Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Многу културен човек делува, онака мирен воспитан дедо кој што не крева глас, има принципи на работа, не се перчи во јавноста, си знае границите.Во Zonal Marking читав за неговите почетоци, работата во Италија, Шпанија, потоа Англија. Во јавноста имаше многу лош третман, незаслужен во однос на неговото фудбалско знаење, се сеќавам на времето дека беше претерано исмеван. На стари години, секако, титулата со Лестер беше пресудна, почна да добива поголема почит.
Dilly dang, dilly dong
Да, пошо низ кариерата ги водеше прајм Барселона, Реал и Баерн Минхен па треба да има 80% победи.Тренер со испод 50% проценти победи во кариерата кој водел тимови како тие на Раниери за мене не е некоја си легенда.
Човекот има повеќе откази отколку титули. Овој не е ниту топ 15 во Италија.
Тоа што кариерата ја заврши со борба за опстанок доволно кажува.
Но, да не ви рушам забава и калчо романтика, игнорирајте ме.
Да, пошо низ кариерата ги водеше прајм Барселона, Реал и Баерн Минхен па треба да има 80% победи.![]()
Тоа што не ги водел истотака е доказ дека не е легендарен тренер.
Отвори википедија слободно, види од кога е тренер и какви се клубови водел а ако се одземат титулите во пониските дивизии севкупно има 6 трофеи од кои само една е лигашка.
Човекот има подолга википедија од Ацо Стојков. Јадеше откази во многу просечни тимови а и освен успехот со Лестер скоро и ништо друго не постигна за да биде запомнет а е тренер од 1988 и притоа водел баш тимови кои претендираат за титули. Да бил посебен ќе боцнел бар 10 титули во толку сезони.
Но, харизматичен лик и ова моево мислење не е популарно али фактите се тие.
Екстремно редок број на тренери немаат 3 или повеќе откази, од било кој клуб, слаб или јак. Тоа не е детерминантна дали некој е добар тренер или не, трофеите се, како што си пишал.
Друга е големината на Раниери, што секогаш секаде бил господин, и секој само со почит зборува за него. Веројатно Mr. Nice Guy го има и коштано низ кариера, зашто не секој фудбалер е ист, ама сепак не се сменил.
Она со Лестер му е круна на кариера, и тешко дека некој пак ке го повтори истото.
Па ја презема Валенсија доцни 1990ти и го формира костурот на тимот што подоцна освои 2 Ла Лиги, играше 2 финалиња ЛШ и освои Уефа Куп. Отиде во Атлетико, му се случи банкрот.Едно е да освоиш титула со Интер или Челзи (алудирам на Конте) и наредната сезона да добиеш отказ а друго е да те бркаат во Октомври од екипи како Вотфорд, Сампдорија, Нант, Фулам...
Грција кога ја водеше изгубија од Фарски Острови а наследи екипа од Сантош која играше 1/8 финале Светско Првенство. Заради него они таа сезона допреа дно во фудбал и завршија последно место во група со Ф.Острови, Финска, Унгарија, Романија и Северна Ирска. Па тука Канатларовски не завршува последен. Бегај не се заебавај, каква големина какви бакрачи.