Вошки!

Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Локација
Хавајските Острови, Мадам
Вошки! Толку гадни, а толку распространети. Какви се вашите искуства со инсективе, сте ги имале како деца, ве шишале, ве мачкале со оцет и не ве пуштале во градинка? Епа, мене да. :pos:

Пожелни се и совети за најефикасно остранување :)
 
Бидејќи како помал не се прибирав дома на лето, се дружев со секакви деца(таква ни беше малата, имаше од сите националности) фатив вошки од некого, се уште не знам кој беше бидејќи беа многу кандидати!
Ме примети мајка ми како се чешам цело време, ме провери и кога ќе види што ќе види, вошки на кило:pos2:
Зеде ме истреби цел, после знам ме направи цел во косата со еден бел прашок и ми ја преврза главата со крпа и така спиев 2-3 дена и после тоа се спасив.
Потоа почнав секое лето да се стрижам пократко и тоа повеќе не се повтори:helou:
 
Сум слушал дека чешаат и дека се доста распространети на школо скоро сите фатија... па и сестра ми, кај мене ни една :( барем за ќеф онака, сите да имаат јас да немам... инаку знам дека тешко се чистат и треба посебни шампони и чешли за нивно а и отстранување на нивите јајца, доста се отпорни и ги има повеќе видови, човечките се сосема различни од останатите а кај човекот се среќаваат во два подвидови едни кои живеат во косата и влакната на главата и други кои живеат во сремните влакна, порано биле многу распространети а сега се повторно во мода со тоа што овој пат се поотпорни и се населуваат во почиста коса.
 
Оф недајбоже да фатим вошки. Ќе земем тоа ножичкете за жива ограда и ќе се ишишам лустерче :pos2: Затоа секој ден ја мием косава (=
 
Оф недајбоже да фатим вошки. Ќе земем тоа ножичкете за жива ограда и ќе се ишишам лустерче :pos2: Затоа секој ден ја мием косава (=
Џабе ти е... читај ме погоре, ако ги фатиш со среќа чистењето, а вака чиста коса ќе им биде добредојдена :)
 
хиаахахаха,имав искуство ббогами.Не знам што ѓаол ги натера моите да не ме шишаат тоа лето несреќно баш кога бев најодвратен у животот (се пентарев по дрва киснев на градилиште по калови и песоци и галев кучиња а за возврат миев само нозе пред спиење :pos:) .
Не знам од кого ги фатив ама у рок од два дена цело маало имавме :)
И тука следеа мабетите од типот“Марко на оваа од седми ги донесе’’ па “не бе оноа малоно од Црвените беше кај баба му на село па ги донесе’’ итн.итн.
Како и да е тогаш искочија магичните железни чешли па со нив ден два чешлај чешлај ништо и на крај кај Виде берберот у целосна дискреција(кур мој за две недели одма кажа)шишање нула и чао пријатно.
У градинка немав пошто кељав идев за среќа...
Иначе вошки ко вошки и те како можат да ти го заебат живото.Знаев едно девојче за за кое се пушти муабет дека има вошки во осмо одд. и сите почнаа да ја избегаваат и да ја оговараат а беше баш фина и убавка :)
Чаре само машинка,машко женско лето зима само тоа те вади.
 
Оф недајбоже да фатим вошки. Ќе земем тоа ножичкете за жива ограда и ќе се ишишам лустерче :pos2: Затоа секој ден ја мием косава (=
Тоа што ја миеш косата секој ден не е превентива за „нефаќање„...вошките не идат на мрсна и гнсна коса, идат на чиста мека убава...баш ко твојата :pos:
Шала, сум имал ко мал, претежно кога идев во село преку лето и кога ќе дојдев во Скопје назад имав детални прегледи/смрдливи шампони/шијемигаѓуро и слични ствари од страна на мајка ми
 
Ах колку сум се борила со тие пусти вошки :pos: Кога бев 1 одд немаше некој од класот шо нема вошки. И некој ако се ишишаше, бегавме од него, демек леле има вошки онај! :pos: Скакви шампони за вошки користев, али џабе. На крај се спасив, една жена ни кажа дека фарба е спасот, барем 5 мин да постои. Така да купивме фарба, ми ставија, 5 мин ја држев на мене за да не фати бојата нормално, и после, аш, вошки немаше :smir:
 
Шорти немој тебе вошки:)
Голема штета ќе биде тоа за државата, ќе изгуби невидено природно богатство.
Инаку мене, вошки ме немаат фатено.Знам кога одев во градинк многу деца имаа вошки и мајка ми ме преврза, ми стави се можно и ме спаси.Првин мислеше дека имам вошки, ама се докажа дека сум немал.
 
Ау сум имала во забавиште:pos:
Детето позади мене што седеше имаше и веројатно и јас се наполнив... па тука следеше чистење од страна на мајка ми и една комшивка па лошото е што и комшивката се вошкоса :pos: само среќа се фарбаше и се испоумреа животинките :icon_lol:
И уште еднаш сестра ми овој пат од градинка се наполни со вошки па и јас од неа лудило :kez: Ама посовремени беа тогаш па и шампон и чешал купивме и ме ишишаа пократко :icon_roll
А штом некој спомне вошки одма се чешам, психичка реација :)
 
Страшно искуство, фатив вошки кога бев 4-5 одделение, ама имав ужасно дооолга коса па тоа беа кошмари , не шампони, не чешлање глвава и вратов ми се здрвија висејки над кадата
 
Не сте тачни со темава..:pos::pos:

Леле значи порано, кај нас во училиште обавезно еднаш годишно доаѓаа бог знае од каде да проверуваат кој има вошки... леле кој резил било ако ти најдат, има да те шине цело одделение од ремет, и последниот пат таа докторка сестра шо ли беше, пред цело одделение вика, немојте да се смеете на тие што имаат вошки, вошките не одат кај гнасни коси или мрсни одат на чисто, и онака сите штама, тие шо немаа испаднавме дека сме шуги, ама мина, еднаш само имам фатено и тоа во забавиште ама мајка ми со чуда врагови и со саати чешлање брзо и безболно ми ги отстрани... :salut:
 
јас имва фатено порано во село од девојче едно, и после тоа лустер шишање:toe:
 
не сум факјал не сакам ни да фанам а знам дека тој што ги има се чеша многу
позз
 
Ах вошки...
си имав јас на времето прекрасна долга коса. Негде до половина,тоа беше забавиште,5-6 години бев сигурно. И се сеќавам мајка ми лежеше до мене една вечер додека гледавме тв и наеднаш списка-Вошки си фатила!!!
И потоа по кратка постапка татко ми се праќа во аптека да купи шампон,чешел и во минута да се реши проблемот. А јас така недоквакана,ми беше интересно да ги гледам како лазат додека ме четкаа. Кога ќе подразмислам вошките не зближија мене и мама на план-како во училиште:pos:,какви муабети се вртеа за време на тој еден саат четкање,кожата на главата си знаела тогаш.
И потоа ме скратија народно кажано тенџере фриз,и плачев цел месец и се депримирав:pos:Сепак,не траеше долго тоа искуство,на време ме приметија :)но сепак,ме ишишаа:nesum:
јас и денес останувам на тоа дека вошките се многу мирољубиви...на почетокот :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom