12 Angry men (1957)
Гледам веќе многумина го изгледале, одличен психолошки трилер од златна ера на Холивуд.
Животот на едно дете е во рацете на поротата.
Генерално реконструкцијата беше вербализирана, со исклучок на неколку доста клучни сцени каде беше и реконструирана на лице место. Storytelling-от е доста живописен.
Засенето беше сѐ, и отсуството на музика и од монотоноста на сцените, целиот филм беше сместен во таа "кутија" каде се дебатираше самиот случај, од самата глума и приказна.
Не недостасуваше ни криминологија, ни психологијата на умот, ни диверзитетот на карактерите (гледам некој тоа го потенцирал, но изоставил доста клучен факт, имаше диверзитет. во поротата учествуваат граѓани од различните слоеви на општеството. и да, главниот судир на идеи се водеше меѓу интелектуалната фела). Попасивните карактери преминуваат од една во друга страна. Градација и изолација на агресивните, но некои мораа да земат доста поактивна улога. Мала слабост на режисерот.
Недостатокот од волја кај адвокатот да го влече случајот, психоанализата на сведоците, моќта на разумот, аргументите и логичкото сврзување на настаните се убаво вклопени во делот од приказната.
Секако дека денес технологијата е драстично напредната, ама сеуште се присутни слабостите на човековиот ум за ургирање и наметнување на ставови, мислења и вкусови. Тука е и историјатот на насилство кој го има таа конкретна личност, може нека допирна точна со контретниот случај, но е доволен за општествениот презир. Истиот сеуште се врши преку медиумската пропагандна машинерија. Неговаш тој црн белег е сламка за спас на обвинителот кој се бори за углед и моќ. Тоа се, сеуште, слабости на смртната казна.
Филмов слободно можел да се вика и 11 аngry men and Antonio Moloshoski.
Вообичанено се држам настрана од овој форум, многу ретко пишувам рецензии. Оваа дојде спонтано, иако филмов го земав од листата на првата страна, да не вредеше, немаше да го рецензирам и мислам дека не ставив премногу спојлери. Ако има, слободно нека ургира модераторот.
Филмов вреди секоја изгледана минута, многу ми се допадна.
4/5.