Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Како дете ми беше омилен глумец. Kако да израснав со неговите комедии, почнувајќи од Ace Ventura: Pet Detective, The Mask, Dumb and Dumber, Liar, Liar итн. Се сеќавам и дека имав постер од The Mask залепено в соба. Според мене, Џим бааги се издвојува од преостанатите жанр-комедија-глумци. Пред се', бидејќи кога игра во комедии способен е да толкува различни карактери, наместо типичните goofy-misunderstood типови. Кога стануваа збор за комедиите, Џим е способен да долови цел дијапазон на ликови, од психички-поделени личности (Me, Myself and Irene), човек соочен со финансиски проблеми (Fun with Dick and Jane), па до чудни суштества (The Grinch). Во начинот на глумење малку ме потсеќа на Џери Луис.

Она поради кое најмногу го ценам е што не е само типичен жанровски глумец. За прв пат го видов во нешто поинакво во The Cable Guy. Со The Truman Show веќе сфатив дека Џим е феноменален глумец општо, а не само во комедии. Не за џабе за истиот филм има освоено Златен Глобус. Сепак, мојот најомилен негов филм е The Eternal Sunshine of the Spotless Mind, за мене култен филм. За жал, Џим ретко го гледаме во вакви филмови. Некаде имам прочитано дека Џим повеќе сакал да глуми во драми, но, обесхрабрен поради неуспехот на The Majestic, ретко одлучува да експериментира и повеќе се задржува на веќе проверената теорија, т.е. комедиите.

Еве нешто од неговите почетоци. Специјална емисија на Showtime од '91-ва наречена Jim Carrey's Unnatural Act
 
Ај малце да свртиме на друг актер,слично по комедииве и тој ...
Што мислите за Еди Марфи?
Според мене е добар глумец има интересни и смешни филмови....
 
Ај малце да свртиме на друг актер,слично по комедииве и тој ...
Што мислите за Еди Марфи?
Според мене е добар глумец има интересни и смешни филмови....
Не може да свртиме на глумец, додека има ставен некој друг на тапет. Овде ќе се дискутира за Џим Кери додека јас или било кој од другите модератори не го смениме. Муабет за друг актер е оф топик и се брише.
 
Џим ја има започнато филмската кариера благодарејки на Клинт Иствуд. Клинт го имал видено во некој комеди клаб и така се изнасмеал од ''гумениот'' човек, и го става во неговиот тогашен нов филм Розев Кадилак(го вртеа порано на Сител секоја сабота, ако некој се секава. Џим се појавува само 5 секунди и толку) и исто така после Џим се појавува во последниот дел од серијалот филмови, Прљавиот Хари каде што глуми копија на Аксел Роуз со се дрога и алкохол.

А инаку колку само продолженијата на негови филмови страдаат што тој не е во нив. Синот на Маската како неславно си пропадна. А за Ејс Вентура 3 се решиле мало буце да стават во главна улога :facepalm:
 
Добар е Кери. Сними неколку комедии кои ќе се памтат (барем јас ги памтам) и кои се смешни, што не може да се каже за сите комедии. Сними и неколку „посериозни“ филмови и се виде дека и за тоа го бива, иако студијата и веројатно поголемиот дел од публиката сакаат да гледаат на него главно како на комичар, што е штета. Не се сеќавам дека добил оскар, што исто така, е штета.
Канаѓанец е, исто како и Лесли Нилсен и Џон Кенди, па испаѓа дека северниве соседи на САД ги бива за заебанции.
 
Џим Кери е генијалец! Друг епитет за овој глумец не ми текнува.
Мој омилен филм - The Truman Show.
 
Џим Кери ми е еден од најјаките и најинтересните глумци. Најдобри ми се Лајр Лајр и Брус Олмајти. Некој дан знајт нешто за http://www.imdb.com/title/tt0790628/ новиот филм?
 
Џим Кери ми е еден од најјаките и најинтересните глумци. Најдобри ми се Лајр Лајр и Брус Олмајти. Некој дан знајт нешто за http://www.imdb.com/title/tt0790628/ новиот филм?
Да погодам, уште еден срање филм кој троши 90 посто од буџетот за Џим Кери со своето име да му донесе успех во театрите?
 
Ај да не бидеме хејтерчиња, стајте глумица, да ја видеме таа објективноста баш.....
 
Кај се даваат предлози?
Немам привилегии на профилите на модераторите на под-форумов.
 
Кај се даваат предлози?
Немам привилегии на профилите на модераторите на под-форумов.
Мојот профил е отворен. Мислам дека и на Рокенрола профилот е :)
Пиши и овде предлог, ќе смениме денес дискусија. Малку да освежи.
 
Ја предлагам талентиранава госпоџица - http://www.imdb.com/name/nm1519680/ на која никако не можам да и го напишам или изговорам правилно името.
Пред 10 дена наполни 18 години, а веќе има номинација за Оскар позади своето име.
 
Мислам дека е боље да одиме со малце поискусни/постари глумци, па дури и со некои што не се меѓу живите, од проста причина што има повеќе материјал за коментирање. А би се согласил дека е време да им посветиме малку време на актерките. :)
 
^
999fcb_helena_bonham_carter_006.jpg

Сакам да ги прекршам првите две правила. fuck the police im a rebel
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom