Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ви трејлер од екранизацијата на вториот дел од 7-мата книга. Пазете сцената на 1:07 :)

:pos:
Да не си читал некоја друга книга?

Леле јас на времето со Арес спуштив Harry Potter and the Triangle Prophecy, огромна беше, понав да ја читам, до пола стигнав и прекинав. А интересна беше.
 
Да не знае некој каде може да се најде целиот серијал книги Хари Потер од 1-ви до 6-ти дел на Македонски и по која цена ?
Благодарам, однапред :)
 
Во Култура треба да ги имаш првите пет дела, шестиот мислам дека е во Матица... За цена, не знам што да ти кажам, кога ги земав на времето беа мн. скапи, сега веројатно се поефтини. Знам дека седмиот дел е 1000 денари.
 
Во ред, благодарам многу.
 
Најдобро осмислен свет. Предобро напишани (дури) седум книги. Ликови кои се градат природно и спонтано и со кои лесно можеш да се поврзиш. Фан од 2001 година, па се до крајот на животот. „Хари Потер“ ми го обележа животот. Благодарам, Џо!
 
Кога е премиерата на 2 дел од Хари Потер?
 
1-5иот дел колку пари ќе ме фати да го купам, на македонски нека биде :)
 
Јас до The Order of the Phoenix ги имам читано изданијата на Култура. И преведувањето на сите презимиња (освен на Хари, Дамблдор, Хагрид...) ми идеше на живци ептен :giggle:. После тоа мислам дека они прекинаа да ги издаваат, па така не знам кој ги има издадено последните два дела. Ако ги има некој читано Half Blood Prince и The Deathly Hallows на македонски, нека пише дали и таму беспотребно се преведувани некои работи (Метлобој :pos:) или се свеснале дека подобро е да се задржат оригиналните називи...баш ме интересира.
Инаку дефинитивно препорачувам на англиски да си ги читате.
 
Кога е премиерата на 2 дел од Хари Потер?
На 15-ти јули, во Битола. Проекциите се од 20:00 и 22:30, а картата чини 150 денари. Тогаш е и светската премиера. Поздрави!
 
Немој македонски грд превод е... бар она ја што имам читано. Може има и сменето.
до петиот дел е со глупиот превод, 6 го зачитав беше со добар превод
Јас до The Order of the Phoenix ги имам читано изданијата на Култура. И преведувањето на сите презимиња (освен на Хари, Дамблдор, Хагрид...) ми идеше на живци ептен :giggle:. После тоа мислам дека они прекинаа да ги издаваат, па така не знам кој ги има издадено последните два дела. Ако ги има некој читано Half Blood Prince и The Deathly Hallows на македонски, нека пише дали и таму беспотребно се преведувани некои работи (Метлобој :pos:) или се свеснале дека подобро е да се задржат оригиналните називи...баш ме интересира.
Инаку дефинитивно препорачувам на англиски да си ги читате.
до петиот дел е со глупиот превод, 6 го зачитав беше со добар превод, иначе ако се македонски ме интересира колку пари се вкупно од првиот до петиот дел, за 13 годишна ми се
 
Back
На врв Bottom