Serie A 2023/24

И Скудетото оди кај...


  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.515
Поени од реакции
59.103
Критериум за номинација е рејтинг на ПЕС?
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.670
Поени од реакции
17.565
Секоја чест за еден од луѓето кој не може фудбалски фан да ги мрази. Каде и да бил менаџер секогаш играчите го гледале како татко. Ги смирувал работите во сите големи клубови кога им требало стабилност.Тотално заслужена пензија и почит од сите.

 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.280
Поени од реакции
14.619
Во Zonal Marking читав за неговите почетоци, работата во Италија, Шпанија, потоа Англија. Во јавноста имаше многу лош третман, незаслужен во однос на неговото фудбалско знаење, се сеќавам на времето дека беше претерано исмеван. На стари години, секако, титулата со Лестер беше пресудна, почна да добива поголема почит.


Dilly dang, dilly dong

 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.189
Поени од реакции
18.284
Во Zonal Marking читав за неговите почетоци, работата во Италија, Шпанија, потоа Англија. Во јавноста имаше многу лош третман, незаслужен во однос на неговото фудбалско знаење, се сеќавам на времето дека беше претерано исмеван. На стари години, секако, титулата со Лестер беше пресудна, почна да добива поголема почит.


Dilly dang, dilly dong

Многу културен човек делува, онака мирен воспитан дедо кој што не крева глас, има принципи на работа, не се перчи во јавноста, си знае границите.

Во Италија немаше некои значајни резултати, ги водеше Јуве и Интер во нивни не толку добри години, а во Рома дојде на чекор до титулата во 09/10 и тоа ги презема некаде 3то или 4то коло со нанижани неколку порази.

Сепак, круната во Лестер ги избриша сите евентуални неуспеси, мислам дека вакво нешто заслужи таков тренер како него, скромен и работлив.

Дон Клаудио :cuc: господин во однесување од кој може да учат плачковците како Мурињо, Клоп, Конте, Алегри и слични ним.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Прво го видов последниов пост па после скролнав, срце ми застана мислев почина пу пу пу

Првиот менаџер со кој се имам поврзано на некое ниво, човек што секогаш имаше поддршка од мене. Успехот со Лестер е многу веројатно најголемиот (или барем еден од) успех во фудбалската историја нешто што ќе се раскажува со генерации и нешто што спаѓа во најголемите изненадувања/успеси општо во спортот.

Претерано ми беше мило што влегоа во Серија А и тоа на каков начин. Навистина ми е мило и што остана во Каљари и што играчите се сплотија околу него кога сакаше да си даде отказ. А и вака гледано, стварно некако имаа зезнат распоред и извадија пар изненадувања за да бидат сигурни во лигава пред крај, што не беше лесна работа.

Менаџериште, Човечиште, Легендиште.

:cuc:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.880
Поени од реакции
23.468
Тренер со испод 50% проценти победи во кариерата кој водел тимови како тие на Раниери за мене не е некоја си легенда.
Човекот има повеќе откази отколку титули. Овој не е ниту топ 15 во Италија.
Тоа што кариерата ја заврши со борба за опстанок доволно кажува.
Но, да не ви рушам забава и калчо романтика, игнорирајте ме.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.655
Поени од реакции
22.732
Тренер со испод 50% проценти победи во кариерата кој водел тимови како тие на Раниери за мене не е некоја си легенда.
Човекот има повеќе откази отколку титули. Овој не е ниту топ 15 во Италија.
Тоа што кариерата ја заврши со борба за опстанок доволно кажува.
Но, да не ви рушам забава и калчо романтика, игнорирајте ме.
Да, пошо низ кариерата ги водеше прајм Барселона, Реал и Баерн Минхен па треба да има 80% победи. :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.880
Поени од реакции
23.468
Да, пошо низ кариерата ги водеше прајм Барселона, Реал и Баерн Минхен па треба да има 80% победи. :D
Тоа што не ги водел истотака е доказ дека не е легендарен тренер.
Отвори википедија слободно, види од кога е тренер и какви се клубови водел а ако се одземат титулите во пониските дивизии севкупно има 6 трофеи од кои само една е лигашка.
Човекот има подолга википедија од Ацо Стојков. Јадеше откази во многу просечни тимови а и освен успехот со Лестер скоро и ништо друго не постигна за да биде запомнет а е тренер од 1988 и притоа водел баш тимови кои претендираат за титули. Да бил посебен ќе боцнел бар 10 титули во толку сезони.
Но, харизматичен лик и ова моево мислење не е популарно али фактите се тие.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.542
Поени од реакции
114.821
Повеќе ќе остане легендарен ради негово понашање, мирен и добар човек пред се. Се слагам со СК-92, како тренер е еден обичен просек и нема ништо легендарно во неговото CV.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.538
Поени од реакции
87.694
Не мора да освоиш многу трофеи за да си почитуван од пошироката јавност...Марсело Биелса е еден од тие како Раниери, скоро и ништо да нема освоено, а насекаде е респектиран како тренер освен во Лацио :icon_lol:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.690
Поени од реакции
66.786
Тоа што не ги водел истотака е доказ дека не е легендарен тренер.
Отвори википедија слободно, види од кога е тренер и какви се клубови водел а ако се одземат титулите во пониските дивизии севкупно има 6 трофеи од кои само една е лигашка.
Човекот има подолга википедија од Ацо Стојков. Јадеше откази во многу просечни тимови а и освен успехот со Лестер скоро и ништо друго не постигна за да биде запомнет а е тренер од 1988 и притоа водел баш тимови кои претендираат за титули. Да бил посебен ќе боцнел бар 10 титули во толку сезони.
Но, харизматичен лик и ова моево мислење не е популарно али фактите се тие.
Екстремно редок број на тренери немаат 3 или повеќе откази, од било кој клуб, слаб или јак. Тоа не е детерминантна дали некој е добар тренер или не, трофеите се, како што си пишал.

Друга е големината на Раниери, што секогаш секаде бил господин, и секој само со почит зборува за него. Веројатно Mr. Nice Guy го има и коштано низ кариера, зашто не секој фудбалер е ист, ама сепак не се сменил.

Она со Лестер му е круна на кариера, и тешко дека некој пак ке го повтори истото.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.880
Поени од реакции
23.468
Екстремно редок број на тренери немаат 3 или повеќе откази, од било кој клуб, слаб или јак. Тоа не е детерминантна дали некој е добар тренер или не, трофеите се, како што си пишал.

Друга е големината на Раниери, што секогаш секаде бил господин, и секој само со почит зборува за него. Веројатно Mr. Nice Guy го има и коштано низ кариера, зашто не секој фудбалер е ист, ама сепак не се сменил.

Она со Лестер му е круна на кариера, и тешко дека некој пак ке го повтори истото.
Едно е да освоиш титула со Интер или Челзи (алудирам на Конте) и наредната сезона да добиеш отказ а друго е да те бркаат во Октомври од екипи како Вотфорд, Сампдорија, Нант, Фулам...
Грција кога ја водеше изгубија од Фарски Острови а наследи екипа од Сантош која играше 1/8 финале Светско Првенство. Заради него они таа сезона допреа дно во фудбал и завршија последно место во група со Ф.Острови, Финска, Унгарија, Романија и Северна Ирска. Па тука Канатларовски не завршува последен. Бегај не се заебавај, каква големина какви бакрачи.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.280
Поени од реакции
14.619
А бе добро сега, не е Липи или Капело, но не значи дека е и безначаен лик.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.023
Едно е да освоиш титула со Интер или Челзи (алудирам на Конте) и наредната сезона да добиеш отказ а друго е да те бркаат во Октомври од екипи како Вотфорд, Сампдорија, Нант, Фулам...
Грција кога ја водеше изгубија од Фарски Острови а наследи екипа од Сантош која играше 1/8 финале Светско Првенство. Заради него они таа сезона допреа дно во фудбал и завршија последно место во група со Ф.Острови, Финска, Унгарија, Романија и Северна Ирска. Па тука Канатларовски не завршува последен. Бегај не се заебавај, каква големина какви бакрачи.
Па ја презема Валенсија доцни 1990ти и го формира костурот на тимот што подоцна освои 2 Ла Лиги, играше 2 финалиња ЛШ и освои Уефа Куп. Отиде во Атлетико, му се случи банкрот.
Ги презема Челзи, ги стабилизираше, ги врати ЛШ и од кога презема Абрамович цела година на кур му се качија, стигна 1/2, изгуби од Монако, ги руши сите рекорди на Челзи за поени, постигнати-примени голеви, и како награда...доби отказ, откако цела година се шпекулираше за тоа. Јуве го зеде сезоната после Калчополи, веднаш заврши 2 или 3 место и ги внесе у ЛШ.
Не ме зезај, со Рома 2009/10 сезона до 37мо коло беше борба за скудето со Интер, да таа сезона кога Интер освои триплета, со играчи како Баптиста, Менез, Бриги, Касети и Марко Мота.
Имал и киксови, не дека не, ама Грција еве од тогаш не може да се опраи, од 2014 не биле на големо натпреварување. Можеби не е во самиот врв како Моу, Конте, Клоп, Гвардиола, не знам кој, ама да не е ни топ 15 у Италија? Не зезај..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom