Дечки, ако сакате убаво да си поминете, а и да заработите, заебете ги националните паркови. Ниту можете да најдете втора работа, може да се случи ни 40 часа неделно да не ви даваат, а ќе бидете заглавени во планини, нема да може да најдете место тост кај да купите а пак да не зборам за излегувања, дискотеки и такви работи. Правев муабет со еден Белорусин летово што бил баш во Јелоустоун и ми кажа дека да не била тогаш девојка му со него, би полудел 200%. Неверојатно досадно и без можност да направите нешто побеќе.
Јас летово бев во Атлантик Сити и си поминав фантастично. Најдов одлична втора работа и заработив доста. Да не зборувам за проводот таму, тоа е нешто неверојатно. Така да, мој совет е да одите некаде на Источниот брег, неспоредливо подобро ќе си поминете.