Заспивате со музика?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Често пати..Плејлист со баладички и заспивам.
 
Ќе си ставам песни на Мп3 и ќе слушам се додека не заспијам.
 
Секако!

Со Енигма, Шпонгл, Јангер Брадер и Сандајл Аеон! :back:
 
Денски може од време на време, пуштена плеј листа и си дремам или на ТВ пуштена VH1, ама навечер никогаш немам заспиено со музика.
 
само со интернет,музика не доаѓа во предвид,потребен ми е мир...
 
Џез не ама рок балади како ме успиваат тоа чудо некое.Обожавам да заспивам со музика.Од мала сум навикната така.Радиото секогаш било оставено да работи цела вечер.Сега за да не ги тероризирам другите, слушалките на уши и уживанции:)
 
Секогаш заспивам со Opeth. Изминатава година не ми се случило а да не слушам музика пред спиење. Понекогаш ми се случува и да заспијам со музика, и да станам додека плејлистата по n-пат почнува од почеток.
 
Понекогаш. Слушалките од мобилен на уши и пушти нека вртат песни. :)))
 
Не секогаш, но често знам да заспијам со Моцарт. Имам голем број на компилации зошто татко ми е голем почитувач на неговото дело, а покрај него и јас научив да ја сакам таа музика. Најчесто ми помага да ја победам инсомнијата :)
 
само со класична музика иначе кај други жанрови се концентрирам на зборовите и музиката и не можам да заспијам
 
Da , mirna , tivka muzika .. nekoi love songs ili baladi .. picikato :pipi:
 
Ех, ова е јака работа.
Во регуларни околности, значи ноќе многу тешко заспивам ако има некоја бука околу мене а камоли пуштен компјутер или музика. Со мп3-то порано можеше да се деси да задремам малце али далеку било тоа од спиење.
Ама, кога сум на некое подолго патување сакал-нејќел мора малце да се поспие. И тука се гребам за ајпод или нешто слично , пуштам Арктик Манкис и се заспива одма. Додека се прелиста цела дискографија ја више сум се наспал. А чудна работа е што откако ќе заврши плејлистата и ако случајно ја немам подесено да почне од почеток, одма се будам :/

Парадокс некој :) Со пуштена спијам, а со исклучена не.
 
Најчесто заспивам со Enya или пак ако сум го оставила тв/радио пуштено заспивам и така :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom