Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
Пред да идете, направете си копија од лична карта, пасош, виза, работен договор, ДС-от, картички и се што може да ви падне на памет. Чувајте ги на различно место од она каде што ви стојат оригиналите. Што знаете што може да ви се случи...

Не зимајте многу работи во куфер, она што ви е најпотребно зошто таму ќе купите и алишта и се што ви паѓа на памет, многу поевтино од кај нас. Сите што со автобус продожувате по слетувањето од авион, купете си карти на интернет. Многу поевтино е, еве на пример од Њујорк до Бостон, со мегабас картата е 13 долари, во споредба со цената таму на автобуска која е 33 долари.

Ако можете купете штеки цигари од тука, па таму шитнете ги, зошто 2-3 пати се поскапи него ли тука. Ќе ви излезе за смештај за една-две недели.

Извадете студентска картичка ако можете, има многу места на кои што ќе ви дадат попуст со неа. Правете subscribe на сите страници на производителиве за облека, ќе ви стигаат секојдневно попусти на мејл кој после ќе можете да ги користите.

Тоа вака ми паѓа на памет од моето искуство во Америките.

П.С. Најмалку очекувајте помош од Македонци таму. :)
 
Има некој што идел со спиење во Рим ? Ако има нека каже како оди таа процедура, кај е хотелот, со што те носат, каде треба да се најавиш, итн.. :)
 
Има некој што идел со спиење во Рим ? Ако има нека каже како оди таа процедура, кај е хотелот, со што те носат, каде треба да се најавиш, итн.. :)
Кога идеш за Рим?на 30ти?
 
А дали заработувате доволно, т.е. дали барем си ги враќате парите кои ги дадовте за карта + агенцијата тоа што средува, и дали барем нешто за вас ќе остане? Колку е тоа нешто? Само не ми кажувајте зависи од која работа, бидејќи свесен сум за тоа, претпоставете една работа и кажете ми колку од неа може да се заработи, колку да се даде за трошкови и сл.
 
Има ли некој што ке оди за Њу Јорк на 28ми Мај со AUSTRIAN AIRLINES?
 
А дали заработувате доволно, т.е. дали барем си ги враќате парите кои ги дадовте за карта + агенцијата тоа што средува, и дали барем нешто за вас ќе остане? Колку е тоа нешто? Само не ми кажувајте зависи од која работа, бидејќи свесен сум за тоа, претпоставете една работа и кажете ми колку од неа може да се заработи, колку да се даде за трошкови и сл.
Ако штедиш ќе заработиш, ако живееш ко 50 cent ништо нема да вратиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom