Серијава е наjпреценето срање што постои, многу ме нервира што вака имам серии кои ги гледам а не уживам во нив, ваљда треба да прекинам да догледувам серии по секоја цена само оти сум ги почнал.
Никој вистински не умира во серијата, сите се клонови или оживеани, во филм со зомби апокалипса има помалку оживувања, затоа сцените кога некој „умира“ немаат никаков емотивен импакт.
Мејв е убедливо најдосаден лик што може да постои, три сезони се разбудува, се освестува, се самосознава, и така во круг, цела епизода потрошена на симулирање на симулација, сцени кои од старт знаеме дека се лажни и дека се виртуелна реалност, па уште и камеото на оние два кретена со змејот, чисто да ме потсети дека и оваа ХБО серија тргнала по истиот пат да не знае како да си ја заврши приказната.