Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 322528

Изгледа готови се и последните 2 книги. Кај да е, ќе ги пуштат во продажба.
Ќе има ли некаква "кутија" за да се чуваат книгиве како што тоа го имаат странските издавачи на Хари Потер?

Јас немам купено ни една книга а би сакал доколку некогаш им ја намалат цената на книгиве.
 
Последно уредено:
Јас немам купено ни една книга а би сакал доколку некогаш им ја намалат цената на книгиве.
Никогаш нема да се случи тоа. Максимум до 20% ќе има попуст, од тоа повеќе не очекувај. Последните 2 дела ќе бидат сигурно поскапи и од претходниот, очекувам околу 1500 по книга.
Ќе има ли некаква "кутија" за да се чуваат книгиве како што тоа го имаат странските издавачи на Хари Потер?
Би требало, Арс Ламина имаат такви кутии за други нивни изданија, како на пример едицијата на Агата Кристи. Само се сомневам дека таа кутија би се продавала самостојно, туку само ако купиш цел комплет книги, што значи јас сигурно нема да ја имам. :D
Како што пишав погоре преведени биле одамна, само се чекало да заврши постапката за авторски права.
Уште кога излезе третиот дел, некаде во септември или октомври 2020, во книжарница ми дадоа информација дека четвртиот и петтиот дел се веќе преведени и во печатница. Според книжарот таму, во план беа четвртиот дел да излезе до крајот на октомври 2020, петтиот до крај на ноември, а пред новогодишните попусти до декември 2020 требало да се комплетира целата колекција. Како што знаеме, цела година помина од тогаш, на секое прашање и по книжарници и на facebook само креваа раменици и кажуваа дека не знаат што се случило. Дефинитивно имало некаков проблем, а не било до печатницата, како што велеа тогаш. Дефинитивно имале проблем со авторските права.
 
Би требало, Арс Ламина имаат такви кутии за други нивни изданија, како на пример едицијата на Агата Кристи. Само се сомневам дека таа кутија би се продавала самостојно, туку само ако купиш цел комплет книги, што значи јас сигурно нема да ја имам. :D
Е тоа им е безвезе потег. Барем да има посебно да си го купиш.

Околу цената на книгиве да ги купиш сите одеднаш пола од платата ќе ти отиде месечно одма. И да ми се заштедени на картичка сметка штедна па да дадам за цел комплет книги не би го направил тоа никогаш. Многу се скапи книгиве.

Еднаш пишав двајца пар па пола по пола да ги купувате книгиве една по една на секој месец можеби е исплатливо.
 
Иштав ме фати за книгиве сега :D Како стојат со преводот?
 
Иштав ме фати за книгиве сега :D Како стојат со преводот?
Одличен е. Преведуваат имиња само онаму каде треба. Пр. Scabbers - Шугле, Erised - етиблеж (обратно од желби) и сл.
 
Околу 100 евра се сите. Нешто помалце од тоа. Мене ми фалат уште последните 3.
 
Редовните цени се овие:

Хари Потер и Каменот на мудроста
650 мкд

Хари Потер и Одајата на тајните
650 мкд

Хари Потер и и затвореникот од Азкабан
700 мкд

Хари Потер и Пламениот пехар
950 мкд

Хари Потер и Редот на фениксот
1150 мкд

Хари Потер и Полукрвниот принц
850 мкд

Хари Потер и Реликвиите на смртта
950 мкд

Комплет
5630 мкд
или просечно 800 по книга.

Моментално на првите три има 10% попуст, со што доаѓа 5430 денари за комплет.
 
Скапо премногу за наеднаш да ги купиш сите а и оделно за некој од книгиве исто скапо но како што и пишав тука ако имате со некого да делите заедно да ги купувате месечно книга по книга можеби исплатливо е така.

Убаво би било Литература и Narnia, Lord of Rings, Hobit и слично друго да почнат да преведуваат.
 
Убаво би било Литература и Narnia, Lord of Rings, Hobit и слично друго да почнат да преведуваат.
Сите овие веќе се преведени. Ако Литература ги реиздадат и нив, само цената ќе им скокне.
 
Сите овие веќе се преведени. Ако Литература ги реиздадат и нив, само цената ќе им скокне.
Бидејќи и ретко читам книги не знам точно што е преведено на македонски јазик..

Fantastic beasts може исто е од Џ.К Ролинг тоа сигурно не е преведено на македонски јазик.
 
Последно уредено:
Решив да се женам само за да ги купам книгиве со партнерката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom