- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.653
- Поени од реакции
- 14.624
За испитите најважно е да не заостануваш многу. На пример ако си прва година и интервјуто ти е во април пожелно е да имаш положено околу 3,4 од 5 предмети (затоа што нели еден семестар имаш а од втор тек ќе полагаш). Ако си втора година и ако имаш околу 20 предмети, пожелно е да имаш околу 11-12 положени испити. Годинава главен фактор за добивање виза беа испитите, до лани не беше така. Милион случаи знам, тука на форумов, на фејсбук, во агенција што прашував, не знам ни еден случај да има добиено виза а да заостанува многу со факултетот. До лани не се гледаше тоа толку, и со презапишана цела година даваа виза, годинава ако имаш презапишано година не ни те прашува зошто, одма те одбива.
За тоа со примањата, знам 5-6 души што заминаа а неговите имаа примања 0 (земјоделие или нешто слично работеле). Мислам дека не зависи толку тоа колку што зависат испитите (барем за оваа година, догодина којзнае како ќе биде). Ретки се случаевите за примањата како тој погоре, барем од она што го имам читано и слушано, а и да отидеш во било која агенција прво што ќе те прашаат ќе биде како си со испитите, за тоа со примањата не се ни замараат многу.
И сите овие муабети за добивање на виза паѓаат во вода ако немаш СРЕЌА. Најважно од се е на денот на интервјуто да не се станати на лева нога тие во амбасада.