D-r-ot
од поликлиника
- Член од
- 8 јануари 2009
- Мислења
- 3.360
- Поени од реакции
- 941
Друже, со една работа, па колку и да била добра, ништо не правиш. Ќе бидеш на нула, прашање е дали и ќе бидеш на нула. Пари се прават од втората работа. Гледајте работите да ви бидат со бакшиш, бидејќи таму лежат парите. Секој во Америка остава бакшиш, како навика им е. Како што кај нас е навика да се испокараш со келнерот/келнерката, така таму навика им е да остават по некој долар. Келнерите таму заработуваат повеќе од нашиве менаџери овде. Келнер покрај Американци нема теорија да бидеш, но можеш да бидеш басер или фудранер, кои што исто имаат бакшиши.А дали заработувате доволно, т.е. дали барем си ги враќате парите кои ги дадовте за карта + агенцијата тоа што средува, и дали барем нешто за вас ќе остане? Колку е тоа нешто? Само не ми кажувајте зависи од која работа, бидејќи свесен сум за тоа, претпоставете една работа и кажете ми колку од неа може да се заработи, колку да се даде за трошкови и сл.
Многу нелогични ми се овие прашања. - „а дали има пари во Америка и колку ќе вратам“, кога ќе слушнам, искрено, не знам што да одговорам. Дури и избегнувам да одговарам зошто смешно е. Среќа е, а и снаодливост. Ако те пратат у некоја пустелија, па колку и да снаодлив - џабе ти е. Или па ако се најдеш у некое добро место со многу туристи и локали, ама не си снаодлив, пак - џабе ти е.
Трошковите ти се исто така поврзани со личноста. Сите сме различни и сите различно трошиме. Колку ќе заработуваш од одредена работа исто така зависи и од државата кај што си. Во Масачусетс можеби заработуваат повеќе, но и повисок е стандардот за живот. Во Калифорнија, Флорида, Њујорк и остали познати држави. Поради тоа многу други непознати држави се добра прилика за заработка и мали трошоци.
Тоа е.