Wimbledon 2012 (25 јуни - 8 јули)

Шампион/ка на Wimbledon ?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова беше веројатно најголемото понижување на Надал во неговата кариера. Го гледав само петтиот сет, ама од она што го видов Росол поштено си победи со сите нишани.
Е тек сега милион калкулации ми идат во глава. Ова е одлична шанса за Мареј да оди во финале, а истовремено и можност Федекс да се пензионира со прво место на АТП годинава. Новак не сум го гледала како игра на турниров, ама според резултативе, релаксирано би требало да влезе во четирите најдобри.

Стегам палци за Гофан. Мора да влезе во осум најдобри. Пошто фаворитот ми отпадна Гофанче ќе си го ставам на аватар, се надевам нема да го измалерисам.:pipi:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Ноле ми остана од фаворитетите за титулата, Федерер игра супер само пак ке си го кажам истото од старт мислам дека Новак ке го сопре него. Еве му шанса на Мареј, ама идиот е ке кискне :pos:
Роже зема, мар мај вордс! :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Овој Росол, ќе беше сериозна закана за било кој од топ 3, и за Ноле и за Федерер, каква само концентрација во крајот ма мечот? да не му задрхти рука? БРАВО!
На Надал помалку му одговараат вакви играчи, со прејака серва и рамни пресилни форхенди и бекхенди... Не велам дека Федерер со леснотија ќе победеше, но сигурен сум дека подобро ќе се справеше. Тоа е тоа, секој стил на игра си има своја ахилова пета. На Надал е оваа + погоден ден + трева = добитна комбинација за Росол.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Секоја чест на дечкото , многу мали се шансите да му се направи брејк со таков сервис , време е за нови лица во светот на тенисот.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.996
Поени од реакции
16.457
Секоја чест на дечкото , многу мали се шансите да му се направи брејк со таков сервис , време е за нови лица во светот на тенисот.
Па види, со 27 години тешко дека е време за ново лице во тенисот :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не знам што да речам, изненадувањата секогаш се тука за да биде интересно...:)
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Ова беше веројатно најголемото понижување на Надал во неговата кариера. Го гледав само петтиот сет, ама од она што го видов Росол поштено си победи со сите нишани.
Е тек сега милион калкулации ми идат во глава. Ова е одлична шанса за Мареј да оди во финале, а истовремено и можност Федекс да се пензионира со прво место на АТП годинава. Новак не сум го гледала како игра на турниров, ама според резултативе, релаксирано би требало да влезе во четирите најдобри.

Стегам палци за Гофан. Мора да влезе во осум најдобри. Пошто фаворитот ми отпадна Гофанче ќе си го ставам на аватар, се надевам нема да го измалерисам.:pipi:
Затоа британциве толку навиваа за росол,за играње играше добро,ама едноставно на нив им одговараше да изгуби надал,сега мареј има ривал помалку:D
 
С

сашенко

Гостин
Животиња, каде со овој сервис бе, шо ке му направиш. Рафа ова ни во slow motion не го стига. Што би рекле фраерите од ЕуроСпорт србија, ово ни Ноле не би вратио па камо ли :pos: .... (it's a joke)
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Па види, со 27 години тешко дека е време за ново лице во тенисот :)
Не е мала работа да го победиш Надал на било која подлога, мада Надал да изгубеше и од Белучи немаше да ме изненадеше многу, реално нема сервис,а на трева со јак сервис може далеку да се стине, Росол е пример за тоа. Се надевам ќе тргне уште некој фаворитc :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.003
Поени од реакции
116.765
На Надал помалку му одговараат вакви играчи, со прејака серва и рамни пресилни форхенди и бекхенди... Не велам дека Федерер со леснотија ќе победеше, но сигурен сум дека подобро ќе се справеше. Тоа е тоа, секој стил на игра си има своја ахилова пета. На Надал е оваа + погоден ден + трева = добитна комбинација за Росол.
Убаво пиша Игор погоре, со 350% играше денес Росол, не знам од кај таква сила 4 саати да маваш со толкава јачина. Росол одеше на се или ништо и само тој е начинот да се добие Надал. Погледнете го мечот против Робин Содерлинг на РГ во 2009 година и ќе видите слична игра како оваа денес на Росол. Невозможно беше ова денес што го правеше Чехот, пукаше од сите страни, или винер или аут 2 метра.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.745
Поени од реакции
18.495
Поздравот на крај на Надал, беше малце некоректен, ама ајде нема да му замерама затоа што знам колку е фрустрирачки да загубиш во второ коло, и тоа после прекин на мечот.


Невозможно беше ова денес што го правеше Чехот, пукаше од сите страни, или винер или аут 2 метра.

Tака се игра вс Надал, затоа ме провоцира многу Федерер кога игра на тактирка вс Надал, се знае што е или винер, или загубен поен на рели, јас би идел на се или ништо, не да губам неколку часа за џабе, и после нервозата и фрустрацијата да биде двојно поголема, враќање на топките и чекање противникот да згреши е начин на игра на дефанзивци како Надал, Мареј, и делумно Џокович, на Федерер тој стил не му одговара, нема 25 години да игра долги натпревари, нити му бил тој сегмент некогаш посебно силна страна, само агресии признавам, па макар и 100 неизнудени да направи.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Убаво пиша Игор погоре, со 350% играше денес Росол, не знам од кај таква сила 4 саати да маваш со толкава јачина. Росол одеше на се или ништо и само тој е начинот да се добие Надал. Погледнете го мечот против Робин Содерлинг на РГ во 2009 година и ќе видите слична игра како оваа денес на Росол. Невозможно беше ова денес што го правеше Чехот, пукаше од сите страни, или винер или аут 2 метра.
Toчно, затоа реков дека тоа е ахиловата пета на Надал, додека Федерер со своите разноврсни шутеви, слајсеви, дроп-шотови, излегувања на мрежа, повеќе ќе го неутрализираше налетот на Росол. Се е возможно нели, но на хартија Федерер подобро би се справил.
--- надополнето: 28 јуни 2012 во 23:39 ---
Инаку бев излезен пред прекинот, зошто направија прекин и пак продолжија? Јас претпоставив дека се одложил за утре?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom