Work and travel USA

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Јас планирам сите да ги напишам на ливче и ќе влечам која ќе ми падне таму идам :)
Сите си имаат свои спонзори сите имаат различни понуди и цени но на крај секаде е скоро исто.
Провери им веб страници на сите, јави се и ќе ти пратат кој што нуди. Ако некој ти е сумњив прати е-маил директно на спонзорот со кој работат или на фирмата што ја нудат и ќе ти одговорат или ко мене на ливче и кај ти е судбината таму.
Јас лани слепец бев и се пријавив у Зип, а ми викаа немој, ама они од нас живеат глупавите. Сега нема да дозволам никој повеќе да утне. Можда некогаш биле добри ама сега боље да не зборам.
Инаку најдобро ти е да се пријавиш до нова година и заради пониска цена и за побрзо да завршиш се и во амбасада и да не биде се во паника во 5 до 12.
Инаку јас лани уште у октомври платив прва рата. Ако те интересира каде најдобро се заработува Block Island и Cape Cod. Од таму се вратија со 4 цифри, јас нормално бев заебан па неможам да се фалам
Важи другар, ќе разгледам понуди од сите агенции. Ќе побарам по интернет кои агенции се (ако знаеш некои можеш да ми постираш, зошто јас коузон, и зип ги знам :D) и ќе видам што како се и со цените.
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
11
Поени од реакции
16
Важи другар, ќе разгледам понуди од сите агенции. Ќе побарам по интернет кои агенции се (ако знаеш некои можеш да ми постираш, зошто јас коузон, и зип ги знам :D) и ќе видам што како се и со цените.
Овие се од Скопје сите, ако не си во Скопје пиши ќе ти пратам уште:

Наром Травел, имаат саем само еднаш во февруари мислам така ми пишаа. Јави им се ќе ти објаснат
www.naromtravel.com.mk
http://www.facebook.com/narom.travel - Narom

AmeriQuest, немаат саеми, само понуди
http://www.ameriquest.com.mk/
http://www.facebook.com/AmeriQuest

Коузон, ги знаеш, незнам дали имаат FB страна, најавуваат саеми ако имаат
http://www.kouzon.com.mk/

Интракс Македонија, овие се канцеларија на ам. спонзор Интракс(http://www.intraxinc.com/)
првиот саем им е во декември, а ми пишаа три ќе имаат
http://www.intraxmacedonia.com/
http://www.facebook.com/pages/Intrax-Macedonia/197704436965994

Контекст, нема саеми, само понуди
http://www.kontext.com.mk/

Викинг Травел, овие не се од Скопје, ама имаат и тука канцеларија и немаат саеми, само понуди
http://www.vikingtravel.mк
http://www.facebook.com/vikingtravel.mk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Овие се од Скопје сите, ако не си во Скопје пиши ќе ти пратам уште:

Наром Травел, имаат саем само еднаш во февруари мислам така ми пишаа. Јави им се ќе ти објаснат
www.naromtravel.com.mk
http://www.facebook.com/narom.travel - Narom

AmeriQuest, немаат саеми, само понуди
http://www.ameriquest.com.mk/
http://www.facebook.com/AmeriQuest

Коузон, ги знаеш, незнам дали имаат FB страна, најавуваат саеми ако имаат
http://www.kouzon.com.mk/

Интракс Македонија, овие се канцеларија на ам. спонзор Интракс(http://www.intraxinc.com/)
првиот саем им е во декември, а ми пишаа три ќе имаат
http://www.intraxmacedonia.com/
http://www.facebook.com/pages/Intrax-Macedonia/197704436965994

Контекст, нема саеми, само понуди
http://www.kontext.com.mk/

Викинг Травел, овие не се од Скопје, ама имаат и тука канцеларија и немаат саеми, само понуди
http://www.vikingtravel.mк
http://www.facebook.com/vikingtravel.mk
Фала ти многу. ;)
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
1
Брат иди кај сакаш само немој во Зип. Затоа и реков кај се сите безрбетњаци да пишат како се заебале. Па погледај малку дури и америчкиот спонзор ги откачил. Што мислиш зашто? Секоја фирма и тоа баш секоја фирма у македонија е подобра од нив.
Друже Алек,
Не се секирај Зип се готови, осудени на пропаст. Два пати бев пеку нив, знам, морон сум. Али оваа година беа чатал невиден. Три пати се покајав. Бидејќи неможам да идам веќе на work travel расчистувам со факултет, барав податоци за H2B виза и случајно налетав на регулација на стејт департмент за work travel која вика од 01.01.2012 год. ниту еден спонзор не смее да има повеќе издадени визи од бројот на визи од 2011. Бидејќи секој спонзор работи со агенции од цел свет тоа значи дека визите ќе им останат непроменети за секоја земја. Во превод ако Зип земале од Интракс 300 визи (немам појма колку студенти имале) во 2011, Интракс толку ќе издаде за Мк и оваа година, но Интракс го батали Зип и Зип сега вероватно работи со повеќе спонзори кои нема да им дадат многу визи затоа што ретко кој си го баталува соработникот тек така. Така да во кратки црти, колку студенти и да им се пријават ќе останат без визи, а да не збориме дека спонзорите прво ќе гледаат да си ги продадат премиум понудите затоа што фирмите им плаќаат дебело за тоа, па тек на крај ќе нудат визи за self placed. Друже ако не преминат на селски туризам наскоро, готови се ;)
Еве гледам веќе нудат Нова Година во Прага.
Солидарно и од мене повик до сите кои не се заебале веќе кај Зип, настрана од нив. Ако веќе некој уплатил таму нека ви е со среќа, ќе ви треба !
Еве ви го линкот читајте:
http://www.ilw.com/immigrationdaily/news/2011,1107-j1.shtm

Effective January 1, 2012, the Department is restricting the
size of the Exchange Visitor Program (J-1visa) category of Summer Work
Travel to 2011 actual participant levels
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
16
Значи ве читам толку долго и неможам да ви изначудам...али последно морав да се зачленам и да ви пишам...
Значи не е проблемот до ЗИП или незнам до кој..ало освестете се..не ги смислил зип тие понуди..проблемот е до спонзорот..и што мислите сега кога интракс ја сменија агенцијата во македонија ќе бидат подобри????? нееее затоа што и понатака ги прават истите саеми и имаат исти понуди само што сега не идат преку зип него идат ко што кажа девојчето претходно од тие преварантите од бисер..што сменија милион имиња во последниве 2 години...не ви текнува?? па дај ве молам да беа стварно канцеларија на спонзорот ќе го имаа истиот сајт како интракс само преведен на македонски а не вакво шалабајзерско срање...
плус што ширите глупости дека спонзорот ги откачил зип што ако е обратно?? што ако имало толку многу зае**ни студенти последниве год па се жалеле во зип па овие решиле да го променат спонзорот за да немаат толку проблеми...и што да прави интракс нашол друга преварантска агенција да ги пласира своите никакви договори??? не ме сваќајте погрешно не сум на страната на зип ни најмалку али да бидеме објективно..отворете ги очите и немојте да зае**те бидејќи ако аплицирате преку интракс или работи во америка како што се викаа до лани ќе ве дочека истата ситуација како да сте аплицирале преку зип
Тоа дека зип пропаѓа се сложувам после толку негативна критика тешко дека во следниве неколку год ќе си го дигнат рејтингот.
Истото се однесува и за сите др поголеми агенции..значи не бидете слепи и не се водите од тоа дека а да јас бев лани таму и направив милион долари и сега ќе пишам на кајгана и ќе прочитатат и бла бла...не паѓајте под влијанија..она што лани било ок оваа год може да биде многу лошо
решете си сами, не се водете од туѓи искуства
ако ви се допаѓа некоја понуда направете си пресметка и аплицирајте..и доста со муабетот дека сите сакате да работите на менхетен бидете реални нема да преживеете таму така да спуштете си ги стандардите и размислете за приоритетите..
ако има татко ви пари да ве финансира цело лето нема проблем одете во ЛА и нека ви праќаат од дома али ако сакате пари да си ги покриете трошоците малку да прошетате и да се вратите со некоја заштеда тогаш бирајте не така атрактивна локација на пр. колорадо, северна дакота, аљаска и слично
неможе да очекувате дека ќе одите во мајами и ќе се вратите со 10000 долари...бидете реални размислете за своите приоритети
и не подпаѓајте под влијаниа
нека не ве лажат големи имиња како интракс или коузон со незнам колку год искуство..па да бидеме реални тие раб со оваа програма последниве 2-3 год сето претходно искуство им е од бродови..тие не се ни малку различни од викинг, аурора, америквест и слично во однос на искуството со оваа програма...
а да... и да не ги заборавам наром..... не бидете луди да плаќате најскапата цена за програмата преку овие да ги наречам лудаци бидејќи ко што се фураат имале највеќе искуство па дај ве молам кое искуство??????????/ да идеш да аплицираш и да кажеш дека сакаш да работиш во џерси пример и они во мај 3 дена пред тргање да те пратат во вермонт....така??? па тие немаат ни готови понуди кои ги нудат на студентите па тие да изберат..се е на жими мајка...да да ти аплицирај па ние ќе ти најдеме топ работа таму и на крај аууу извини тоа е или прифати или не..а ќе платиш прескапа цена која не се ни споредува со цената на другите агенции
а дааа да не го заборавам спиењето во њујорк со кое се фалат...ма дајјјј па јас ако имам договор во флорида што к** ќе барам да летам преку њујорк и да спијам таму па да плаќам плус карта...
тоа е само трук
ако јас сакам да идам во њујорк ќе идам после договорот кога ќе имам пари а не со парите кои моите ми ги дале од дома 300-400 долари и кои ми требаат да платам смештај и да се прехранам додека добијам плата
сигурно нема да ми е до шетање кога ќе стигнам во њујорк..па ве молам кога прв пат платив 8 долари кафе во старбакс се шекнав да незборам за сендвичот и остали ствари што ти се неопходни..сигурно нема да идам по музеи и слично...а да извинете ќе кажам сум бил во њујорк али не сум видел ништо

нејќам ништо да ви зборам за моето искуство бидејќи ве советувам да не читате глупости од типот бев ваму направив толку пари и јас сега можам да кажам дека сум направил 10000 долари и да измислам прикаска

само едно ќе ви кажам
не верувајте на секакви муабети поврзани со искуство и слично, проверете си ги сите агенции изберете си ја најдобрата понуда направете си ја сами пресметката и аплицирајте

и уште ова: саемите само ви ја зголемуваат цената на програмата истата понуда може и подобра ќе ја најдете во др агенција за пониска цена

ЛУЃЕ ОТВОЕТЕ ОЧИ
--- надополнето: Nov 12, 2011 12:41 AM ---
извинете стварно на долгиот говор:))) ама морам уште ова да го споделам
заборавив преска да напоменам..од кај сме сите ние сигурни дека интракс македонија не е уствари зип???? што ако зип поради лошиот рејтинг последниве год не побарал од спонзорот да се префрли целата работа на другата агенција која всушносте не е ни помалку ни повќе зип...што ако зип им дава процент на тие преварантите што и онака би пропаднале и го спонзорира цел нивни маркетинг само за да остане на пазарот а во исто време вината а се префрла на друг???
помислете на тоа...
Ако како што кажа некој од вас претходно дека сеуште добива маилови од зип за истите понуди што ги нуди интакс македонија тогаш дефинитивно станува збор за иста агенција со две имиња...а зашто би го направила тоа???????// затоа што веќе го оцрнила првото име и пробива да се пробие на пазарот со друго име..ништо чудно следната година интракс и зип да бидат со исто име едно од овие или сосема трето
епа другари размислете дали оваа година ќе аплицирате преку овие две преварантски агенции
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
8
Поени од реакции
5
Другар,јас ви се понудив.Како моментален агент и инструктор за спонзорот "United Work & Travel" и "American Red Cross" доколку имате некој прашања,слободно јавете ми се на телефон или на ФБ,погоре во постовите ке прочитате све што имам напишано како совет.А тоа дека Зип изгубил еден од спонзорите е точно и како што кажа Алек,бегајте од тие големи агенции како Зип,зошто се стварно тешка превара! јас бев преку "www.AmeriQuest.com.mk" и бев презадоволен,се како што ми кажаа така и беше,работат со спонзорот за кој јас работам како инструктор за спасувачи и можам да гарантирам за нив.Повторно ке пишам за сите студенти што планираат да идат за спасувачи,без разлика дали ке одат преку мене или од некоја друга агенција - никако немојте да плакате пари за обука!! Ја сум единствен Македонски инструктор и сите спасувачи мора да полагаат кај мене,а мене ме плака компанијата не вие!! Тоа е мој совет!
Тоа што кажа Алек за порано да се аплицира е во право,понудите се со некој попуст и ги има повеќе,јас моментално со агенцијава со која соработувам имаме добри понуди за спасувачи и за други работни позиции.
Контактирајте ме на : lifeguard.macedonia@hotmail.com
 
Член од
12 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ги поздравувам сите на овој форум посебно поздрав до sherman. Ти дефинитивно најубав- најрелавантен одговор постави тука, ги опфати сите агенции.

Бидејќи работиме со Америка до касно поради временската разлика немав време порано да напишам нешто. Ги читам детално сите постови и гледам дека во последно време доста се спомнува Интракс.
Бидејќи ние немаме ставено студенти во наше име да се препукуваат на овој форум, Јас лично им се обраќам на сите студенти што го читаат форумот.

- Моето име е Деан Казанковски. Јас сум сопственик на фирмата која се вика Дегор и која функционира на пазарот во Македонија веќе 11 години. Работиме во три сегменти: Индустриска Електроника, IPTV/DTH и Културна размена со САД. Нашите канцеларии се во ТЦ Бисер и на Петар Поп Арсов. Најновиот сегмент што го развиваме е проектен дизајн со ласерски CNC машини.

- Она што ги засега сите во оваа тема е културната размена. Јас сум поранешен учесник во Ayusa, со завршено средно училиште во Америка и Бизнис Менаџмент на Државниот Универзитет на Њујорк во САД (SUNY Empire State College). Директен претставник сум на Ayusa програмата за средни училишта од 2005 со специјално одобрение од Министерството за Образование на РМ од 2007, директен претставник сум на WorkTravel, AuPair Care и Internship за Ayusa International for Central and Eastern Europe - AICEE од 2006 година.
Ayusa е инаку ќерка фирма на Intrax USA.

- Во 2011 година м. јули бев повикан од Intrax на официјално ребрендирање и спојување на нивните фирми со различни имиња кои се низ цел свет во една која ќе се вика само Intrax, со неколку глобални канцеларии и многу локални канцеларии. Со тоа нашата канцеларија во МК стана Intrax Macedonia и е локална, а не глобална канцеларија на Интракс. Согласно со овие активности бидејќи неможе да има две канцеларии на иста фирма во Македонија, Интракс престана да работи со Зип Травел.

- На веб страната на Интракс се поставени само глобалните канцеларии и никој не може да ги види локалните кои се во секоја земја, а ако проверите на гугл ќе видите дека има Интракс во Србија, Косово и т.н. Со тоа Јас лично имам валиден договор и лиценца од Intrax за сите наши активности во Македонија. За истите активности е известена и американската амбасада во Скопје и ќе биде редовно посетена од официјален претставник на Интракс Америка во декември. Никогаш не би ризикувал да користам туѓо име и лого без некој тоа да го дозволи.

- Сите наши активности се со цел да се создаде добра перспектива за студентите од Македонија кои учествуваат на било кој од овие програми.

- Гледам не викаат преваранти, Delinda, лично рече дека јас сум бил водач на банда и сум ја зезнал и не сум можел работа да и најдам, тоа е инаку во периодот кога не бев во Македонија и кога регрутацијата ја водеа две девојки.Како е тоа можно ако не сум бил тука?Второ јас ретко правам регрутација и ако дошла кај нас никогаш немала прилика да ме види мене. Точно ги знам сите муштерии кои стапнале кај нас и ниту еден нема да се пријавил, а да не добил работа или да бил одбиен. Сите кои се пријавиле биле на програмата. Јасно ми е дека ова се се постови од луѓе кои се засегнати со нашата поштена работа, нашата се поголема популарност и кои највероватно им припаѓаат на конкуренцијата.
Му се воодушевувам на постот на sherman бидејќи сериозно бил засегнат да напише толку многу и да ги опфати сите, точно не навредува и нас, ама тоа е само заради хаосот кој го прават сите овие постови.
Затоа за да нема хаос барем што се однесува на нашата работа и на тоа кои сме и што сме, ги повикувам сите кои се сомневаат во нас и сакаат да дознаат повеќе за нас да испратат е-маил или да се јават во:

1. Intrax во Америка
2. Американската амбасада во Скопје
3. На било која од фирмите што ги застапуваме

- Откако ќе добиете е-маил и одговор, можете да напишете јавно дека јас или некој прави измама или превара со доказ бидејќи во спротивно се работи за клевета, а истата е казнива според македонските правни закони.

- Претставниците на Интракс ќе бидат во Македонија во декември и доколку некој сака да се види со нив и да поразговара можеме да му закажеме директен состанок и додатно да не провери кои сме и што сме.

- Јас лично, а и фирмата која ја застапувам не сме на ниту еден начин поврзани со Зип (видов и такви обвинувања) и немаме појма како работеле или работат во Зип.
Мојата филозофија и начин на работење е целосна ориентираност кон муштериите, со почит и достоинство, со целосно исполнување на нашите ветувања и со рефундација на парите ако тоа не е така.

- Ниту еден студент што бил преку нас бил некогаш измамен или излажан и затоа ниту еден студент не видов да се пожали на некој форум со факт бидејќи нема такви. Било кој може да ја контактира амбасадата на САД и да побара листа од сите студенти кои биле преку нас и да им се јавува на еден по еден да праша за нас. Ако најдете еден незадоволен студент тогаш тука тоа може јавно да го напишете со име, презиме и причина.

- Работејќи со нашата филозофија сите наши муштерии добиваат посебен третман, сме во постојан контакт, сме пријатели со нив, си пиеме кафе и после програмата им помагаме за нивните идни цели или ги ангажираме да работат за нас и секогаш сме отворени за секаква критика добра или лоша. Лошата критика е за нас добра бидејќи ни помага да бидеме уште подобри од тоа што сме денес.

- Видов коментари за веб страната. Јас лично не сум ја правел како што рече Delinda и спомна дека е 0 голема колку мене, а sherman рече дека е шалабајзерско срање, затоа ако навистина не Ви се допаѓа ќе го смениме дизајнерот. Ако Ви е битно да изгледа исто како американската не е проблем ќе им го побараме source кодот и ќе ја направиме да биде иста. Ако изгледот на веб страната ве прави посигурни дека ова е навистина Интракс тогаш ќе ја смениме. Иако мене лично ми се допаѓа сегашнот изглед.

- Прочитав дека менуваме имиња, како што пишав погоре нашето име е едно - Дегор ДООЕЛ веќе 11 години. Сите имиња кои ги користиме при кампањи можат да бидат какви ние што сакаме и сметаме дека ќе привлечат муштерии. Дали некој знае на пример дека McDonald's во МК не е името на фирмата што го застапува (погледнете ја фискалната сметка). Согласно со барањата на Интракс наложено ни е да ја крстиме канцеларијата Intrax Macedonia и да ставиме видливо нивно лого и тоа и го направивме.

- Бидејќи сметам дека е подло да праќаме студенти да се логираат и да не фалат, и да напаѓаат други агенции јас лично вечерва се логирав да го напишам сето ова.
И во иднина ако имате да кажете било што добро или лошо пишувајте и пишувајте ни директно на info@intraxmacedonia.com, бидејќи само така можеме да знаеме каде грешиме и како да се поправиме. А бидејќи првпат настапуваме како Интракс оваа година дозволете ни да ви покажеме дека спонзорот и работната понуда се само 1% од програмата, останатото што ги прави нашите муштерии задоволни е нашата работа зад која јас лично стојам и гарантирам квалитет. Ако некој се осети измамен, излажан или разочаран парите ќе му бидат во целост вратени. Така работиме веќе 11 години.

Срдечен поздрав,
Деан Казанковски

Интракс Македонија
www.intraxmacedonia.com
info@intraxmacedonia.com
02 / 6090 - 436
02 / 2452 - 162
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
16
Друже дејан нејќам да се вреѓаме али искрено си забегал брат..
  1. прво и основно ако работиш 11 год со електроника или незнам што и да е незначи дека имаш искуство 11 год во овие програми. Тоа што некогаш си бил учесник во оваа програма не те прави експерт па јас лично од постовите што ги читав сметам дека девојчено делинда има многу повеќе искуство него ти
  2. Второ, ребрендирање на името на сајтот и рекламата која ја имаш во канцеларија мислиш дека ти е паметна идеја? правиш споредба со мекдоналдс..ок да фирмата е друга меѓутоа мекдоналдс работи по принцип на франшиза и мора да продава храна која е пропишана за сите ресторани да биде иста, мора да има ресторан кој ќе биде ист како тој во сад, мора едноставно да го зачува веќе добро познатиот бренд а што мислиш дека правиш ти? ако си го ставил логото на интракс на сајтот значи дека ова е нивна канцеларија во македонија??? и што го спомнуваш тој договорот цело време ма дај те молам па јас верувам дека сите агенции во македонија имаат склучено такви договори со своите спонзори бидејќи во спротивно не би можеле да работат
  3. ајде искрено сега кажи колку год работиш со програмава? знам лани се викаше работи во америка а незнам дали претходно си работел под друго име...ти кажав тоа што си бил учесник не те прави експерт а тоа што фирмата ти раб 11 год некоја сосема трета дејност не значи дека имаш 11 год искуство
  4. мислам дека е многу ниско па дури и за тебе да читаш форум кој е наменет за студенти кај што може да си се пожалат а уште пониско е да земеш да пишеш и воедно да се рекламираш... ако не па ајде нека земе и зоран од коузон и саше од зип и сите останати да напишат дека они се најдобри..ако ти реално имаш работа нема да имаш друже време да се зезаш со форумов на кајгана а ако сакаш реклама обрати се кај дечкиве сигурно имаат ценовник за рекламирање. те молам немој тука не ме сваќај погрешно но си го нарушуваш угледот.
  5. Веќе знаеме дека интракс работеа со зип и тоа што имаше толку мн незадоволни студенти освен на лошата услуга од страна на зип се должи пред се на ИНТРАКС затоа што интракс оставија многу луѓе без работа, затоа што ги лажеа со саемчињата, зато што едноставно они беа одговорни а целата вина ја префрлија на зип
  6. Друже не се радувај премногу да не те снајде истото ко и зип. Немој следната год да те читаме тука како си зае**л мн луѓе..
  7. Најискрен совет од мене и најдругарски, занимавај се реално со студентите немој да дремеш на кајгана нека си пишат тука кој што сака и колку сака, ова не е дел за рекламирање ова е дел за дискутирање, тоа што има многу дечки што рекламираат одредени агенции е во ред бидејќи нив им прилега они се студенти но тебе како сопственик на некоја фирма не ти прилега дури делува бедно.
Се надевам нема да ме сватиш погрешно
 
Член од
12 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
доста со таа Америка, нели гледате дека во 2013 ќе ја укинат програмата.
Оваа година ги стопираа визите за Русија, Белорусија и т.н.
Сега е под јак мониторинг Европа и има рестрикција на издадени визи за сите
посебно трети земји како нас.
2013 адиос WT, агенциите ќе останат без работа.
место да се препукувате мењајте бизнис или дајте нешто за Европа
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
16
доста со таа Америка, нели гледате дека во 2013 ќе ја укинат програмата.
Оваа година ги стопираа визите за Русија, Белорусија и т.н.
Сега е под јак мониторинг Европа и има рестрикција на издадени визи за сите
посебно трети земји како нас.
2013 адиос WT, агенциите ќе останат без работа.
место да се препукувате мењајте бизнис или дајте нешто за Европа
не тропај глупости програмата никогаш нема да се укине само ќе се зајакнат правилата а друга работа е што последниве неколку години оваа програма е хит за азиските земји за деца кои имаат многу кеш и кои плаќаат и по 5000 долари за програмата така да нема шанси..
па биди реален кој друг ќе им работи на американците за минимум плата???
може само да се намалат раб понуди за земји како нас, бугарија, русија, молдавија и слично затоа што америка и спонзорите ќе профитираат повеќе од азија него од европа а дека ќе се укине нема да се укине само место како што наплаќаа сега околу 1000 долари сега ќе биде поскапа
така да ако сакате да искористите уште малку од поевтината понуда заминувајте на време за 1-2 и кај нас ќе има поскапа цена и место да идат незнам колку идат 2-3000 студенти од македонија ќе одат само 1000 тие што сакаат да платат
за агенциите ќе биде исто место да се замараат 500 студенти ќе се занимаваат тогаш со 100 кои ќе платат дупло и завршена е приказната
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Здраво :)
Гледам сите споделувате искуства, јас лани ми беше фуфка да одам за Америка, па се одлучив за Грција (добро де, прв пат работев во странство).
После тоа што таму го преживеав, мислам дека можам се да преживеам.
НО!
Би сакала со некого да се договорам, да одиме заедно, затоа што од искуство - се ќе сработам, што сака нека е - ама не можам да бидам сама. А тука бев сама, луѓето доаѓаа и си одеа, јас останував во хотелот и тоа начисто ме полуде 2 месеци.
Затоа, јас сум за Америка, но со АmeriQuest - до сега само за нив не слушнав поплаки, односно само пофалби дека си ја завршиле работата како што треба.
За сите други агенции, до една, слушнав многу поплаки.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Здраво :)
Гледам сите споделувате искуства, јас лани ми беше фуфка да одам за Америка, па се одлучив за Грција (добро де, прв пат работев во странство).
После тоа што таму го преживеав, мислам дека можам се да преживеам.
НО!
Би сакала со некого да се договорам, да одиме заедно, затоа што од искуство - се ќе сработам, што сака нека е - ама не можам да бидам сама. А тука бев сама, луѓето доаѓаа и си одеа, јас останував во хотелот и тоа начисто ме полуде 2 месеци.
Затоа, јас сум за Америка, но со АmeriQuest - до сега само за нив не слушнав поплаки, односно само пофалби дека си ја завршиле работата како што треба.
За сите други агенции, до една, слушнав многу поплаки.
Ете јас сум кандидат :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Епа дечки да се договараме ајде :) таман групно ќе се пријавиме, друштво ќе бидеме. Видете ги понудите на страната на AmeriQuest.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom