Untitled 31 Movie Per Day Challenge

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.315
14 ден

17, https://letterboxd.com/film/fourteen-hours/ 14 саати, добро филмче летна брзо а цело време се дешава како phone booth држ недај.
18. https://letterboxd.com/film/saturday-the-14th/ прилично глуп филм овој не би го ставил ни во Ц продукција,нова кука мистериозна книга кој навдоно може да го уништи цел свет, ама стапува у сила мали џо и спасува светот.
19, https://letterboxd.com/film/14-blades/ репризиран, сите сакаат да го победат Џини Веи но тоа некако не им успава добро боречки вештини добра забава нуди филмов за мене.
20, https://letterboxd.com/film/11-14/ интересен добро што беше краток па летна брзо карма ис бич Чери
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Fourteen Hours

Држ, не дај.. одма на почеток се дознава, не е спојлер, еден младич во хотел искача на 15ти/16ти спрат на раб од прозорот и се заканува дека ќе скокне, поточно не е ни сигурен точно што сака, само дека сака некоја промена и ова му делува како излез.
Можеше да биде и поинтересен ако ликов што беше на работ ми беше поинтересен. Вака некако не ми беше до крај гајле што ќе направи. Споредните ликови исто просечни, освен еден од полицајците. А најсветла точка ми беше сообраќаецот што беше главен преговарач. На моменти досадничко ама генерално гледлив и сосема ок, 6,5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The 15:17 to Paris (2018)


Вистинска приказна за 3 другари кои ќе спречат терористички напад во воз кој патува од Амстердам до Париз. Главните актери се всушност самите дечки коишто учествувале во настанот.
Ова го дознав откако го изгледав филмот и да бидам искрен воопшто не приметив лоша глума, уште помалце па дека се работи за аматери и луѓе што никогаш не биле на филм.

Види, филмов е на Клинт Иствуд и има многу лош рејтинг и прием од публиката. 5.3 има на имдб и јас мислев којзнае што лошо ќе гледам. Воопшто не беше така, океј се замерките што ги земал самите ликови наместо глумци ама сме гледале и поглупи филмови со поглупи актери аматери.

Точно е и дека е малце досаден и неинтересен пошто ова се анонимци и немаат некој интересен животен пат за да не држи заинтересирани едно саат време колку што трае нивната приказна. Интересна авантура кога ќе тргнат на патување во Европа, претходно нивното детство и годините кога 2ца од нив се зачленуваат во армијата.

1 ипол саат трае, неам никаква замерка, не мора сите биографски филмови што ќе се снимат да бидат за некои многу познати ликови кои направиле многу поголеми дела од ова. Некогаш и ваквите тивки херои заслужуваат свое внимание и почитување. Дечкиве спречиле масакр од над 500 жртви сигурно, на свои 23 години. 554 луѓе се возеле во возот. Многу присебност и свест поготово кај ликов со зелената маица кој спаси ранет човек од сигурна смрт.

Стварно не ја сфаќам 5.3 оценкава од големите експертски критичари. Па оној Сорентино напраи филм за сам себе со предосадно детство шлепајќи се на туѓа слава, пола свет падна у несвест.
Овие херои овде добиваат вакво мизерно внимание.

Со поштовање се гледа кон Клинт Иствуд и неговата работа.

5 ѕвезди ќе му дадам за инат на сите.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Article 15

Проблемите со класните разлики во Индија прикажани преку динамичен криминален случај кој го води тазе незатуцан млад командир. Функционираше добро и од двата аспекти.
Немам нешто многу Индиски филмови гледано, ама како главна тема преовладуваат тие нивни касти и социјалните разлики меѓу нив. Имаше една смешна сцена кога секој од полицајците објаснувше од која каста е и колку му е висока или ниска по статус. Очигледно голем проблеми и ова најмногу го чувствуваат "пониските".
Крими аспектот и истрагата исто солидни. Сакам ситуации кога доаѓа нов човек и им го руши секојдневието на останатите и се обидува да направи нешто според негови принципи. Малку проблем ми беа имињата, често се збореше за ликови што не се у сцената и понекогаш не можев да ги поврзам. Преовладуваше мрачна атмосфера и музика. Главниов лик погоден и со глума и со се.
Постерот лаже, прави да делува ко евтин филм, а не е... Стаклена 8/10.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.315
15ден

21. https://letterboxd.com/film/article-15/ у споредба со гранде ја и те како имам изгледано бааги индиски филмови,за филмов к.р ги боли за некој ако исчезне животот им иде понатака, дал силувале убивале, добра приказна имаше филмов све корумпирано у пм бетер од нас се.
22, https://letterboxd.com/film/the-1517-to-paris/ прилично досаден и ако е по вистинска прикаска.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Sweet Sixteen (2002)


Па и не е баш sweet.
Негде у Шкотска, 15 годишниот Лиам бара начин да заработи пари за да си дозволи пристоен живот за себе, сестра му која има мало бебе и мајка му која е во затвор и на некој начин врзана со нејзиниот дечко кој е дилер и преку неа продава дрога во затворот.
Лиам и неговиот другар џинџер влагаат во криминал се со цел да заработат брзо и многу.
Другарство, љубов, инает, предавства, неправди, криминал, тешки времиња, улица, сиромаштија.

Јас многу сакам ваков тип на филмови, британски, од тоа нивно кризно време 80-90ти каде улицата и криминалот владееле и многу генерации остануваат изгубени во тој вртлог од криминал, дрога, сиромаштија и беда.

Многу лош наслов има филмов, одава впечаток ко да е нешто тинејџерско лабаво а уствари е многу подлабоко и посурово. Го немав сретнато до сега, потценет филм би рекол.

4/5
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Sixteen Candles

После работа се решив полесно нешто да глеам и овој ептен се погоди. Лабаво до максимум, ненападливи ликови, добро хуморче.
Тука за разлика од горниот филм, проблемот на девојчето и е неоформената женска фигура, момче што не знае дека она постои и семејството што заборава да и честита роденден.. close enough.
Инаку слатко девојчето, добар лик беше и еден гиковски фраер.

7,5/10 што е многу боље од хоророт вечер исто шо го глеав, Champions League, round of 16, јуве-виљареал... 0/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Edge of Seventeen (2016)


Прво мислев Сталаг 17 да го гледам, ама некако тешко ми иде да се навикнам конечно да почнам да гледам стари класици во црно-бела боја. Били Вајлдер има милион добри филмови и го оставам за понатаму, коа ќе ми дојде желба за класици.

Другиот избор падна на овој, тинејџерска драмедија за едно 17 годишно девојче кое не може да се навикне дека нејзината најдобра другарка е девојка на брат и со кого имаат отворена војна уште од самото детство. Девојкава премногу драматизира, паничи, не знае што со себе, не знае да се понаша во друштво, малце ко асоцијален тип делува, не приметува симпатии према нејзе и слично. Дечишта.

Го знам девојчево од True Grit на Коеновци, плус пред некое време почна ничим изазвана да ми се појавува на фејсбук.
Не е лош филмов, таман е за тепање време а можеби и не. Ме фаќа нервоза више, мразам филмови.

3/5
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Seventeen

Лесно и релативно предвидливо on the road драмиче за огорчен 17годишник, обновување на братската љубов, баба(незавиткана во тепих) и моќта на кучињата.. 7/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
18 Presents (2020)


Каков мртов избор имаше за денешниов ден. Ќе требаше испод 6 рејтинг да гледам нешто. Овој шпиунски го начекав синоќа, на летербокс у активност кај гранде видов го стаил на вочлист и го украдов. Па топ, супер испадна.

Италијанска драма за една мајка што бира 18 поклони за ќерка и којашто никогаш нема да ја израсне, бидејќи патиштата ќе им се разидат на породувањето.
Ја гледаме ќерката како расте и како се наближува нејзиниот 18ти роденден. Бунтовник ко и повеќето тинејџери, не се согласува и не го слуша татко и.. додека не се освести во еден момент.
На почетокот става еден знак прашалник и чекаш некое време да видиш што се дешава, арно ама нема плот твист и прашалникот те носи до самиот крај на филмот, не дека треба нешто посебно да погодуваш или да те зачуди, јасно е што се дешава, само ете, на таков начин е пренесена една убава порака.
Добар филм, не е лош, убав, доста позитивен и емотивен.
Убава е девојкава, нека и е со среќа моето заследување на инстаграм.

3.5/5
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
18 Presents

Генералната содржина ја има кажано Телфорд, јас ќе додадам дека ова е филм што оди скоро all in на сентиметалност и во принцип ваков тип на филмови бараат со сила од гледачот да биде трогнат и да пушти некоја солза. За среќа не беше скроз така во случајов. Односот меѓу мајката и ќерката беше внимателно и топло прикажан, поготово ликот на мајката беше одлично и со доза на суптилност одглумен за да не дојде до тоа чувство на исфорсирана сентиметалност. Исто и ќерката беше супер. Таткото онака.
Порака која е многу пати видена но сепак убаво прикажана на малку поинаков начин.
Ми изнуди и мал излив на емоции во пределот на очите, доволно за 7,5/10.


Каков мртов избор имаше за денешниов ден. Ќе требаше испод 6 рејтинг да гледам нешто. Овој шпиунски го начекав синоќа, на летербокс у активност кај гранде видов го стаил на вочлист и го украдов.
Пола саат барав вчера.. и за овој имав сомнежи ради плотот на летер али за среќа добро испадна :D
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.315
18den

24. https://letterboxd.com/film/18-bronzemen/ 18 bronzemen
90посто боречки вештини и 10посто дијалози
не беше лош,приказна за мало дете по што останал без родители на 2годишна возраст и баба му го носи кај будистите пошто не може да ги изджува и така он вежба вежба ама има како некој тест за да пројде да победи 18 лимени луге или бронзени и така тој се мачи ли мачи, но моментов го вракав многу пати
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Table 19 (2017)


После мртвилото што ми го приреди Интер денес, ништо не ми се праеше вечерва.
Секако имаше мртов избор за денес па го избрав овој ко најкраток.
Комедија некоја безвезе, за тепање време.
Добра екипа собрана ко што може да видите од сликава. Стив Мерчант е многу смешна појава првенствено, покрај хуморот што го пласира у комбинација со Рики Џервејс и нивните серии.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Грешен филм изглеав... :facepalm: Ставив во петокот за 19 и 20 во вочлиста, си симнав за 20, го изгледав сеа, одам да го логирам глеам џонтра го логирал Тејбл 19 и сфатив шо напраив... Утре ќе пермутирам.

Twenty Years Later

Од трите можни кандидати го избрав овој поради огромната оцена од 4,6 на Летер (имдб 8,4) иако од помал број на луѓе.

Режисеров во 64та почнува да снима игран филм за еден убиен лидер на "селански синдикат" во регион во Бразил, убиен во 62ра, и на сред снимање им доаѓа војска и апси, конфискува, прекинува снимање. Меѓу глумците се и жената на лидерот која се глуми самате себе..
Во 81ва, после промена на власта, режисеров се враќа во истото место, и на дел од глумците/локалци им го покажува снимениот материјал, спасен од конфискација. Навираат спомени, анегдоти и слично. Се збори паралелно и за тоа селанско синдикално здружение. Ама документарецов најголем фокус има на жената на убиениот лидер и нејзината судбина и судбината на нејзините многу деца после настанот во 64та. Овој дел е и најинтересниот.
Сѐ ова е поставено во првите минути, не е спојлер.

Важно како што одминува се повеќе те внесува и заинтересирува за темите. Квалитетен документарец. 8/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
I Was Nineteen

Последните денови од втора светска војна, прикажани преку 19 годишен Германец кој на 8 години со семејство пребегнува во Русија и сега е дел од црвената армија.
Многу реалистички делуваше сѐ во филмов, смирен тон без разлика на ситуациите, после видов дека режисеров уствари го поминал ова и сценариото е базирано на неговите дневници.
Дечкото многу убаво изглуми. Уживав во камерата и монтажата.
Кој си бара филмови за WW2 обавезно да го ѕирне овој.
8/10

01:08:05, нашиот тутун го биел добар глас
 

Kajgana Shop

На врв Bottom