Born on the Fourth of July (1989)
Роден на 4-ти јули е вистинска приказна за Рон Ковик, воен ветеран од Виетнамската војна кој останува инвалид во една битка и од горд патриот и војник спремен да умре за државата, станува голем противник и бунтовник во антивоени протести негде у САД.
Суштински филмов има што да каже, во денешно време тоа веќе ни е познато на многумина и не само во тема војна туку и во другите сфери од секојдневието. Ако веќе не си способен да го работиш тоа што си го работел, никој нема да те гледа и сожалува туку ќе те тргне на страна.
Така е и тука, Рон Ковик, уште на 10 годишна возраст почнува да се задојува со патриотизам за веќе на 20 да се приклучи на маринците и да замине на мисија во Виетнам. Од денешна гледна точка лесно е да речеме, види го глуп, за идеале гину будале, седи си дома и трај си. Но, во тоа време мајндсетот на луѓето бил малце подруг.., Уствари што зборам бе, па пред 4-5 години кај нас имаше ликови што повикуваа на граѓанска војна, сеуште има ликови што повикуваат `нека пукне веќе брат да ги истераме шиптариве од тука`. Па и моментално што се дешава во Украина.
Рон во една битка е сериозно ранет, останува парализиран од половината надоле и докторите му кажуваат дека веќе никогаш нема да прооди, нема никад да има деца и да научи да живее како инвалид, во количка.
Рон е ментално јак и горделив дека ете, дал жртва за државата, дека е патриот, дека е американски син.
Реалноста полека полека почнува да го освестува, приметува дека никој не го сожалува, ниту пак на некого му е гајле што он останал инвалид во војна и така влага во една депресивна фаза каде губи правец во животот.
Набрзо потоа станува бунтовник и демонстрант во антивоените протести против Никсон тоа време.
Ви текнува на тој лутенантот од Форест Гамп? Епа мислам дека неговата приказна е позајмена од Рон Ковик.
Вака на читање е океј филм а на гледање е малце досаден, поентата е таа, само што некако, nobody cares, сфаќаш. Не е толку битен и историски познат лик војников за да се потрошат милиони и милиони долари на правење филм за неговиот живот. Досадно и небитно беше да се гледа.
Имаш добра поента и приказна, напрај појак антивоен филм а не од 2:25h, саат ипол да го глеаме детството, матурата и уште пар небитни ствари на човеков.
Jacobs Ladder би го спомнал на темава пост Виетнам и воените ветерани од таму.
А на овој би му дал оценка 3.5