Ubavo napisav, toa se lazni bogovi, kako sto kazal Bog.
sl.
Oти ќе поминам низ земјата египетска таа ноќ, и ќе убијам секој првороден во земјата Египетска, од човек и добиток, и ќе се одмаздам на сите богови египетски. Јас сум Господ
Илез 12:12
На кои богови гипетски ќе им се одмаздува? на имагинарни?? ќе му се одмаздува на нешто што не постои??
Кој е како Тебе меѓу боговите Господи? кој е како Тебе прославен во светоста Своја, и прекрасен во славата Своја и Творец на чудес?
Излез 15:11
Мојсеј го фали бог како најголем меѓу сите други богови. Ако се другите лажни, Мојсеј вели дека неговиот Бог е најпрославен меѓу лажните богови
Немој да имаш други богови освен Мене
Излез 20:3
Бог не вели дек е он единствен ниту вели дека другите се лажни, тој само им вели н својот избран народ да не држат други богови освен него
Немој да им се клањаш ниту да им служиш, оти јас сум Господ, Бог твој, Бог
ревнател....
Излез 20:5
Бог бара да не му се клањаат ни служат на другите богови бидејќи тој е бог ЉУБОМОРЕН (така е точниот превод на
zelоtes како што стои во оригиналот а не ревнател. Зошто го сменаа она од љубоморен во ревнател??
...Не споменувајте ги имињата на туѓите богови, ова да не се чуе од устата ваша
Излез 23:13
ТУЃИ богови. Не лажни, не непостоечки, бог вели дека има туѓи богови. Богови на другите народи.
Не мешај се со нив и со боговите нивни да не сврзуваш завет
Излез 23:32
Постојат други богови, на други народи и моќе и завет да направиш со нив, бог само бара да не се заветуваат на нив, не вели дека не постојат или се лажни.
И не клањајте се на други богови освен на Господа, бидејќи името негово е
ревниво, Он е Бог
Ревнител
Излез 34:14
И овде е ставено ревниво и ревнител наместо како стои во ориугиналот ЉУБОМОРА и ЉУБОМОРЕН, значи бог е љубоморен на други богови и љубоморен ако им се клањаат нив наместо нему.
Не одете по други богови, богови на оние народи што че бидат околу вас
Зошто Господ твој Бог Кој е покрај тебе е Бог
Ревнател.....
Пета Мојсеева 6:14
и овде бг не вели дека нема други богови само му забранува на својот избран народ да оди по други богови, богови на другите народи. (и пак вели дека е бог ЉУБОМОРЕН)
Зошто Господ е голем и многу треба да го хвали, пострашен од сите богови
Паралпоменон 16:25
Ваљда не го споредуваат бог со лажни и непостоечки богови??
Бог застана во собранието на боговите, меѓу боговите изрече суд:
Псалм 81:1
меѓу боговите ....
Има уште многу каде бог или некој божји следбеник вели дека постојат други богови