Wi-Fi рутери (препораки, прашања, проблеми)

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.470
Поени од реакции
7.936
Мало е, лесно се подесува и супер брка работа. Имаш ривјуа ако те интересира :)
Го купив денес и никако не можам да го подесам. Цело време ми светка сијаличката на него црвена. Местам се како треба со апликацијата дури и се изнагледав еден куп видеа како да подесам и на сите видеа на чудово сијаличката светка и сино. Не знам кој е проблемот се убив од чепкање и не бива.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441

Можда ради тоа било поевтино во Анхоч? :toe:
Малку сеир, не ми замерувај :icon_lol:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.470
Поени од реакции
7.936
Можда ради тоа било поевтино во Анхоч? :toe:
Малку сеир, не ми замерувај :icon_lol:
:icon_lol:

Го наместив ама кога ќе го вклучам во дневна каде највеќе ми треба на апликацијава пишува дека е лоша позицијата дава дека не е добро а кога во соба кај мене ќе го вклучам си е супер. Во соба кај мене ми е рутерот од Телеком. Дали мора да му е и во близина рутерот за да функционира ова мало чудо?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
:icon_lol:

Го наместив ама кога ќе го вклучам во дневна каде највеќе ми треба на апликацијава пишува дека е лоша позицијата дава дека не е добро а кога во соба кај мене ќе го вклучам си е супер. Во соба кај мене ми е рутерот од Телеком. Дали мора да му е и во близина рутерот за да функционира ова мало чудо?
Треба да е на пола пат :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.470
Поени од реакции
7.936
Мора да биде „на граница“ до каде достига WiFi мрежата од модемот. Бидејќи „чудово“ го засилува тој сигнал што доаѓа до него...
Интересно модемот/рутерот ми е во соба. Со Wi F во дневна собаi на телевизор си гледам видеа на интернет и си работи се добро но кога ќе пуштам некој филм торент или што и да е 1080p и 720p малку на моменти споро го вчитува видеото па поради тоа пола видео „на рати“ го гледам, поточно ќе гледаш и може да се деси на интересното да се закочи па да чекаш да вчита поголем дел од видеото.
Затоа со ова сакав да пробам да го засилам сигналот.

Дневната и мојата соба ја делат еден вграден плакар.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.961
Поени од реакции
11.969
Симни апликација на тел. за анализирање на WiFi мрежа, ги има еден тон.
Преку апликацијата ќе видеш на кои „канали“ ти зрачи главниот рутер, а на кој екстендерот.
Гледај да не се поклопуваат (на главниот рутер може да се менува тоа, да не е автоматски).

Исто види преку апликација која оди со екстендерот дали и што опции има во врска со него... ако има воопшто.

И измери брзина кога си закачен на главниот рутер, и измери кога си на екстендерот - на вториот со сигурност ќе имаш помала брзина дури и да го ставиш во иста соба со главниот рутер додека си закачен на него.
 
Ваква опција има на апликацијава од екстендеров/појачувачов.

Screenshot_20210212-000434_Mi Home.jpg
Може да се намести да ти ја дава посебна wi fi мрежа од екстендерот посебна од главниот рутер а може да се намести да дава една Wi fi мрежа со идентично име и пасворд од главниот рутер како во мојов случај што е наместено.

Можеби подобро е да наместам ги има како две Wi fi па тој од екстендеров да го користам таму каде што повеќе ми е потребно засилување на сигналот?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.961
Поени од реакции
11.969
Можеби подобро е да наместам ги има како две Wi fi па тој од екстендеров да го користам таму каде што повеќе ми е потребно засилување на сигналот?
Мислам дека ако успееш да промениш канал на главниот рутер од телекомот да зрачи различно од екстендерот ќе биде подобро... затоа ги спомнав wifi анализаторите што ги има на googple play.

А и што кажа за 720p гледање и сецкање - колку ти е брзина на нет? На главниот модем на wifi?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.470
Поени од реакции
7.936
Мислам дека ако успееш да промениш канал на главниот рутер од телекомот да зрачи различно од екстендерот ќе биде подобро... затоа ги спомнав wifi анализаторите што ги има на googple play.

А и што кажа за 720p гледање и сецкање - колку ти е брзина на нет? На главниот модем на wifi?
Би било добро ова ама не ни знам како воопшто се мести а сум заборавил и како се влегуваше воопшто во рутерот. Одамна влегував и менував име и пасвор но стварно сум заборавил како беше за да се влезе.

Брзината на Wi Fi Телеком зависно период и ден знае да биде некогаш подобро некогаш лошо. Еве резултат од моментално мерење во 00:58 часот.
https://www.speedtest.net/my-result/a/7030105896
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Мислење за овие два модели?

Ми треба гигабитен рутер. Нема да има поврзано многу уреди на него. Еден компјутер што го користам за работа, плус неколку мобилни уреди. Најважно ми е да работи стабилно и да има брзина над 1Gbps на едниот опсег, а не комбинирано 800Mbps+300Mbps.

Xiaomi AX1800.png

Huawei AX3 WS7100.png
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.565
Поени од реакции
939
Чекај, има Wi-Fi 6 рутер за 3,300? Импресивно.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.653
Поени од реакции
1.513
Мислење за овие два модели?

Ми треба гигабитен рутер. Нема да има поврзано многу уреди на него. Еден компјутер што го користам за работа, плус неколку мобилни уреди. Најважно ми е да работи стабилно и да има брзина над 1Gbps на едниот опсег, а не комбинирано 800Mbps+300Mbps.

Прегледај го приврзокот 290265

Прегледај го приврзокот 290264
I koi benefiti ke gi imas ako netot ti e 50mbps? :D
Uopste ne kaza za sho ti treba. Dzabe 3giga brzina na ruter ako tebe provajder ti pusta 50-100mbps.
Edinstvena prednost e pri lokalno prefrlanje podatoci bez internet, ali i togas ke bides limitiran od wifi karticata u laptop, mob itn.
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
I koi benefiti ke gi imas ako netot ti e 50mbps? :D
Uopste ne kaza za sho ti treba. Dzabe 3giga brzina na ruter ako tebe provajder ti pusta 50-100mbps.
Edinstvena prednost e pri lokalno prefrlanje podatoci bez internet, ali i togas ke bides limitiran od wifi karticata u laptop, mob itn.
Не брзај со заклучоци. Прво, брзината ми е важна за трансфер на податоци помеѓу различни уреди. Имам лаптоп и други компјутери со мрежни картици од 1Gbps. Затоа и барам рутер со тие брзини. Ми треба максимално искористување на брзините на трансфер во мрежата.

Друга работа, моментално имам рутери со 600Mbps и 1Gbps. Користам оптички пакет од телекабел 40/40, но сега го кренаа на 150Mbps. Кај рутерот со 600Mbps брзината на интернетот на speedtest.net не крева повеќе од 60Mbps, додека со тој од 1Gbps оди максимално до 150Mbps. Ми треба да го заменам рутерот од 600Mbps со појак.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom