Габиа, Дест, Бакајоко и Диаз да бидат дел од Милан.
Продавањето на најдобрите не ги одмина ниту останатите екипи. Аталанта во секој момент се очекува да ја објави продажбата на својот бисер - данецот Хојлунд за кого ќе заработат убава сума а и Џереми Бога одлучи да ја напушти Италија и да се проба во француско првенство кај Ница. Донесен е Ел Билал Туре од Алмериа за скоро 30 мил. и два леви бекови - Бакер од Леверкузен и Сеад Колашинац од Марсеј.
Останува уште една од подобрите екипи од северот и таму апсолутно ништо не се знае сега засега. Иако има многу гласини поврзани со Јуве, моментално единственото засилување е синот на Џорџ Веа - Тимоти.
Се ослободија од Ди Мариа, Квадрадо и Паредес.
Алегри ќе остане тренер, но таму изгледа дека во моментов се повеќе потребни нови засилувања отколку тренер па затоа и изостанува онаа анти-Алегри кампања на социјалните мрежи која беше и те како интензивна минатата сезона иако рака на срце, покрај толку проблеми тој имаше добар учинок споредено со останатите екипи и не завршија во топ 4 заради казната.
Рома засега се засили со Хусем Ауар од Лион, Еван Ндика од Франкфурт и Кристенсен од Лидс. За сите овие платија точно нула.
Немаа големи продажби а и лично не сретнав многу вести поврзани за нови играчи па ми изгледа како да Мурињо им верува на своите играчи од минатата сезона. Секако дека имаат одлични поединци, публиката полека но сигурно се враќа во голем број на Олимпико и Рома е екипа која може да ја победи секоја друга екипа, но и да изгуби од истата.
Таков е и вицешампионот Лацио иако со Маурицио Сари изгледаат на доста сериозна екипа. Имаа одлични изданија лани, но за да го повторат истиот успех ќе мора Лотито да потроши некој денар од продажбата на СМС кој иако сите очекуваа да заврши во некоја италијанска или англиска екипа, тој се одлучи да ги следи парите и се пресели во Ал Хилал за 40 мил.
Од другите екипи вредни за споменување се Фиорентина која се засили со Артур Мело, и Фабиано Паризи за кој лично имам високо мислење како лев бек.
Џенова го купи аргентинецот Ретеги од Тигре кој настапува за Италија, а Шомуродов од Рома е нов играч на Каљари. Монца се договори со Гаљардини и Дамброзио а Крањо ќе биде новиот голман на Сасуоло.
За сите трансфери - https://www.transfermarkt.com/serie-a/transfers/wettbewerb/IT1
Новата сезона ќе започне на 19ти Август а Емполи и Верона заедно со Фросиноне и Наполи ќе бидат првите натпревари.