Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Типичен глумец кој обожава да глуми на веќе проверена територија и не сака да излезе од комфорната зона (Анистон стил). Се ближи накај 50ката, а уште глуми во филмови за тинејџери. Сепак, колку што е преценет, поради фактот што глуми едни исти улоги во едни исти филмови, толку е на некој начин и потценет.

Пример за ова второто е глумата во Reign Over Me. Пред да го гледам филмот се сомневав дека ќе може да се снајде во таква типична драма и мислев дека ќе биде засенет од Чидл. На крај, се изненадив пријатно што го гледам во такво светло. По филмот се гледа дека типот е талентиран и дека може да глуми во поинакви и поквалитетни филмови, ама изгледа едноставно не сака.

Инаку, омилени филмови ми се Happy Gilmore и The Wedding Singer. Click не сум го гледал (изгледа треба да го гледам колку да видам дали ќе заплачам). Ќе го пишам истото што го пишав и за Том Круз. Редно време е Сендлер да еволуира и да порасне како актер. Еве нека земе пример од Џим Кери, кој иако се прослави по комедиите, најде време и желба за нешто посериозно (Eternal Sunshine, The Majestic). Сепак според планираните идни филмови на IMDb мислам дека никогаш нема да се уозбили.
 
Јас го сакам. Пораснав со Big Daddy и Happy Gilmore.
Зохан е ужас жив, не успеав да го догледам. Отидов да се туширам на сред филм, жими се.
50 first dates и Anger management ги обожавам. Јес да вториов ради Џек Николсон.
Му ги имам гледано и I now pronounce you.. и Bedtime stories и ми беа просечни.
Little Nicky ми беше некако одвратен.
Click го имам гледано ама тужно беше у пм, не го сакам.

У секој случај, добар е. Не е некој револуционарен комичар, ама одговорен е за неколку надпросечни филмови. Јас тоа го ценам.
 
Јас сум од хејтерите. Не во смисла на хејт како за Николас Кејџ на пример кој ми има уништено добри филмови, туку повеќе сум незаинтересиран за ликот и делото на Адам Сандлер. И без тоа не сакам идиотски комедии, тој само придонесе кога ќе видам филм со него да го избегнам зошто знам дека е уште една копија на истиот филм во кој Адам го игра истиот глуп карактер, со истиот тон на гласот, истиот израз на лицето и се што иде во пакет... Просечен актер кој заработува одлични пари од многу просечни филмови.

Reign Over Me е според мене единствениот добар филм од тие што сум ги гледал, затоа што пред неколку години престанав да го гледам. Сега проверував на IMDB што има снимено во последно време и после се сетив да ѕирнам на Rotten Tomatoes (ретко чепкам таму) за да видам што викаат критичарите, и еве некои од оцените за последните филмови: Jack and Jill 3% (0.3/10), Just Go With It 19% (1.9/10), Grown Ups 10% (1/10) - овие три филма имаат заработка од преку 300 милиони долари. И филмот во кој е сценарист, Bucky Larson има фантастични 0% - ниту една позитивна критика. Не се поистоветувам со критичарите сметам дека многу пати се престроги и јас немам толку лошо мислење за него, но ова е само показател за филмовите кои ги прави, барем во последно време.

Како ѕвезда тој има потврден статус, има публика која го сака и купува карти за неговите филмови. Како актер е во просекот. За комедиите црн бумбар.
 
Aман бе, сите ли го имате гледано Reign Over Me? Мислев само јас го имам гледано. Pearl Jam. :drk:
Ретко симнувам негови филмови, освен за домашна атмосфера, за фамилијарни филмчиња е океј дечкото, за смешен - не ми е. За добар - далеку од тоа. Friendly face е oнака, и поголемо име за продавање на филмовите.
 
Јас сум од фановите на човеков.
За мене многу добри комедии има Сендлер, ме има претерано многу смеено.
Mr. Deeds, Big Daddy, Happy Gilmomre, The Waterboy, Anger Managment, The Longest Yard и уште многу други му се стварно добри филмови.
Reign Over Me не ми е гледан, ама после толку фалење дефинитивно оди во вочлиста, ќе биде и тој изгледан деновиве.
Последно од него што ми е гледано е Just Go With It и очекував некоја ептен веќе видена Џенифер Анистон стил комедија, ама испадна многу поинтересно од тоа.
Можеби треба да се проба малку повеќе во посериозни филмови, ама зошто би го правел и тоа воопшто кога и овака има голем успех и огромна заработувачка.
 
Чист пример како можеш да направиш милиони од глумење на приглуп човек. Еден од напреценетите глумци во Холивуд во однос на хонорарот што го зема за еден филм. Никогаш не ми бил смешен и неговите неколку филмови што ги имам гледано ми се најглупавите комедии што ги имам гледано. Претпоставувам дека луѓето што се смејат на комедиите од Сендлер, се истите кои се смејат на скечовите од Џеврије така што има доста публика кај нас. За во САД не правам муабет, идеален е за дечиња од 5 до 9 години од причина што во неговите филмови нема ништо за цензура.
Кај мене во селово се вика за типови како него..Прај го ти глуп, ама тој по жица оди.
 
После Николас Кејџ овој ми е втор на листа на најпреценетите актери кои врска немаат од глумење, најмалку во комедија. Не сум го гледала Reign Over Me, макар што и да се надминал себеси тоа нема да ми го смени мислењето за неговата идиотска смисла за хумор. Ми текнува кога прв пат седнав да го гледам The Waterboy. Мајко моја мислев дека само човек со ретардација може да смисли вакво сценарио. Грев е што човеков прави пари на вакви идиотски филмови.
 
Многу слоевит и симпатичен актер, Гери Олдман може да му позавиди на трансформациите и различните ликови што ги глуми, го редефинира поимот комичар со неговите цимолења, лигавења, и врескања. Ако правиш филм и ти треба возрасен да се понаша како мало дете - Адам С. из јоур гај! (ако он не е слободен тука се неговите другарчиња Бен Стилер и Роб Шнајдер).

Ќе признаам дека се смеев на Вотербој, Хепи Гилмор, Клик, Ерхедс (Д Лооуууун Реннн-џерссссссс), ама тоа е поради slapstick хуморот, сценариото, не поради него. Замислете го на пр. Гоустбастерс без Бил Муреј , а-хааа и харизма требало да има еден добар комичар.

Зохан му е врв во кариерата, не знам како не беше номиниран за оскар филмов...?
 
Интересни ми беа неговите филмови, многу одамна. Сеа не можам да го поднесам, антипатичен лвл: Том Круз...ама овој вториов бар има некои добри филмови за кои вреди да ја издржам неговата антипатичност.

Најдобар филм со него ми е Airheads, а и таму нема некоја посебна улога. Ме изненадивте со коментариве за Клик, го напраивте еден од најемотивните филмови.

У суштина, најдобрата ствар у филмовите на Сендлер е Стив Бушеми.
 
Кога бевме деца , ја сакавме неговата идиотска смисла за хумор . Сега е ред на друга генерација на деца да го сакаат
 
И смешен и досаден, али не ми смета да го гледам. Најомилен филм со него Big Daddy. И не очекувам некои посериозни улоги, а искрено не би ни сакал да го гледам во такви
 
Вреди ли за овој да се дискутира? :pos:

Фактот што филмови на Сендлер, Џим Кери, Стилер и Роб Шнајдер се секогаш на врвот од бокс офисот е многу силен доказ за масивниот идиотизам на широките маси.
Сите филмови им се од ист шаблон, смотан клошар се заљубува во девојка, прави идиот од себе саат и пол време и на крај се фаќаат со девојката.
Ај ќе разбирам два-три вакви филмови се доволни, ама целата кариера им е составена од едно те исти филмови затоа што знаат дека има милиони идиоти, токмаци, и тинејџерки кои ќе го гледаат филмот.
Ова не е комедија, комедија е Монти Пајтон, spoof жанрот на браќата Zucker и Abrahams.

Се надевам наскоро ќе ги снема ваквите филмови за да се отвори врата кон поинтелигентен хумор, но додека има овци, ќе има и џемпери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom