Уште 2 месеци Б.Ц.

Народ без име, народ без идентитет, народ без никој, сам за себе, криминал, сиромаштија како никогаш досега, едноумие, демократија само на хартија, живеење во едно време, живеење за 2000 години пред тоа... пропаѓање на нашата генерација... токму заради реинкарнацијата на Хитлер... заради продолжението на Милошевиќ, заради проклетството врз Македонија и Македонците... кое не следи постојано во историјата, заради предавници кои се претставуваат како најголеми херои исто како и во почетоците на 20тиот век кога бевме разделени, а сега тотално уништени.... или пак остварување на сонот на преродбениците дел од нашиот исток, или запад во нашиот исток.... жално и трагично... без перспектива... ова се тешки години кои сите мислевме дека ги живееме, но допрва доаѓаат, поучен од досегашното владеење на нашиот пастир.

ЌЕ ЗАПЛАЧАМ
 
ЌЕ ЗАПЛАЧАМ
Апсолутно трогателно!

Сеа ги учат на квази-поетика и емоции да фаќаат.
Пошо сите аргументи и утеха у реалноста им ги снема, се пребацуваат на уметнички угоџај.
 
Апсолутно трогателно!

Сеа ги учат на квази-поетика и емоции да фаќаат.
Пошо сите аргументи и утеха у реалноста им ги снема, се пребацуваат на уметнички угоџај.

Колку и да е црно, тоа е нашата реалност.... согледувајќи го минатото, денешнината.... нема бела точка, за жал.

Некој сфаќа денес, некој сфатил вчера, а друг ќе сфати утре, четврт никогаш...... но сите ќе страдаме, се разбира Македонците.
 
Уште Два месеци Бранко Црвенковски..... кај и да се ќе поминат, ќе ги преживееме, чувствувам прелаз, чувствувам ослободување, но кога ќе се сетам дека уште....

4 Години ќе владее ВМРО - ДПМНЕ - тогаш ми доаѓа една темница, се ми се чини дека така наликува пеколот, но не, тоа е Македонија во 2009.....

Народ без име, народ без идентитет, народ без никој, сам за себе, криминал, сиромаштија како никогаш досега, едноумие, демократија само на хартија, живеење во едно време, живеење за 2000 години пред тоа... пропаѓање на нашата генерација... токму заради реинкарнацијата на Хитлер... заради продолжението на Милошевиќ, заради проклетството врз Македонија и Македонците... кое не следи постојано во историјата, заради предавници кои се претставуваат како најголеми херои исто како и во почетоците на 20тиот век кога бевме разделени, а сега тотално уништени.... или пак остварување на сонот на преродбениците дел од нашиот исток, или запад во нашиот исток.... жално и трагично... без перспектива... ова се тешки години кои сите мислевме дека ги живееме, но допрва доаѓаат, поучен од досегашното владеење на нашиот пастир.


ne si svesen kolku imas vistina vo del od tekstot, ama sepak ti fali analitika za da go lociras pricinitelot na problemot a so toa sekako posle bi mozel da go najdes careto.
a za ona pocartanoto vo tekstot e toa e necija zelba se nadevam znaes cija e, zalno e sto ti ja serviras za takva....dali se custvuvas porazen na toa pole?????????
 
фала богу дојде крајот и негов .... или не... :toe:

ќешки да е така и 2ва месеци се многу за чекање
 
[/b]ne si svesen kolku imas vistina vo del od tekstot, ama sepak ti fali analitika za da go lociras pricinitelot na problemot a so toa sekako posle bi mozel da go najdes careto.
a za ona pocartanoto vo tekstot e toa e necija zelba se nadevam znaes cija e, zalno e sto ti ja serviras za takva....dali se custvuvas porazen na toa pole?????????

Причинители има многу, но за жал тешко е дека можеш да ги спознаеш. Отсекогаш низ историјата на Македонскиот народ и на Македонија оние кои најмногу се чукале во гради како најголеми херои, патриоти испаднале дека се најголеми предавници, но за жал секогаш, ама секогаш доцна овој народ го сфаќал тоа, историјата се повторува и повторува, а овој народ кога ќе ја сфати целата вистина ќе биде предоцна.
 
Колку и да е црно, тоа е нашата реалност.... согледувајќи го минатото, денешнината.... нема бела точка, за жал.

Некој сфаќа денес, некој сфатил вчера, а друг ќе сфати утре, четврт никогаш...... но сите ќе страдаме, се разбира Македонците.

Prav si od 45 do deneska нема бела точка.:toe:
ps ti po stavovite koi gi zastapuvash na forumov po se spadjash vo chetrvtite.
 
Prav si od 45 do deneska нема бела точка.:toe:
ps ti po stavovite koi gi zastapuvash na forumov po se spadjash vo chetrvtite.

дали сум во четвртите јас знам, јас многу добро ја имам сфатено политиката на Хитлер на новото време, за жал ти нема да ја сфатиш никогаш.
 
Ма крлежот крвопијски нема да замине и после мандатот...уште дооолго ќе го гледаме по телевизии...дај боже да сте во право дека ќе го снема.:)
 
In your face.
You're welcome.

Инаку, не се аргументи...Празни фрази се.

Кобна политика? Која? Зошто?

Популизам?
Дефинирај популизам и посочи ми конкретно каде е во владата?

Со популизам против популизам? Huh? (ова ќе го остаиме со no comment :icon_lol:, ради тебе )

Еден аргумент не даде
. Саде научени фрази, кои ги верглаат више година и нешо, таквите ко тебе, низ медиуми.

Аргументи...?
Еден куп.
Ама кој да ги чита :)

Авторот на колумната пукал директно во центарот на лагите.
Браво Гелевски.

Во времето кога некое пишлиме се двоумеше дал да стане боксер актер или економист, некој успеа без никаков конфликт да ја осамостои државата, да направи функционален устав, да оформи државни институции, да направи функционална дипломатија, да отвори амбасади и дипломатски претставништва во голем број држави, да создава пријатели низ светот, да оформи армија, да создаде денар наместо динар, да се избори со инфлација од 700%, да се соочи со двегодишно ембарго, и уште многу многу потешкотии со кои Македонија како држава се соочуваше се до крајот на конфликтот од 2001-ва....за да во 2006-та дојде Грујо и рече:
Нека биде светлина! Покорете се на Вашиот создавател!
Јас сум најдобриот економист, и ќе ве препородам!
И блесна портокалова светлина.
Ама нешто тоа економијата слабо ја учел во Прилепа града.
Невработеноста се зголемува, сиромаштијата расте, странски инвестиции нема, трговски дефицит најголем до сега.....

Виде дека тешко некако ќе му помине приказната со економскиот експерт, па реши да се стори патриот.
И би патриот.
Па сеуште ние не препородени, на пола препород не батали, и реши да ги препородува нашите во Грцијаи Бугарија.
И ги препороди.
На една страна фрчат писма, поштари......гулаби насекаде, ради бољи рејтинг.
А на друга Станишев го дупи у здрав мозок среде Скопје, а овој само глава му клима.
На една прес конференција вика дека името не го давал.
На друга дека идентитетот му бил најважен.
Ништо и од патриотизмот.

Сврти на Милошов и јака надворешна политика.
Тука сме јаки. Тука Грујо е цар.
Тука сме најдобри од сите пред нас.
Нема веќе дудлање на педофилите од ЕУ и НАТО.
Македонија без нив.....чекори кон подобра иднина.....велеа Кајганџиите.
Аха. Чекори.
Ама во кој правец ?
И пак ништо.
Рикверц по стариот пат.
Експериментот...неуспешен.

На ред дојде земјоделската препородба.
И тука би голем препород!
У секој град, у секое село.....Грујо стави по еден Sинго.
За да полесно им оди породувањето.
Браво царе.
Sинговците низ Македонија...ептен ги препороди.
И тоа со по два/триста хектари земја по Sинго.
Ама Sинго да е само во Кратово убаво ќе да е.
Sинго има и во Струмица, и во Велес, и во Неготино, и во Куманово, и во Долнени......
По еден Sинго во секое населено место.
Преродбата продолжува.

Море чек....чек.
Чееекај малку !
А борбата против корупцијата и криминалот бе...а ? А Бајруш?
Е да де. Бајруш.
А полицајците од царина ?
А Докиќ ?
А Змиско око ?
А Танески ?
А Југ.
А Хисен Џемаили ?
А продажба на оружје ?
А Бачило ?
А украден предмет за осомничени платени убијци ?
Борба против корупција и криминал со 90% паднати предмети...а!?
А 5,5 милиони евра за патриотски фискални?
А 3 милиончета у џеб на брачедот, а остали за избори ?
А фамили бизнис кој се занимава со енергетика ?
А Окта бе ? Шо бидна со Окта?
Окта уште чади, ама вас изгледа к.. ве боли.
Ви лупнаа розеви наочари и по некое евро за да не ви се гледа тоа чадот......а?
Миленко каде e? Или он чади само пред избори ?

А олигархот Штерјо што нели ја украде пола Македонија.....каде е? Демек ќе го апсевте?
А Механџиски ? Колку е сега побогат за разлика од пред три години...сте пресметале ?
А Sинго ? Колку денес тежи Sинго ?
А остали олигарси кои пред 2006-та не ги вадевте од уста?
Борба против корупција, борба против организиран криминал, борба против олигархија....дрн дрн јариња !?
Кого лажете бе...а ?
Мислите дека сите носат розеви наочари ?
Ни членовите во партија не ви веруваат веќе.

Каде е преродбата ?
Освен во устата на новокомпонираните сељачишта од интелектуалци, кои демек го креираат јавното мислење во државава.
Јадибурековци, Томиќи, Латасовци, Миленковиќи, перимозоковци бумбари, крави што летаат, реклами....што уште нема да измислите.

И од кога жестоките подржувачи на преродувањето увидоа дека нема веќе со што да го фалат преродбеникот, измислиа нова финта.
Немало поспособен моментално во државата, кој ќе ја води Македонија.
Туф туф туф.
Абе ова после седум/осум години да му го кажете на некој, има да се утепа од смеење.

Али тоа и не е толку битно.
Најбитно е дека:
Преродбата продолжува а Грујо е Цар!
Барем уште некоја година.

Жив пример за вмровскиот квазипатриотизам.

Погледнете како за едно исто прашање (околу спорот со името), добиваме два дијаметрално спротивставени одговори.
Едниот од страна на премиерот во касновечерното шоу на чобанот Миленко, а другиот од страна на задолжениот за надворешна политика во ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, на гости во А1.
И се' тоа во временски период од само два дена.


Значи Премиерот свесен дека повеќе не може да игра на карта на црвените линии, и свесен за тежината на изјавите кои ги дава, во целата емесија се обидува да објасни дека откако грците ќе ги омекнат ставовите, со помош на медијаторот Нимиц кој ќе ги доближел позициите, ние сме подготвени да дојдеме до компромис со грција.

За разлика од него, после два дена, најверојатно со намера да ги амортизира и релативизира изјавите и ставовите на Груевски, и најверојатно свесен дека сеуште има овци кои слепо веруваат во нивниот квази-патриотизам, Ѓорчев вели дека ние не сме подготвени на тоа!

Е токму за ова лицемерие, и за овој дпмнеовски квази-патриотизам напоменувам од почетокот на темата.
Да не знае човек дека се од иста партија, ќе помисли дека се лути политички ривали со крајно спротивставени ставови околу клучното прашање по иднината на државата.






А во долново клипче, може да погледнете, кој тоа ни ја креира надворешната политика на државата ?
Верувале или не.
Тоа е човекот задолжен да дава партиски кадри кои ќе ја претставуваат Македонија надвор од државава.
Тоа е човекот кој освен две-три квази патриотски фрази кои ги научил во (средно) времето кога беше бунтовник, друго и незнае што да каже.

Тоа е човекот кој Биљана Секуловска пред два дена во вестите на А1, буквално го распизди, и на сите им докажа колку всушност тој вреди.

Добро обратете внимание.


И после се, не ми е чудно што нашата надворешна политика е во катастрофална состојба.
Каков креатор и кадровик......таква политика.


P.S.
Браво Биле.
Ти си мој фаворит на месецот.
Те сакам :back:



Сто дена Влада и опозиција...и сто дена таканаречена политика во Македонија




- Сто штетни закони донесени на партизански начин.

- Сто артикли и услуги со зголемени цени во последните сто дена.

- Сто шарени лаги неделно, од типот на "конечно одиме кон подобро".

- Триесет по сто прелажани припадници на безбедносните сили, во врска со законот за бранителите.

- Триста по сто прелажани граѓани кои го дадоа потписот во знак на нивна подршка.

- Четириесет и пет по сто грубо изманипулирани стечајци, кои трошката надеж во времето што ги гази, ја гледаа во петте илјади денари кои пред 100 дена им ги вети лично Никола Груевски.

- Сто нови вработувања неделно на истакнати партиски војници во јавната администрација без соодветно образование.

- Стотина нови дипломци со просек над 9,5, иднината не ја гледаат во Македонија.

- Сто нови Бугарски пасоши месечно....во секој град во Македонија.

- Сто испукани куршуми накај нашиот јужен сосед во поглед на надворешната политика. И се ќе беше во ред....доколку стоте куршуми беа вистински (боеви), а не ќорци.............и по некој гумен.

- Со секои сто нови дена, се враќаме наназад за двеста во поглед на евроитеграциите.

- Стотина милиони евра потрошени на безцелни саморекламирања.

- Сто минути дневна доза на перење мозок....за да стоте лаги станат вистина.

- Сто разочарани граѓани дневно од двете најголеми Македонски партии.

- Сто дена со дезориентирана, и уште 7 по 100 пред тоа...со никаква опозиција. Лично сметам дека ќе и треба најмалку уште една 73-ка по 100, за да ова иста гарнитура која мисли дека е опозиција, себе се нарече коректив на власта и опозиција каква што заслужува Македонија.

- Сто дена од срамните избори кои државата ја вратија плус уште 11 по 100 дена во рикверц, т.е.во 2006-та, и уште сто и педесеттина дена простор за да главните чинители во тој срамен акт (Албанските партии), размислат добро.?!
Дали тие се заложници на Македонците со проблемот за името, во одот кон НАТО и ЕУ....или пак Македонците се заложници на нивните манири и мерак за "че те пукам" на избори..,во ист тој од, наречен подобра иднина за сите кои живејат во Македонија.

Уште сто години со вакви дрва од политичари кои себе се нарекуваат политичка елита, Македонија ќе оди наназад, или во најдобра варијанта......ќе стои во место.

Се додека еден ден не седнат, размислат, ја чукнат од зид тоа полупразната тиква, и се запрашаат. За чиви интереси работат они ?
За партиски ? За вмровски, сдсмовски....Бранкови...Груини?
И одговорат на сто пати годишно во изминатите седумнаесет, поставено прашање:

Во кој правец ни ја движат Македонија?





Доволно ада ?
Или уште треба ?
 
Апсолутно трогателно!

Сеа ги учат на квази-поетика и емоции да фаќаат.
Пошо сите аргументи и утеха у реалноста им ги снема, се пребацуваат на уметнички угоџај.

Хах, ќе те предизвикав баш за ова да правиме дијалог ама гледам реален ме престигна...

Браво Реален !!!
 
една епоха доага при својот крај...

Човекот кој издаде десетици илјади државјанства, човекот со октоподот, човекот кој ја приватизираше Македонија, човекот со пунтото...човекот кој не повикува на промена , човекот кој го промени името...си оди...


кој беше овој човек и што остави зад него???

%7BBD537CB6-C7C9-4A1D-92BF-7DCA3868038F%7D_branko-2.jpg
Како си го опишал.... Ко да ке оди со Борис Трајковски шах да играат. Џабе му е, овај е хоштаплер ке кради фигури :pos2:

Ајде сега сериозно. Мислам дека толку беше од Б.Ц. или ке си бара замена, или ако се врати во СДСМ ке заврши неславно како Љубчо Георгиевски...
 
Леле ремет...:pos2: аиии, Секуловска и остриот јазик, rules. Аууу здткување, ова е интервју на годината според мене. А за тоа со пастирот што не им се вклопуваат изјавите, е тоа не се виделе пред емисија да се договорат, јеби га.:tv:
 
Ајде нека си оди во ѓубриштето на историјата амин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom