Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
Awesomebooks.com

Користени книги ама стварно сочувани. Не праќаат оштетени, си држат рејтинг. Има и нови ако сакаш. Достава за во UK бесплатна, други држави е 3 фунти (210ден.). Се што сум нарачал стигнало.
Во глобала онлајн саем цела година. :)
Кој нарачува прогуглајте, често има промо кодови за попуст и до 20%.
c20a8493459883908f950e743f31e17b.jpg
2f95d65b113a0a7efd277fc88dd4a753.jpg
410b6b74012381a6fcda51d5f0be3523.jpg
95d5ebd6ad45da6366b9cfaa86e2e12b.jpg


Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Кај ја отворив темава, кај се заебав.
Го видов линкот и рокнав 100 евра за ова.
Јебига, да се почастам нешто од К-15-от. :D

7115rLXaMkL.jpg
 
Што се случува со душата на личноста кога
дементорот ќе му ја исцица? Престанува да постои или продолжува да постои заробена во дементорот хранејќи се постојано со нејзината болка?
 
Одамна немам пишувано рецензија за филм!

Го гледав Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts и ми се допадна.

Толку од рецензијата! :sleep:

Лажам!

Убава ретроспектива на сите филмови, малку пластично, ама ми се допадна.

Омилен ми е третиот дел, делот каде серијалот од детски станува семеен. Самиот филм е ремек дело.
Алфонсо Куарон е визионер, тоа филм ми е најрепризиран филм и уште долго ќе го репризирам. Секоја сцена е како адекватно точно изгравирано парче во еден мозаик, сем првата сцена која е мега дебилна. Лумос максима надвор од Хогвортс!!! :rolleyes:

Филмот е кулминација на неговата режисерска кариера. :love:

Крис Коламбус одлично ги доловува, ама малкуцка го инакази вториот дел, што не се простува. Кој ја прочитал книгата знае дека недостасува еден круцијален сегмент. Притоа тука фали една сцена, која е инкорпорирана во документарецот, за односот меѓу Луциус и Драко. Куарон немало да ја скрати затоа тој не само што трпеливо го гради наративот во приказната, туку креира една магична блискост меѓу самите ликови. Хари конечно пронајде семејство во кое можеше да припаѓа, фигурата на татко која недостасуваше од самиот почеток. Иако е саможртва, успева да го сочува здравиот разум, но и самата душа. Ќе се дрзнам да цитирам една друга серија: "the worst thing about prison...was the dementors. They were flying all over the place and they were scary and then they'd come down and they'd suck the soul out of your body and it hurt!".

Не знаев дека Хелен (актерката која ја глуми мајката на Драко) лани починала! 68-мо годиште, жално. Не треба да се запостави нејзината макартна улога во серијалот. Не е прикладно претставен ликот (Нарциса) од книгите на филмското платно. На филмското платно гледаме топлина, жар, љубов, гледаме фигура на мајка која ризикува сѐ во животот за својот син, лик кој не е посветен на својата кауза, туку на своето семејство.

Убав in memoriam момент за сите актери и актерки кои досега починаа.

Сеуште не сум импресиониран од Последната битка. Требало да се држат до книгата, крајот мораше да биде епски, круната на целиот серијал, да се почувствува триумфализмот, сте емоции да кулминираат и спласнат во тој последен миг. И...ништо. Тој момент беше тотално разочарување.

Една од најмоќните пораки е Always, толку треба да се знае за ликот и делото на Снејп, и мислам дека тоа секогаш допира до мене. :pipi:

Нема да навлегувам подетално и посуштински, само сакав да го потенцирам мојот омилен дел, па и филм. Убав опфат имаше и за другите филмови, за врските и односот надвор од камерите. Само немаше многу од Џоана, пар сегменти, како да ја фатиле на брзање, сепак она е срцето и душата на серијалот, требало она да ја има режисерската палка. Или барем дел од колачот. Тука сум разочаран.

Изгледајте го, 100 мин трае. :sleep:
 
Една од најмоќните пораки е Always, толку треба да се знае за ликот и делото на Снејп, и мислам дека тоа секогаш допира до мене. :pipi:
Најмоќната сцена.
 
Барем тврд повез да беше за тие пари..
 
FB_IMG_1643529963143.jpg FB_IMG_1643529979891.jpg FB_IMG_1643529988580.jpg

Пост од 15 декември од отворањето на новата книжарница на КУЛТУРА позади Собрание. Под глобусот може да се видат сите 7 нови изданија на ХП. Ептен ме зачуди ова. Претпоставувам се на англиски или некој друг јазик, или можеби едноставен се ставени колку за на излог. Некој бил во оваа книжара?
 
Прегледај го приврзокот 320750 Прегледај го приврзокот 320751 Прегледај го приврзокот 320752

Пост од 15 декември од отворањето на новата книжарница на КУЛТУРА позади Собрание. Под глобусот може да се видат сите 7 нови изданија на ХП. Ептен ме зачуди ова. Претпоставувам се на англиски или некој друг јазик, или можеби едноставен се ставени колку за на излог. Некој бил во оваа книжара?
Сигурно се англиски.
 
Инаку еден дечко што работи во литература.мк ми кажа дека биле преведени сите делови на македонски од нивната издавачка куќа, ама дека процедурата за авторски права е долга за секоја книга.
 
Не знам колку се добро зачувани. Кој сака да ги купи Хари Потер на македонски комплет попуст 6.080/5.300 денари. Првите 5 се од Арс Ламина/Литература а другите две се од Младинска книга.


Има и книги Игра на Тронови, Господар на Прстените + Хобитот, Нарнија и други.
 
Последно уредено:
Три нема издадено Хари Потер. Од Арс Ламина се.
Грешка моја на Арс Ламина/Литература мислев. Фала што ме потсети да пишам точно.

Еве овде за 5.400 денари.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom