- Член од
- 10 април 2018
- Мислења
- 2.254
- Поени од реакции
- 2.550
може и рутер да земиш, утре и да не ти треба повеќе за проширување на мрежата ќе може како обичен рутер да го користиш.Имам интернет од Телеком дома кај мене во соба вклучен. Кога купив смарт телевизор за во дневна соба планот ми беше да го префрлам рутерот таму бидејќи одамна не користам компјутер а сакав на телевизорот директно да му приклучам лан кабел од рутер за подобар сигнал. Пробував да го префрлам рутерот во дневна но нешто не одеше како што треба да добие интернетот сигнал. Ок баталив го вратив во соба рутееот и терав неколку месеци додека може да се тера со слаб сигнал но на телевизорот за гледање онлајн видео е слабо со WI FI сигналот и знае често да кочи. Собата хоризонтално до дневна ја дели еден ѕид и во дневна плакар па тоа сигурно успорува додатно Wi FI.
Како некој кој не се разбира многу да прашам дали е добро да купам појачувач или како да се вика оној уред што се вклучува директно во штекер или да се купи рутер што би го поврзал со рутерот од Телеком? Исто би сакал некој поискусен да ми објасни како се поврзува сето ова.
може и со кабел со првиот да го врзиш па да пуштиш исто wifi, исто име лозинка се или пак како repeater/bridge да го подесиш, сеедно, ќе работи за расширување на wifi сигналот.