Ах вошки...
си имав јас на времето прекрасна долга коса. Негде до половина,тоа беше забавиште,5-6 години бев сигурно. И се сеќавам мајка ми лежеше до мене една вечер додека гледавме тв и наеднаш списка-Вошки си фатила!!!
И потоа по кратка постапка татко ми се праќа во аптека да купи шампон,чешел и во минута да се реши проблемот. А јас така недоквакана,ми беше интересно да ги гледам како лазат додека ме четкаа. Кога ќе подразмислам вошките не зближија мене и мама на план-како во училиште

,какви муабети се вртеа за време на тој еден саат четкање,кожата на главата си знаела тогаш.
И потоа ме скратија народно кажано тенџере фриз,и плачев цел месец и се депримирав

Сепак,не траеше долго тоа искуство,на време ме приметија

но сепак,ме ишишаа:nesum:
јас и денес останувам на тоа дека вошките се многу мирољубиви...на почетокот :pos2: