Жалите ли за времето поминато?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Ја сакам да имам пак 13год најако беше тогаш не дека и сеа не е јако, а и многу работе ќе сменим од тогаш и сеа ќе беше све подруго или не ...
 
ах колку сакам да се врати 2005 година...најубавата година во досегашниот живот..се што ми се има случено од 17 септември 2005 па до денес мислам дека е еден голем сон...ама не е:baeh:
 
Па секако дека понекогаш жалам...пред се тоа е заради добрите времиња поминати низ маало..правењето на глупости..зезање на постари луѓе..сеа едноставно неможам да го правам тоа...не ми личи на годините да се однесувам така..
 
баш пред малку го правевме муабетов со една другарка на мсн... та напрај 19, јас за некој ден прам и... :cry:
ова посебно се чуствуват ко ќе прајш матура... завршвиш средно и првите деној по матурата (од ко ќе се отрезниш) чуствуваш една гооооооолема празнина...
обично ко ќе ти велит некој уживај дури си дете не го вервиш, али вака... :nesum:
јебига... нека вртит на рипит немам ја оних 18 година од мерлин...
 
Уште сум 4та година средно, а веќе жалам за тоа што поминало! Али ќе си останам дете во душта :pos2:

Како што вели Аки Рахимовски:

Корак напред, натраг два,
оде година

Око подне будим се
полако читам новине
лоше вјести прескачем
то ми не треба

...........
И корак напред, натраг два
валјда нам је таква судбина

ех да је барем остало
више добрих бендова

...........
Гоодине, проолазе,
прооклете, нека иду без мене

..........
И кад је тако мало, мало времена
ја га нечу трошити, како нетреба

..........
 
Жалам за многу работи кои се случиле и за многу пропуштени шанси.
Жалам за се што било, сакам се да беше поинаку.
Најмногу жалам што последниот месец од осмо го поминав најлошо шо можит шетајќи по болницине.
Сакам да се врати времето, повторно да сме на екскурзија, повторно полуматурата...
 
И кад је тако мало, мало времена
ја га нечу трошити, како не треба
..........
Токму затоа што има малку време, не треба да се троши за жалење над она што поминало.
Ако живеам во минатото (спомените), ја пропуштам сегашноста.
 
Животот е за еднократна употреба, напред мораш оти назад не можеш, токму затоа носталгијата што понекогаш ја чувствуваме за старите добри времиња се ирационална емоција, но умот природно ни бега во минатото оти таму му е поубаво, убавите нешта се секогаш во минатото бидејќи ги цениме откако ќе ги изгубиме.
 
Што би рекла мајка ми :да го имам овој памет и твоите години :wink:

Не жалам ,би променила само една работа....ама бидејќи неможам морам да се помирам со тоа.Инаку до сега сум имала така ајде да речеме среден живот,сум имала се што ми е потребно(дури можеби и повеќе од тоа) така да немам навистина за што да се жалам,сакана сум,сакам,се трудам да правам добро,некогаш успева,некогаш не....нека остане вака како што е и добро ќе биде.
 
Сакам да се вратам во времето кога си играв народна, џамија, одбојка, мижитатара:pos2:, кога се прскавме со шишиња со вода итн. итн.
 
Единствено жалам за детството, сакам пак да си бидам детенце, но тоа е животот оди понатаму колку и да жалиме :toe:
 
Жалам за поминатото време и тоа многу,но животот продолжува нема враќање назад
 
Жалам некако што пораснав..ми фалат оние детски денови на безгрижје, на слобода ама некако се трудам да не се преоптеретувам со тоа бидејќи имам уште многу повеќе за живеење и за доживување.Едноставно сум сконцентрирана на иднината и нормално на сегашноста.Како и секои жалам за некои работи што сум ги направила или што не сум ги направила и на времето што поминало можеби не баш онака како што сум сакала и планирала.Ама затоа е живот..од секоја најмала ситница извлекуваш поука
 
Да, дефинитивно се потсетувам со носталгија.. НО, нема зошто да жалам(или барем не би требало), тоа е сепак само минато од кое треба да се сочуваат и запаметат само убавите работи, како што и најчесто правиме, свесно или несвесно, и кога ќе се потсетиме ни надоаѓа некое чувство на носталгија, затоа што во сегашноста ретко кога можеме да се пофалиме со совршенство, туку се нешто ни фали кое можеби сме го имале во тие минати времиња... НО и не мора да значи, затоа што најчесто самите и несвесно од минатото ги паметиме убавите работи а ги забораваме оние лошите, едноставно затоа што не сме сакале да ги запомниме.. Па, затоа и за минатото малку ја искривувавме сликата онака како што нам ни одговара, и каква што сегашност би сакале да имаме и сега, и закоја што сегашност исто така некогаш ќе си креираме убаво сеќавање...:smir:
 
Леле, ич... Особено поради некои процеси, растењето....Не сум некој носталгичар по дејства минати, повеќе сакам да си се сеќавам со мерак, но не и да жалам...Красни мигови сум имала, треба само да си ги колекционирам и во срцето ми се.
Грдите нешта ги фрлам одма од мемориски систем. И не жалам после.
Можеби жалам за две работи:
-не можам да играм ластик веќе со истата енергија и желба како на 10 год:pipi:
-не можам да се пентарам на дрва пак и да јадам сливи директива од гранка:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom