Кога некој ќе ми го постави ова прашање, секогаш се смеам. Морам, во моментов да го искоментирам на кратко само насловот на темата во која што, авторот сакајќи да праша нешто, самиот го дава одговорот на истото прашање што сака да го постави - СВОЈОТ, а во едно наметнува и неможност за објаснување на истото. Во моментов се фаќам за збор, што не е малку форумџиски но ете, не ми замерувајте, мене насловот на темата ми направи конфузија, не знам за Вас останатите.
Ако ми се постави прашањето дали верувам во Исус Христос, синот Божји, ова прашање повторно ми е двосмислено. Единствен одговор, ако немам опција за образложение, ми е ДА, верувам.
Но, во што верувам и што е толку двосмислено во прашањето?
Верувам во Исус Христос, во неговото постоење (што нели е научно докажано низ историјата која ми е стручност), верувам во неговите исцелителски способности (денес современиот народ тоа го нарекува био-енергија, и сите луѓе што ја имаат не се баш прогласени за Богови), верувам во неговите ораторски и лидерски способности (еден тон луѓе денес го можат тоа, но во тоа време ете тој бил единствен за нас познат) и неговата моќ за убедување (лошо место на лоша тема, но морам да го споменам и Хитлер), како и неговата огромна храброст и едуцираност.
Двосмисленоста на прашањето, јас ја наоѓам во Син Божји.
Ако трегнеме од религиски гледни точки, нели сите сме Негови деца?
Или според ова, сите сме морончиња- деца од инцест?
Арие, свештеник кој што живее во 4-тиот век, ја негира целосно Христовата двојна природа, го субурдинира Светото Тројство со ова објаснување:
Небеското и земното не можат да бидат споени во едно, неспорно е постоењето на Бог како апстракција, Христос и неговата моќ, моќта се прфрла од Отецот со еони-честици невидливи за човековото око, еоните (енергетски јадра (ова мислам дека објаснува се)) префрлени од небесата во Христос, кој што подоцна ја манифестира својата моќ, кога Отецот може да ги префрли еоните на некој друг човек, ова Христос го прави привремен, случаен избор. Има Бог, има Св. Дух, но го нема синот.
Со ова он ја субурдинира и Богородица како мајка Божја, "не може да се нарече Богородица, кога родила обичен човек".
Така започнало и Аријанското учење, или движење познато како Аријанство.
За тие што немаат инфо. во овој прв Екуменски собор, свикан од Константин Велики во 325 г., за прв пат е појавен терминот Св. Тројство од страна на самиот Арие, кој што тоа го добил како идеа и сакал да го негира. Благодарение на него, до ден денес тоа е Канонизирано, а нормално Арие протеран, па и убиен.
Владетелите, од постоењето на Христијанството прво како идеа, па после како религија, виделе народски кажано ЌАР. Виделе дека ако ги постават догмите, нормите, каноните, народот ќе се плаши па полесно ќе се контролира, но не биле свесни дека во исто време народот ќе добие и надеж, што за тоа време реално и им била потребна. Го прознале како религија дури 4 века покасно, со постапката на Константин за прифајќање на Христијанството како официјална религија, која што се одразува позитивно бидејќи со тој потег тој обезбедува +1000 години држава за Ромеите, го признава под иницијатива на неговата мајка Царицата Елена која самоволно се покрстува, а тој самиот го восприма истото на денот на неговата смрт (што за мене е огромен апсурд за човек кој што верувал во Бог). Во негово време се испечатила и првата Библија, од претходно собрани списи, од Апостолите, како и од еден тон други пророци, писари, луѓе што живееле во времето на Христос. Се одбира што да се стави во Библијата а што не, а како официјална книга на Христијанството се признава после удирањето на хрисовулата (златопечатот на Константин). Поскасно овие хрисовули ги земаат во употреба и други владетели.Истиот период се појавува и религиозната уметност, односно се поставуваат догми за тогашната иконографија.
Официјално станува религија, а Библијата се поделува на Стар и Нов завет.
Нели и ова е огромен апсурд?
Дали некој сеуште верува дека човештвото започнало со Адам и Ева?
- Интересно е што стварно веруваат, а тоа е еден огромен феномен што јас никако не можам да си го објаснам а и да верувам во истиот иако постои.