Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Јас резервирав Скопје-Венеција за сега во јуни ме фати околу 5000ден повратна од човек со багаж и баш тој момент ми беше непознат околу купување седиште...Тоа го прескокнавме пошто негде плус 1000ден беше седиште, па ваљда при чекирање ќе ни ги погодат двете седишта заедно
Не се надевај на тоа ;)
 
Не се надевај на тоа ;)
Епа како се погоди така, јебига плус 1000ка за седиште ми беше нелогично
Автоматски споено мислење:

200 евра карта за крај јуни, им ебам нискобуџетната фама.
А пази случајно проверувам од кога уплатив сега пред некој ден, што да провериш некој офф деу попуст багатела по две иљадарки карта хахаха:LOL:
 
200 евра карта за крај јуни, им ебам нискобуџетната фама.
Колку да биде реално? Која линија? Шпицот е тогаш, највеќе патници има тогаш, ај да не е скапо. И пак не е толку скапо коа ќе споредиш со други компании
 
Јас резервирав Скопје-Венеција за сега во јуни ме фати околу 5000ден повратна од човек со багаж и баш тој момент ми беше непознат околу купување седиште...Тоа го прескокнавме пошто негде плус 1000ден беше седиште, па ваљда при чекирање ќе ни ги погодат двете седишта заедно

idi porano na aerodrom. ako se cekiras megu prvite ima sansi podocna tesko.
 
Колку да биде реално? Која линија? Шпицот е тогаш, највеќе патници има тогаш, ај да не е скапо. И пак не е толку скапо коа ќе споредиш со други компании

Дортмунд-Скопје. Пред 3 дена беше 120 евра и со сиот памет чекав да падне уште. :pos: Еве ја денес паднала на 180, сношти во 11 саат беше 205 евра.


А пази случајно проверувам од кога уплатив сега пред некој ден, што да провериш некој офф деу попуст багатела по две иљадарки карта хахаха:LOL:

Тоа ми е и мене. За средина на Мај месец ги проверував пред месец дена, беа по 150-160 евра. Еве сеа ги гледам идат за 70-80 евра. Се зависи од побарувачката.
 
Заебано е многу пошо може да им текне нагло да ги сменат цените, али у принцип се знае кога има евтини летови (или кога може да се начекаат) и на кои релации, и во кој период од годината. Јас најскап лет имам платено 130 евра (и тоа за две линии, со прекачување) на два дена пред тргање. Другото ми било максимум по 50-60 евра.
 
Со евтините авио компании имаш некои работи што треба да ги запазиш:
- сезона на одмори
- сезона околу нова година
- период со празници од земјата од која полетуваш
Во ваков период картите се изгор знаат дека ќе тргнеш да бараш и да леташ. А одат и на тоа дека нема да провериш со скапи компании. Неколку пати имам начекано карта со air serbia, LOT, air baltic, дури и туркиш да има поефтини карта од визз/рајан на рутата на која летам во период на одмори

друго што треба да знаеш е дека кога ги објавуваат цените (најчесто 6 месеци пред лет) картите се со океј цени ама не најефтини, како се полни авионот така се намалува цената. Обично е најефтино околу 6 недели пред летот и после тоа пак покачуваат

ова е како генерално правило нормално има исклучоци :)
 
Скопје - Торино следниов месец има билети за џабе. :) 1500 денари се движат цениве, нешто ситно плус минус. :)
 
Скопје - Торино следниов месец има билети за џабе. :) 1500 денари се движат цениве, нешто ситно плус минус. :)

новембри декември, по 900 ден се дури и нова година може да се фати на 1 јануар за назад е 1200 ден,
за јувенташи измислено е сега што Јуве е дупка др ствар
 
Последно уредено:
Јас резервирав Скопје-Венеција за сега во јуни ме фати околу 5000ден повратна од човек со багаж и баш тој момент ми беше непознат околу купување седиште...Тоа го прескокнавме пошто негде плус 1000ден беше седиште, па ваљда при чекирање ќе ни ги погодат двете седишта заедно
Кога ќе пуштат онлајн чекирање (24 часа пред летот мислам дека беше) одма оди и избери си две седишта едно до друго, ако има такви слободни седишта, ама пошто е нискобуџетна компанија, мислам дека нема многу луѓе што закупуваат седишта... Јас така правам, тогаш се бесплатни :)
Автоматски споено мислење:

Скопје - Торино следниов месец има билети за џабе. :) 1500 денари се движат цениве, нешто ситно плус минус. :)
Имаат ли уште италијаните услови за влез поврзани со Ковид?
 
@GavolRulz
Јас патував порано со бус во најголемата криза, на граници никаков проблем немаше.
Освен пасош ништо друго не бараа.
За со авион, брат ми пред некој ден леташе до Милано, супер помина.
Почнаа сите да ги тргаат забраните.
Брат ми за секој случај направи тест, за да не губи време. :)
Картите се џабе, искористи додека се евтини, ако имаш прилика нели, плус не е сезона.
Обично јули август скокаат цените.:)
Сега се наоѓа и по 60 евра повратен билет.:D


новембри декември, по 900 ден се дури и нова година може да се фати на 1 јануар за назад е 1200 ден,
за јувенташи измислено е сега што Јуве е дупка др ствар

Не ми ги чепкај Јуве, у депресија сум поради Дибала. :(
 
Фала дечки
 
Летот за Венеција од х причини е поместен а тоа воопшто не ми одговара. Дали и како може парите да си ги вратам или да презакажам лет. Како оди тоа досега не сум имал проблем?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom