Има разлика од досаден и досаден. Има досадни филмови што ме нервираат и што го тупат.
А овој ми беше досаден на моменти, во некои делови. Емотивно не ме погоди пошто рано сфатив што му е поентата, а и некако ми беше ту мач сето тоа.
Јас сам на себе сум си енигма за рејтинзиве, верувај. Некад сам се чудам кога објективноста ќе ја победи мојата избувливост па така ќе дадам 4 наместо 2 рецимо.
Последниот филм на еден од режисерските великани Џон Форд. Таман за 8ми Март филмов.
Христијанска мисија во Кина некое затуцано место, учат, шират зборови Божји у еден ко мал имот и чекаат да им стигне доктор. А у околина е хаос со некоја банда Монголска.
Докторот е Anne Bancroft (г-ѓо Робинсон, се обидувате да ме заведете..) и малку им ја таласа водата со нејзините ставови, дејствија и нихилистички поглед кон светот. Едно големо за неа, многу ми легна нејзината изведба и лик. И споредниве беа добри, ама она сама му донесе 8ца кај мене иако реално е јака 7ца. Како што идеше кон крајот и сфаќаш што ќе направи нејзиниот лик, ми стануваше се појак филмот и на крај бев прилично допрен.
Многу теми во позадина начнати, ама главно за храброста, жртвувањето, делата се поголеми од зборовите.
Мојата почит уште еднаш за г-ѓа Банкрофт и одјавувањето на Џон Форд.
Убава емотивна драма со Вил Смит и Росарио Досон во главните улоги, и малце Вуди Харелдсон.
Не би сакал и јас да откријам што е поентата на филмот иако режисерот не ни има намера да го сокрие тоа. Јас го сконтав уште во сцената кога Бен изнајми соба во мотелот и го отвори весникот.
Со оглед на тоа што е чиста драма не очекував некој пресврт и нешто неочекувано, само чекав да видам дали е тоа тоа.
Бен е човек што навидум случајно влегува во животите на рандом луѓе и им помага односно сака да им помогне на истите. Приказната е повеќе централизирана на неговиот однос со Емили и нивното постепено заљубување. Покрај тоа следиме уште 2-3 приказни кои не добиваат толку многу внимание.
Мене тие делови некако ми сметаа пошто одзимаше од времето а јасно беше дека режисерот сака да не вовлече во љубовната романса помеѓу овие двајца што следи во продолжение.
Не ми сметаа толку многу колку што го трошеа времето а не беа нешто особено разработени.
Јас на друг начин би го изиграл ова, со мала доза на мистерија. Ама, идејата на режисерот е сосема друга и не сака да го гледате филмот само за да го дочекате плот твистот односно за да ви се разјасни нејасното. Кој ќе сфати рано ќе продолжи да го следи истото а кој не, ќе биде изненаден. Има погодок тука и во двата начина.
Спор тек има филмот, чиста драма и доста емотивен приказ на една морална одговорност.
Искрено мене ми беше малце досаден и не ме допре нешто посебно емотивно. Ама поштувам.
Неам многу филмови изгледано со Вил Смит али од секад сум го ценел, 3 филма иам изгледано со него и во сите три бил супер. Росарио Досон ми е многу секси појава.
На истава тематика ми текнуваат уште два филма во различни жанрови.
Комитава ги нема гледано, бар според летербокс и сеа се мислам дали да му откријам или да чекам да заборави и некако да му го подметнам вториов филм во спојлерот.
Ќе ги стаам у спојлер (а и за вас што го немате гледано филмов погоре, да не ви се упропасти) па ако сака нека ги отвори, само што едниот е со плот твист и ќе му се уништи дојамот.
Hard Eight хехе утре може да го глеа.
Тука преку крими трилер ПТА ни прикажува една грижа на совест и исправање неправди од минатото.
Другиот прејак филм и еден од моите омилени е The Machinist
Каде преку мистерија и плот твист ни се разјаснува состојбата во која се наоѓа господинот Кристијан Бејл.
Гледани ми се Hard Eight и The Pursuit of Happyness. Одлични се и двата филма. На овој вториов искрено се убив од плачење кога го гледав. Немав LB тогаш па не ми е логиран. Маестрален филм!
Јас малце избегав од списокот и го изгледав Four Lions, не ме фаќаше око за ниту еден од тие понудени, а овој го знам од Филм Клуб едишон 2, го имав испуштено.
Ahhhhhhh my cup of tea!
Слаба точка ми се британските филмови, хуморот ми е врв. Обично не сакам многу многу комедии, ги гледам така некогаш колку да гледам нешто feel good или па мислам дека ќе ми направи feel good. Ретко кога и се смеам многу, али британскиве ме цепат.
И филмов не заостанува.
Гледаме идиоти со вкупно една мозочна клетка меѓу нив кои се стремат да станат терористи и да се разнесат за каузата. Сатирична комедија со пресмешни дијалози и пресмешна глума од Александар Митрович aka Kayvan Novak. Интересно е што како одминува филмот, ми стануваше се повеќе и повеќе жал за нив, така да има и мал character development.
Никад не сум слушал рап али Еминем од секогаш сум го поштувал и едноставно не постоеше дете што не го знае, што немало негов постер од Наш Свет, и што не му бил омилен легален порнич спотот за Ес лајк дет.
И филмов беше популарен на времето, редовно се вртеше низ локалните телевизии како Едо, Скај нет и ним слични. Али никад не ме повлекол да го глеам.
Немаше ни сеа, да не беше денов.
Еминем убаво си го изнесе ликот, ме изненади глумата, ништо посебно рака на срце ама за деби настап на филм од музичар и тоа како е добро.
Има делови од неговиот приватен живот тука, неговите почетоци во рурален Детроит 95та, во гето каде рапот воглавно е црнечка музика и неговото пробивање на рап сцената. Џими Смит Џуниор или Зајакот како што го викаат другарите, млад дечко со несреќен и сиромашен живот, талентиран за рап, живее со мајка му која има дечко кој е генерација со него, и малечка сестра. Проблеми, сиромаштија, гето, црнци, музика, рап дуели, Британи Марфи, Ким Бесинџер, Луз јорселф, Оскар за најдобра музика.
Дебитантскиот на ПТА, се гледаше на моменти дека му е прв долгометражен, ама му се гледаше и талентот и со режијата и со сценариото. Стариот супер изглуми ко човек што сака да се искупи за некои работи од минатото, добри беа и другиве, солидна актерска екипа собрал.
Стишана крими/драма што ме бендиса, 7/10
3. https://letterboxd.com/film/eight-men-out/ Eight men out не беше лош ко за безбол филм добра екипа собрана, уцени местење натпревари и други работи.
4, https://letterboxd.com/film/1408/ 1408 репризиран и одличен хорор за писател што ги исмејува духовите све додека не стигне у хотелот у Њујорк во Dolphin хотелот у соба 1408.
Метју Пери, Брус Вилис, Аманда Пит, црнецот од Зелената миља, Росана Аркет.
Мислам дека во овој филм Брус Вилис изгубил некоја кладба од Метју па затоа морал да се појави у тие една-две епизоди од Френдс.
Крими трилер со комичен тон сместен во Канада каде заболекарот Оз (Метју Пери) кој живее во несреќен брак и си го мрази животот ќе се најде во еден крими трилинг помеѓу Џими (Брус Вилис), неговата жена и негов поранешен соработник кого го има предадено. Во игра се 10 милиони долари.
Сплетки, намештаљки, заебанции, љубов, едно друго. Интересно, брзо се гледа, позитивен филм таков лабав за тепање време. Брус Вилис го бива за комедии, Чендлер е Чендлер а Аманда Пит е преубава.
Fun fact, поради филмов Брус Вилис се појавува во Френдс како гостин и тоа за без пари отако изгубил кладба со Метју Пери дека филмов нема да доживее успех на премиерата или нешто така беше знам. Брус се кладел дека ќе фејлне, а Метју обратно.
Почнат во 11:30 пошто глеав Реал и плус патот до дома.
Чешка фантазија/бајка со многу убав саундтрак и на моменти изненадувачки убава сценографија, со оглед на тоа како почна филмот и на кои локации.
Сиромашен младич влегува у комбинација да ја спаси принцезата на која и се случуваат чудни работи.
Ми се свиѓаше како во мирен и ведар тон си тераше филмот, со интересни ликови, иако некои можеби беа на граница да бидат пародични.
Убаво е да се види ваков тип на филмови надвор од мејнстримот дизни/амерички бајки. Ме потсети на уште еден Чешки во сличен стил, тој и повеќе ми се допадна, идеален за зимско гледање, Three wishes for Cindarella.
Една жена ќе доживее сообраќајна несреќа и ќе се најде врзана со ланец во едно засолниште каде домаќинот кој ја спасил и ја чува ќе и објасни дека тука е за нејзино добро бидејќи надвор има нуклеарна катастрофа и се живо е изумрено, воздухот е контаминиран а се работи на тоа да секое живо суштество што некако успеало да преживее, да се уништи. Покрај нејзе има уште еден лик, истотака спасен. И прашањето е кој е во право, дали има вистина во тоа, дали домаќинот е луд, борба за спас, сомнителни ситуации.
Хорор трилер со Џон Гудман и Мери Елизабет Вајнстид, гледлив е, не замара, интересен е во голем дел, остава неизвесност и сосема океј трилер моменти. Крајот малце не ми се свиѓаше ама би го пофалил со оглед на тоа што е надвор од клише завршниците на ваквиот тип на филмови.
11,https://letterboxd.com/gabieva/film/ten-little-indians/ !0 little indians е ова ме изненади добра крими мистерија негде сместени во Швајцарија во замок сами на себе оставени 1 по 1 ги снемува не се знае кој е правиот убиец.
Ова е адаптација на And Then There Were None на Агата Кристи. Ако го сакаш овој whodunit жанр, мислам дека @grande-juve може да ти помогне со препораки
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.