Фала за честитките.
Цаките, дури и да постојат, се толку специфични за одредена дестинација и пазар и подложни на промени, што дури и да спомнам некоја тука, може да те излажам. Најдобар генерален совет според мене е или да се купи билетот што порано, или помеѓу 45 и 21 ден пред полетување како оптимален сооднос на ризик и цена.
Точно е дека понекогаш цените паѓаат, но тоа е исклучок. Не би препорачувал чекање, генерално зборено. Доколку си во состојба систематски да ги следиш промените на цените, бујрум. Се надвор од тоа е само анегдота и е несоодветно да се изведе статистички валиден заклучок. Луѓе многу лесно се палат и мислат дека можат да извлечат заклучок кога ќе видат промена на цена на еден единствен лет, еднаш, што од моја перспектива делува како overfitting (извлекување на заклучоци од премалку показатели), посебно кога знам дека пред да заминам контролирав околу 40-50 илјади летови и промени се правеа секој ден на околу 5-10% од нив според најразлични правила кои самите се подложни на манипулација. Посебно кога ќе се смени менаџерот, како во овој случај.
Во врска со промоциите, исто така tough luck. Освен два-три датуми во годината, одлуките за промоциите се носат непосредно пред самата промоција.
Иам едно прашање, па коа ќе си послободен одговори ми. Коа ја купував картата икаде не ми се побара пасош, бидејќи знаев дека тоа е на чекирање. Имено, го заменив пасошот за нов во меѓувреме, а тука ми вика дека моментално нее возможно онлајн чекирање, само аеродромско бесплатно. Значи веројатно пасошот ќе ми го побараат на чекирање, пред да полетам. Кој е мојот страв ?
Со акаунтот имам претходно вршено чекирања со стариот пасош, значи лани. Муабетот ми е, дали тоа има врска ? Мада, знам дека не ми требало, но направив толку букирања (на воз, рента кар, друга авионска карта...) што ми е страв и не сакам да оставам се да биди last minute.
Ако знае некој tnx forward.