Westworld

  • Креатор на темата Креатор на темата NewForce
  • Време на започнување Време на започнување
Овој Вилијам е ептен отиден со паметот, ако преживее у финалeто ќе го гледаме наредната сезона у некоја лудница сместен
Ќе го гледаме како host или во Cradle/Forge виртуелка. :D
 
После 6тата епизода не ми се гледаше, денес едвај од што не ми се работи (home office fuck yeah :D) решив да продолжам таму каде што застанав. Оценката за сезонава целосно се менува после последните 3 епизоди. Ова е Westworld од прва сезона, конечно сторија што води некаде а не 200 тајмлајнови и финтици што смараат. Филер или не, епизодата со Индијанецот беше јака, со Вилијам уште појака. Хопкинс се врати, се врати и серијава. Актериште у пм. Уште финалето да го погодат сега и ќе се чека и наредната сезона.
 
Само мене ми беше тапа оваа со Вилијам бе?
Колку да испоубијат ликови ми делуваше дека е цела епизода.
 
Интересно финале, сега ќе чекаме пак уште 2 години до 3та сезона. Добро е што оставија уште некои мистерии за да си правиме теории у меџувремену.
 
Одлично финале, одлична сезона иако со досадни мометни понакаде.

Сега ќе треба неколку видеа и статии на интернет да се прочитаат за да се разглоби што точно се случи, последната сцена по шпицата ми отвори некои нејаснотии
 
Малку подосадна сезона во споредба со првата, се оправија некаде од осма епизода. Ама финалево беше топ! И плус, имаше по-likable ликови во однос на првата сезона. Овојпат имаше некои за кои навистина се грижев, проработе емпатијата. На пример, Акечета, најпрво, потоа Ли, Феликс, Емили, и на врвот, пред се останато - Мев. Девојката: Тенди Њутн растури! Заслужи Еми и Глобус за улогава. И ќе биде навистина штета ако не ја вратат во трета сезона.

И за крај, сцената во која им се отвори вратата во рајот и во која сите среќни одеа кон провалијата, според мене е хајлајтот на сезоната. Најмногу емоциите проработеа тогаш, плус и многу податлива сцена за интерпретации. И прекрасна.
 
S01>>>>S02

Искрено да ви кажам, првата сезона мене ми беше revelation во споредба со вторава. Ако зборуваме најреално, сезонава не понуди ништо ново во однос на првата и сај фај жанрот воопшто. Се потпираат на слава стара со измешаните тајмлајни, на кои овде веќе бевме навикнати и уходани, никаков пресврт или мајндфак на ниво на сезона. Најголемиот твист беше што Акечета цела епизода и раскажувал на Мејв а не на ќерка и, што од аспект на дејство е тотално небитно. Делот со трансфер на свест беше новитет, ама сепак ништо спектакуларно, зашто цела сезона се вртеа околу него, па не беше ептен изненадување. Во врска со ликовите, премногу ја местат Долорес во центарот на дејството, што веројатно им одговара на луѓето што ја сакаат. Мене не е тајна дека ме нервира ликот, а почна и актерката најверојатно заради ликот, а и заради тоа што некој имал генијална идеја EWR да зборува како да има тумор на гласни жици. Не знам за вас, мене интонација на глас многу ми влијае на севкупен впечаток во однос на глума, и од такт се вадев коа ќе ја слушнев со очигледно неприроден длабок глас да зборува. Со истиот тоналитет почна да зборува и новата црна Долорес што значи нема спас од тоа во трета сезона. Не можат сите да извадат husky voice и нека не ми глумат лудило. Премногу ги форсираа жените и феминизмот сезонава што исто не ми беше ептен по мерак, ама можам да поминам преку тоа ако ликовите се иснпиративни. Овие не беа, и Долорес е садист и психопат и далеку од херој во приказнава. Се на се, имаше некои одлични епизоди сезонава индивидуално, ама како целина ме разочара, наспроти првата која имаше лоши епизоди индивидуално ама како целина импресионираше.
 
Ја глеав вчера али не стигнав да пишам рецензија. Добро финале али премногу noisy, осеќам дека некои работи се исподешаваа колку да си го задржи епитетот комплексно и да има хипстери кои ќе дркаат на комплексноста, иако е тотално нелогично и ирационално тоа што се дешава. Прво Долорес сака да го уништи The Forge се со цел да не се креираат нови хостови кои ќе им бидат робови на луѓето. Бернард ја кокна ради тоа и после си ги сменија улогите, Бернард си го замислува Форд (ова е чизи на ниво на турска серија) и реши да ја оживее Долорес откако виде како му ја утепаа другарката, и после Долорес доаѓа до аха момент кај што сака да ги прати сите хостови у нивниот рај кој претходно беше уште една лажна реалност за неа. Срање. Уште стојам на тоа дека шоуто има потенцијал, али со вакво лошо пишување ко финалето тешко уште една сезона добра да изгура. Од оваа сезона само 7 ма епизода отскокнуваше, за разлика од претходната сезона кога последните 3 - 4 епизоди ме откорнаа.
 
Сабајле баш ми текна, како бе никој не ја праша Хејл (Долорес) каде и е екипата пред да си замине од паркот, и како никој нема да посомнева во неа кога ќе ги најдат телата на Странд и останатите а Хејл останала жива?

Си има дупки во сценариото тоа е неспорно, особено моќите на Мејв што функционираат како што одговара за одвивање на дејството, без некои поставени правила.
 
Претеруваат со вплетување на работи only for the sake of complexity. Многу хаотично, не знаеш што кај се случува, претераа со измешаниве тајмлајнови, не можат да гураат цело време на исти фори.
Последнта сцена уат да фак, на кого треба да е верен Вилијам? Пола интернет ќе треба да се прочита за нешто од нешто да се разбере, ама искрено далеку послаба сезона во споредба со првата, можеби фактот дека првата ја гледав маратонски, а не week by week, ама мислам дека има и други проблематични работи.
За plot holes колку ти душа сака, стормтруперите повеќе погодуваат мета од овие што требаше да го средат целиот хаос што настана.
 
season 2 > season 1

mozda konfuzen narativ ali sve sklopija odlicno

ne zaglavija vo prikazuvanje novi parkovi, imase odlicen progres, predobro razvivanje prikazna i objasnuvanja... jas mnogu uzivav, duri najomrazenata Dolores od prva sezona mi ja napravija lik za koj navivam. Ko da ne sme gledale ista serija, okej, da, falese mozda malku podobro potkovaniot dijalog od prva mesto ovoj vo vtora vague bullshit na momenti ali toa e poso sakaat da ve shokiraat ko u prva, za da ve zadrzat i da ne hejtate. Jasno deka prva napravi boom i ne moes da ocekuvas da te fatat vaka nespremen ko u prva
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom