Лажам!
Убава ретроспектива на сите филмови, малку пластично, ама ми се допадна.
Омилен ми е третиот дел, делот каде серијалот од детски станува семеен. Самиот филм е ремек дело.
Алфонсо Куарон е визионер, тоа филм ми е најрепризиран филм и уште долго ќе го репризирам. Секоја сцена е како адекватно точно изгравирано парче во еден мозаик, сем првата сцена која е мега дебилна. Лумос максима надвор од Хогвортс!!!
Филмот е кулминација на неговата режисерска кариера.
Крис Коламбус одлично ги доловува, ама малкуцка го инакази вториот дел, што не се простува. Кој ја прочитал книгата знае дека недостасува еден круцијален сегмент. Притоа тука фали една сцена, која е инкорпорирана во документарецот, за односот меѓу Луциус и Драко. Куарон немало да ја скрати затоа тој не само што трпеливо го гради наративот во приказната, туку креира една магична блискост меѓу самите ликови. Хари конечно пронајде семејство во кое можеше да припаѓа, фигурата на татко која недостасуваше од самиот почеток. Иако е саможртва, успева да го сочува здравиот разум, но и самата душа. Ќе се дрзнам да цитирам една друга серија: "the worst thing about prison...was the dementors. They were flying all over the place and they were scary and then they'd come down and they'd suck the soul out of your body and it hurt!".
Не знаев дека Хелен (актерката која ја глуми мајката на Драко) лани починала! 68-мо годиште, жално. Не треба да се запостави нејзината макартна улога во серијалот. Не е прикладно претставен ликот (Нарциса) од книгите на филмското платно. На филмското платно гледаме топлина, жар, љубов, гледаме фигура на мајка која ризикува сѐ во животот за својот син, лик кој не е посветен на својата кауза, туку на своето семејство.
Убав in memoriam момент за сите актери и актерки кои досега починаа.
Сеуште не сум импресиониран од
Последната битка. Требало да се држат до книгата, крајот мораше да биде епски, круната на целиот серијал, да се почувствува триумфализмот, сте емоции да кулминираат и спласнат во тој последен миг. И...ништо. Тој момент беше тотално разочарување.
Една од најмоќните пораки е Always, толку треба да се знае за ликот и делото на Снејп, и мислам дека тоа секогаш допира до мене.
Нема да навлегувам подетално и посуштински, само сакав да го потенцирам мојот омилен дел, па и филм. Убав опфат имаше и за другите филмови, за врските и односот надвор од камерите. Само немаше многу од Џоана, пар сегменти, како да ја фатиле на брзање, сепак она е срцето и душата на серијалот, требало она да ја има режисерската палка. Или барем дел од колачот. Тука сум разочаран.
Изгледајте го, 100 мин трае.