Work and travel USA

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.600
Поени од реакции
14.428
Леле овие што прашуваат, камо ли да има пари за враќање, најлесна работа е како ќе ги вратиме.. :D

Иначе најверојатно ќе ги носам со мене, а исто добра опција е и moneygram.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
11 август 2008
Мислења
36
Поени од реакции
6
Од тие што се вратени или кај и да е ќе се враќаат, импресии од годинава? Каде бевте, со која агенција, колку плата итн. Да живне темава :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.600
Поени од реакции
14.428
Од тие што се вратени или кај и да е ќе се враќаат, импресии од годинава? Каде бевте, со која агенција, колку плата итн. Да живне темава :)
Има уште 20 дена додека се вратам, али еве импресии..

Во Wisconsin Dells сум, преку Викинг, на self програма сум, задоволен сум од агенцијата, нивната работа си ја вршеа како што треба.

Местото е океј, има што да се види, водни паркови со милион работи во нив, ролеркоустери колку сакаш, и уште многу многу интересни работи.. Сезонско место е, така да имашеработа од 1ви Јуни до 2 Септември, после labor day, ништо немa. :)

Плата 7,5 од една работа (во кујна), и 7,25 од втора + бакшиш (басер), со бакшишот ми испаѓаше околу 10$ на саат, не е многу бакшиш, али многу помага, парите од бакшишот ги трошев за јадење, пиење, а парите од чековите ги мењавав само за да платам смештај или доколку сакам да си купам нешто поскапо. Вкупно имам заработено околу 5000 $ (без такси), моментално во мене имам чисти пари околу 1300 $ (треба да земам уште два чека до крајот, али тие ќе бидат помали), вратени ми се сите пари што ги дадов за програматa, карта, итн, плаќав смештај за 4 месеци (300$ месечно), имам резервирано авионска карта и платено хотел за 5 дена во Мајами, си купив телефон и контролер, бев на концерт на Тиесто, и уште некои "ситни" работи (брендирана облека, точак пошто работата ми беше далеку, по нешто за моите дома, итн..).. Ова е без ни долар штедење, буквално ич не штедев, кога ми се јадеше во ресторан јадев во ресторан, кога пазарувавме, купував она што мене највеќе ќе ми се свиѓа а не она што е најефтино.

Се на се, јас сум презадоволен, знаејќи дека во Македонија работев 100 пати потешка работа, а месечно можев да заработам не повеќе од 12 000-13000, а со тие пари тешко дека ќе си дозволев нешто повеќе, како тоа што го пишав погоре.. Башка што си во Америка, ќе видиш друг свет, друга култура, искуство..

За сите оние што сакате да одите.. На почетокот ќе ви биде интересно, во јули месец кога е најголемата гужва и кога има највеќе работа ќе викате едвај чекам да дојде септември да си одам дома, а кога ќе дојде септември, кога ќе нема многу работа, кога ќе имате време за шетање, кога ќе имате заработено пари, нема да ви се оди ич дома. Ова ми се случи мене, а знам најмалку уште 10 души што истото ми го рекоа. :)
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Какви се тие чекови кои што ги спомнуваш...... ќе сакаш да појасниш малце?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.600
Поени од реакции
14.428
Какви се тие чекови кои што ги спомнуваш...... ќе сакаш да појасниш малце?
Paycheck, или на нашки кажано, плата, ти ја даваат на чек и ти во банка треба да го смениш само. :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Има некој шо останал на црно..... преку овие програми и нека пише како се снаоѓа?
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Има некој шо останал на црно..... преку овие програми и нека пише како се снаоѓа?
ја иам другар што веќе 2 години е на црно :) ( во New Jersey е ) баш ќе го распрашам поубаво, и ќе ти кажам :)

quick question: колку држи вода тоа дека "мора" да имате положено бар пола семестар, за да имате некакви шанси да отидете? јас сеа сум бруцош :$ и би сакала да аплицирам уште оваа година :) читнав наназад дека имало луѓе со предмет-два положени отишле, и дека тоа сето зависи од типците како се расположени во амбасада ..

исто така, парите пропаѓаат ако те одбијат, right?
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Дечки може е оф топик малку ама ако може да ми каже некој инфо некое околу одење германија work&travel,кои агенци имаат таква понуда доста е да ми кажете па јас ќе прашам во агенциите.Планот ми беше да одам Америка но бидеќи сум бруцош годинава не ми е сигурно па размислував да пробам по блиску низ Европа.Е сега,како се шансите за бруцош да добие документи за Америка.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.600
Поени од реакции
14.428
quick question: колку држи вода тоа дека "мора" да имате положено бар пола семестар, за да имате некакви шанси да отидете? јас сеа сум бруцош :$ и би сакала да аплицирам уште оваа година :) читнав наназад дека имало луѓе со предмет-два положени отишле, и дека тоа сето зависи од типците како се расположени во амбасада ..

исто така, парите пропаѓаат ако те одбијат, right?
Не држи ич вода тоа, знам случаеви каде некои со празен индекс добивале визи, и знам некои со цел прв семестар исчистен па не добиле.

Парите не пропаѓаат, т.е пропаѓаат само оние што ќе ги уплатиш на сметка на амбасада (6300 ден.), останатите што ги уплаќаш на сметка на агенцијата ( околу 400 или 700 евра, во зависност од програмата), ти ги враќаат.
--- надополнето: 11 септември 2012 во 15:07 ---
Има некој шо останал на црно..... преку овие програми и нека пише како се снаоѓа?
Сестра ми е останата, а има тука уште многу што ги знам. Што да ти кажам освен дека живот живеат, не сум сретнал досега ни еден што планира за брзо време да се врати во Македонија.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не држи ич вода тоа, знам случаеви каде некои со празен индекс добивале визи, и знам некои со цел прв семестар исчистен па не добиле.

Парите не пропаѓаат, т.е пропаѓаат само оние што ќе ги уплатиш на сметка на амбасада (6300 ден.), останатите што ги уплаќаш на сметка на агенцијата ( околу 400 или 700 евра, во зависност од програмата), ти ги враќаат.
--- надополнето: 11 септември 2012 во 15:07 ---

Сестра ми е останата, а има тука уште многу што ги знам. Што да ти кажам освен дека живот живеат, не сум сретнал досега ни еден што планира за брзо време да се врати во Македонија.

И како се снаоѓа..... како е за работа кога си на црно... објасни малце, мислам дека ке помогне на многумина овде кои размислуваат за таква опција!

ПС. Ако сум надвор од темата, нека се брише мислењево....
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.600
Поени од реакции
14.428
И како се снаоѓа..... како е за работа кога си на црно... објасни малце, мислам дека ке помогне на многумина овде кои размислуваат за таква опција!

ПС. Ако сум надвор од темата, нека се брише мислењево....
Па за работа женски ресторани нештo, не знам во големите градови како е, али во помали места такви воглавно работат. На почеток е тешко, како и секој почеток, али после кога ќе се вклопиш во средината, кога ќе запознаеш пријатели, се е полесно. Прво ќе работиш некоја работа за помалце пари, после ако си добар ќе те унапредат, сестра ми работеше прво како басер во еден ресторан, па после ја унапредија во келнер, а исто работи и во уште еден ресторан таму како хостеса. И прави добри пари, особено преку лето кога е сезоната, за 5-6 месеци си купи кола, се всели во нов стан кој немаше ништо и го опреми цел, троши колку и душа сака, итн..

За машки работа мислам дека има повеќе, има многу македонци кои возат камиони и заработуваат многу пари, е сеа малку тежок живот е пошто камионот ти е втор дом, али возиш од понеделник до петок, викенд си слободен, башка некогаш ќе ти дадат и некоја кратка релација па ќе ја завршиш побрзо и ќе имаш слободно време. Ако не ти се работи тоа, имаш и друг избор, низ ресторани, лајфгарди, бартендери, во маркети, итн, али таму се заработува помалце. Како и да е, ако ти се работи, има работа, не знам ни еден да останал тука а да нема работа. :)

И да, за документи на работа никој досега им немал правено проблем поради тоа што се останати на црно, т.е немаат зелена карта.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
И да, за документи на работа никој досега им немал правено проблем поради тоа што се останати на црно, т.е немаат зелена карта.

Те тоа ме интересира.... мене ми имаат кажано дека сега многу тешко било ако си на црно да најдеш работа.
Тоа ме интересира како се живее без документи!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.600
Поени од реакции
14.428
Те тоа ме интересира.... мене ми имаат кажано дека сега многу тешко било ако си на црно да најдеш работа.
Тоа ме интересира како се живее без документи!
Јас тука не сум слушнал некој да има таков проблем, а можно е во поголемите градови да бараат зелена карта и слични документи. Зависи и тоа каква работа бараш, во која држава, итн, за оние работи што напишав погоре никој досега не им правел проблем.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.297
Е да те прашам нешто,глеам доста се жалат од агенциите дека откако стигнале не ја добиле работата и смештајот за кој биле договорени..има услови доколку те заебат сам да си најдеш работа во местото:)?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom