Жалите ли за времето поминато?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено ме фаќа секогаш носталгија за детството и поминатите безгрижни денови кога тооолку мечтаев да бидам голема. Особено кога ќе се собереме маалските другарки и ќе си се смееме на случките и глупостите што сме ги правеле.

Сакам барем еден ден да си бидам дете:(
 
Од време на време помислувам на периодот некаде градинка кога одев и многу ми е криво што пораснав веќе...И сакам да се врати...
Меѓутоа, донекаде мило ми е што веќе тоа е поминато, затоа што ми остави многу добри сеќавања
 
Не баш дека жалам за времето што поминало, ама некако ми беше поубаво кога бев малечка и се ми беше убаво, бев безгрижна без скоро никакви обврски, не знаев некои работи што ги знам сега...ignorance is bliss. Исто така има некои периоди на кои воопшто не сакам ни да се сеќавам, а во никој случај не би посакала да се вратат.
 
Зависи во некој моменти жалам:toe:
 
Да и тоа што го поминувам пред компијутер...
 
да многу си жалам за времето со ми помина али многу
 
Па донекаде ми е криво зашто некои години не ги поминав како што треба и не ги искористив баш најдобро.
 
Премногу. Некогаш помислата и чувството колку ми е криво за времето што одлетало предизвикува солзи на моето лице и огромна мака. Има неколку песни кои се толку носталгични, што секогаш кога и да ги слушнам добивам некое тажно чувство...
 
...но за жал никогаш нема да се врати минатото сепак е само меморија на која треба да се секаваме...но не и да жалиме....бидејки можеме само да учиме од тоа..
никогаш не жалете за минатото тамо нема иднина...:ne:
 
лејјј не да жалам,колку само убави моменти,случки сум прошла во минатото.....секад ќе си викам дека најубав период во мојот живот ми беа средношколските денови!!!!!!:smir:
 
Премногу жалам бидејќи не сум размислувал како сега што размислувам.Ептен ми е криво и секогаш ке си викам ах да се врати тоа време.
 
Жалам и тоа како.Да се вратат едно 3 години нејќам повеќе,сосем доволно ми се:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom